Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. princess3

    princess3 Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Иначе јас пијам три пати на ден по 4 :D
     
  2. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Кога бев мала пиев пивски квасец со цел да се здебелам ама тоа кај мене не функционираше ... Јас си купив бекутан шампонче, си купив Б1, Б2 и Б12 ампули ... по три, и ги ставив во шампонот вкупно цената ми доаѓа 130ден и имам за еден месец, косата ми е помека, не ми се масти толку и забележувам дека расте ... Кога го ставам на мене малку и го масирам темето на главата. Мој совет е да пробате :) :*
     
  3. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Па и баш е скап да ви кажам, но јас сум спремна да дадам и толку пари само да ја средам косата бидејки многу ми е тенко влакното и косата ми е ретка.
    Незнам колку ефикасен би бил?
    Вие што мислите? :^)
     
  4. sweeeeet

    sweeeeet Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    I jas isto imav problem so rastenje na kosata pa resiv da koristam ricinusovo maslo , mene nogu mi pomogna ne mi e retka kako sto bese , mi porasna , kako da ne e kosata sto ja imav celosno se smeni . Vi preporacuvam na tie sto go nemate probano probajte nogu pomaga :*
     
  5. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    77
    А едно прашање. Пивски квасец и б-комплекс е едно исто ? :)
     
  6. princess3

    princess3 Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Б комплекс содржат пивски квасец а овие другите се целосно на база на пивски квасец
     
    На Tearful му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    89
    Скоро исто... пивскиот квасец ги содржи сите Б витамини освен Б12 а од минерали има хром и селен. Значи содржи Б1 (тиамин), Б2 (рибофлавин), Б3 (ниацин), Б5 (пантотенска к-на), Б6 (пиридоксин), Б9 (фолна киселина), и H или Б7 (биотин)
     
    На Tearful му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    фрлетесе на Бедоксин тие се за кожа коса и нокти делуваат само треба време и упорност ;)
     
  9. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Озбилно Бедоксинот делувал за коса и нокти? Прв пат слушам :D
    Јас често го пијам заради здравствени проблеми. А инаку имајте во предвид дека Бедоксинот отвара апетит. Доктор ми го кажа ова.
     
  10. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Јас пиев бедоксин редовно апетитот ми варираше, некогаш имав зголемен апетит, но имаше период кога немав ич, но чувствувам дека организмот ми се презаситил и како да не ми делува воопшто, па така на интернет случајно прочитав дека една банана и чаша млеко делуваат дури и подобро од бедоксин, самата банана ги имала сите Б витамини, а во комбинација со млеко дава голема енергија, башка делува на коса, кожа и нокти, еве веќе една недела тоа го практикувам и гледам дека има врска, косата ми е чудна, некако појака.

    Во ред е што ги зимате тие таблети од пивски квасец но треба паузи да се прават како и од сите други производи и таблети, ете има природни а сепак здрави комбинации кои се поевтини и ефикасни.

    Третманот со ампулите во шампон го практикував и јас, не беше лошо но некој ми кажа дека со тоа се разредува шампонот и така нема никаков ефект, незнам, наводно подобро ампулите да се ставаат во некоја домашна маска или директно на косата па да се измијат, додека го применував овој третман косата ми беше појака и подобро растеше, не ми се мрсеше често, но ми беше сува многу и добив првут, затоа и го прекинав.
     
  11. la.parisienne

    la.parisienne Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    172
    Јас ја миев со шампон од коприва, и пред да почнам да го правам тоа, купив 2 ампули Б комплекс, и ги вбризгав во шампонот. И така се миев додека не ми се потроши шампонот ( од оние едно литарските беше ) , тоа траеше два месеци, и за тие два месеци косата навистина ми порасна некои 10 цм, јас бев шооокиирана. :D

    Повеќе не се мијам, бидејќи немам потреба, тогаш ми требаше итно подолга коса за матурата.

    Но, го препорачувам методов, мене ми помогна.

    Сум слушнала дека некој коњски шампон помагал, бил околку 1000 или 2000 денари, незнам точно, ама не сум пробала, и нема во блиска иднина! :D
     
  12. beautysk

    beautysk Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Јас не сфатив :) дали ампулите Б6 се ставаат после миењето со шампон или заедно со шампонот ?
     
