Не разговараме за да ја смениме текстурата на влакното или нешто слично. Разговараме за побрз раст на косата каде што секако дека е генетски ама може да се придонесе со нешто. СО ништо неможеш да го смениш влакното а и никој тука тоа не го побара ... Витамини како витамини секако дека побагаат во подобрвање на косата ... без разлика на каков начин
Јас порано ги пиев Мерц дражеите континуирано во период од 6 месеци и косата никогаш не ми била поубава! Ми се згусна (имав ретка коса), доби сјај, а воедно и ноктите и кожата многу ми се подобрија. Потоа престанав да ги користам, нели мора после одреден период да се направи пауза, а и плус скапички беа, околу 500 ден. Сега пред 2-3 месеци почнав да пијам едни други витамини за коса, и гледам дека и од нив има ефект. Не знам дали побрзо ми расте косава, претпоставувам да, бидејќи веќе после 2 недели откако сум се фарбала, морам пак, коренот ми се познава. Порано се фарбав на 1 месец. Овие ги пијам, чинат околу 390 ден. (мислам дека беше толку, не ме фаќајте за збор), а една кутија трае 2 месеци, за разлика од Мерцот, кои беа поскапи, ама се пиеја по две на ден, па траеја само 1 месец. Се’ на се’, задоволна сум и од овие витамини Инаку, ги купувам од Зегин
imam slusnato deka ricinusovo maslo pomagalo za rast na kosata i trepkite...me interesira dali nekoj ima probano i kako se koristi...???
Jaс го користам овој од Орифлејм и сум повеќе од задоволна. 2-3см отприлика месечно ми расте косата, а претходно ни 1см не достигнуваше. Фризерот мој се чудеше дури
јас денес бев во аптека да прашам за тоа коњскиот шампон, првин апткарката се изнасмеа ама да постои таков шампон 1400ден 900мл и 860ден околу 300-400мл не знам точно колку количински оти само ми го покжа тој од 900мл, исто така рече дека многу и се трошел, освен растот го зајакниувал и влакното и му давал и сјајност, ако можам да го сликнам ке поставам слика .
Од лично искуство ќе ви кажам еве скоро месец косата не ја оптеретувам со пегли,фигара,фенови... си ја носам природна а кога ми е соберена опавчето ми е лабаво се мијам со шампонот на илирија од коприви во него ставам една ампула б6 исто така по миењето правам чај од коприви и си ја плакнам косата и забележувам дека имам промени во косата посјајна и за некој сантим ми е подолга.
За растење и зацврстување на влакното на косата, јас ставам 1 жолчка и маслинов зејтин мешам се додека не стане како мајонез, нанесувам на темето и на цела коса, така држам саат ипол и после тоа мијам и дава сјај невиден. За растење на косата исто така користам АСО сапунот на алкалоид, пробав еднаш и стварно расте коса, сега пак се мијам и дава цврстина на костата.
Па Славице,како да ти кажам,практично става мајонез на главата,што од искуство можам да кажам дека е најгадното нешто што можеш да го ставиш на коса,не АСО, Сјај на Охис не те спашава од таа мрснотија! Ама стварно бе,прв пат слушам некој да мие коса со АСО сапун!
За растење и зацврстување на влакното на косата, јас ставам 1 жолчка и маслинов зејтин мешам се додека не стане како мајонез, нанесувам на темето и на цела коса, така држам саат ипол и после тоа мијам и дава сјај невиден. и после тоа цела недела смрдиш од тоа јајцата ....уууффф гаднооо
Ги имам пиено и мерц и овие другиве витамини.. ама од мрза некако престанав, а има ефект и од двата вида витамини.. од зимата почнав да пијам Спирулина таблетки, ја миев косата со Илирија Коприва, внатре ставав АД капки и пантенол и имаше ефекти.. а сега паузирам, па кај и да е ќе се навратам на истиот ритуал
- Овој е 100 денари - Овој е 25 денари Ама што знам , шубе ми е некако на коса да се ставаат.Првиот е убав за лице, го имам пробано, ама на коса... не знам навистина. Гледајте да не си ја оштетите косата од премногу ставање на различни препарати , па наместо да имате подолга коса, да кратите некој сантим од премногу експерименти
мене само бе-комплекс ми помага и ми ги зајакнува нноктите не ми се кршливи и ми се зголеми апетитот и косата повеќе ми расте.
Витамини за раст на косата Опаѓањето на косата кај мажите и жените е често сретнуван проблем кој се појавува како последица на зголемено загадување, навиките на исхрана, недоволната грижа, како и стресот. Водејќи се од различните истражувања, постојат ефективни витамини кои помагаат да се подобри квалитетот на косата и да се стимулира раст. Овие витамини треба да се внесет преку исхраната од овошјето, зеленчукот и другите растенија. Не сите витамини и протеини се од корист на косата. Витаминот А е еден од најнезаменливите витамини кој нуди многу бенифиции, меѓу кои и помага при проблеми со губењето на косата. Помага при решавање на проблемите на косата како што се намаленото производство на нови клетки одговорни за раст на косата. Помага во зголемувањето на новите клетки, а со тоа придонесува за раст на косата. Подобри резултати се добиваат кога се комбинира со минерали како цинк и силициум. Комбинацијата на овие минерали го подобрува квалитетот на лојните жлезди. Тие произведуваат лубрикант кој ја подмачкува косата и ја прави појака и посјајна. Витаминот А се наоѓа во храна која е црвена, жолта и портокалова. Покрај ова се наоѓа и во рибиното масло, јајцата и млекото. Витамините од Б комплексот како Б6, Б7 и Б12 се витамини кои го потикнуваат растот на косата. Тие работат со тоа што го подобруваат циркулирањето на крвта низ скалпот на косата. Се наоѓаат во зелечукот со темнозелени листови, житариците и пивскиот квасец. Витаминот Ц е многу важен, бидејќи неговиот недостаток предизвикува цветање на косата.
Знае некој нешто повеќе за биотинот и во што се содржи најмногу? Има ли посебни ампули со биотин или тие што се вообичаени ампули што ги ставате во шампон го содржат и овој витамин? Спојлер Некаде прочитав дека биотин е б8 витамин, а негде б7..кој е поточно?
Мене пантенолот +АД капките, во комбинација со б комплекс ампулите ми помогнаа доста. Едно време го користев и лосионот за растење на коса со хмељ мислам беше но повеќе не го користам... Сега пијам витамини за забрзување на растот на косата и ноктите...релативно кратко време ги пијам но веќе приметувам зачудувачки резултати Ова се таблетите ===:> (еве што најдов за нив)
B7 е 100% гарантирано. застапен е во многу производи но најмногу го има во блитвата, карфиолот, млечни производи сирење и млеко, јајца но само во жолчката, додека белката го уништува биотинот, боровинки , капини и други berries кикиритки, бадеми и други јаткасти плодови, црн дроб, зелен зеленчук како спањак, краставици, кромид итн, лосос и тоа одприлика би биле најбогатите храни со биотин или Б7.