  13. shururup

    shururup Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    36
    Мала промена! Место да ја труете косата со тие ампули, земете авокадо, мед, јајца, масла и потхранувајте ја косата! Содржат витамини кои се корисни за косата :) Јас моментално имам ставено авокадо, измешано со банана и мед. Ке подржам некое време и ке измијам :)
     
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.346

    Да не е многу 10 цм за два месеци?
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јас си користам се различни шампони и не правам ништо посебно веќе и доста ми е порасната. Значи џабе се и јас така пробував шампони, масла, ампули, пивски квасец, триста глупости се испофрлав пари и што? Никаков посебен резултат не видов, може и дека не ги користев постојано не знам абе не се замарам, самата по себе ми порасна.

    Ако видам испукани и климави врвчиња или па расцветани со прсти го кинам оштетениот дел, онака од занимација си го праам тоа, секое миење процедура по протокол убаво со шампон и обавезно регенератор или маска, моментално ставам маска за коса на изцедената коса и оставам да отстои малку и мијам. Внимателно чешлам, не ја сушам или само кај врвовите колку да не ми се цеси и толку. Мазна ми е, а ја пеглам едно добри 3 пати неделно, како што си ја пеглав значи не намалив со тоа, не се откажав од тоа и пак ми порасна. Иако исушени ми се врвовите, од коренот ми расте најнормално и си порасна. После одмор, негде во август ќе ја шишам по долго време скоро 2 години и така.
     
  16. kuklicka

    kuklicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    9
    Ги читав сите коментари и не ми е јасен начинот на нанесување на рициновото масло... значи го клавам на коренот само, ама директно од шишенце? или растворате во вода... оти ако го клавам директно без раствор само на коренот... тогаш едно шишенце мене ќе ми трае 2-3 недели
     
  17. sashka8

    sashka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Јас ставав рицинусово масло само на коренот...како да се фарбаш, ама многу е тешко да си ја измиеш косата потоа и се откажав :)
     
  18. kuklicka

    kuklicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    9
    Aха ајде ќе пробам некој период :)
    ајде да ја искористам приликава секако пишував, да споделам мислење. Гледам дека има многу феминки шо се опседнати со растот на косата...според мене едно и основно... неможи ако генетски вашите родители, баби дедовци немале густо,сјајно влакно, да очекувате да имате вие прекрасно влакно на кое ќе ви завидуваат сите... друго... сите тие маски,масла,ампули неможат целосно да го сменат влакното, тие можат да допириносат за текстурата на влакното, значи за нијанса две да се подобри, но не очекувајте тотална смена на влакното... сепак потсетете се на гените шо ги имате( првото и основното шо го пишав) ЗНАЧИ не сум против нив, сепак се витамини,лошо неможиш од нив да видиш, али сепак неможат да направат тотална смена на влакното..
    и тоа што зборувате за должината на влакното... влакното во просек расти 1 цм... да неречам 1.5цм.. и покрај сите работи што ги клавате на косата може да порасни до 3цм реално... но НИШТО повеке
    и неможи за месец дена да има резулат, сепак влакното треба да се навикни на тоа .. за 3 месеци упорност можи да има резултат, но за жал не е како шо очекуваме.
    Не го пишав ова за да ве разочарам, но ако реално си прајме муабет размислете и ќе видите дека е така, и јас сакам да имам долга густа и свилена коса...т.е која не би сакала :)
    го користам рициновото масло некој ден...па понатаму ќе ви споделам мислење поззззз
     
  19. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Јас пред 2-3 дена бев на фризер и ја прашав фризерката што да користам за да ми порасне побрзо косата и таа ми рече субрина шампон против опаѓање 200 ден бил еве слика како изгледе што мислите има ли ефект ??
     

    Прикачени фајлови:

  20. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    За опаѓањето ефект има, но нема за растење побрзо. Зато шо јас го користев зато шо ми паѓаше косата ама не ми растеше побрзо. Користев и уште едно од собрина за од како ќе се искапиш ... Не расти побрзо, не пробувај :)