Јас користев рицинусово масло подолг период. Го нанесував на цела коса со чешлање, и го оставав по час, час ипол, да отстои, па го миев. Дека го убрзува растот не сум баш сигурна, ама косата ја прави помека, свиленкаста. Се препорачува за сува коса, бидејќи благодарение на рицинусот се задржува влажноста на косата.
Баш вчера зазборевме со мајка ми за побрзо растење на косата, и она ми кажа дека некои нејзини другарки од средно ставале шпирт на косата за побрзо растење. И јас ја прашав дали помагало она ми кажа демек кој ги знае... Има ли некој искуство со шпиртов. Бај д веј не ги пролистав страниците на назад може некој имаше напишано.
Го имаат пофалено рицинусот за раст низ темава, да се става на коренот со масирање и да се остави така половина час или час пред миење. Инаку ме интересира кај најдовте по 15-20 ден. ампули бевиплекс, јас неколку аптеки поминав и сегде по 30 ден. беа од галеника и плус со некоја водичка оделе ми кажаа?
Во последниве три години многу бавно ми расте косата. Може да ми дадете некој совет за да забрза растот, само не таблети! Благодарам позззззз
Само неколку страни наназад да разлисташ низ темава, не мора сите 250 страни и ќе ги најдеш советите.
Еве што најдов гуглајќи, copy - paste: Доколку сакате да го поттикнете растот на Вашата коса или имате проблем со опаѓање и ретчење, правете го тоа на сосема природен и здрав начин. Различните растенија можат да зголемат природниот процес на раст на косата. Сите тие го зголемуваат протокот на крв во скалпот на главата и така го осигураат и гарантираат процосеот на раст и зајакнување на косата. Зелен чај Одличен препарат за брз раст на косата, бидејќи содржи многу антиоксиданти. Можете да го пиете, користите како шампон, лосион… Компир Водата во која го варевте компирот никогаш не ја фрлајте. Со неа можете да ја исперете косата, а потоа нанесете го Вашиот омилен шампон. Масло од грозје Топлото масло од семките од грозје втрлајте го во косата пред спиење. Правете го тоа 2 до 3 пати неделно. Резултатите ќе бидат изненадувачки. Неверојатна успешност и кај мажите кои имаат проблем со опаѓање на косата. Маска од јајца Помешајте едно јајце со 50 грама маслиново масло. Мешавината нанесете ја на косата, замотајте ја косата со фолија и оставете да дејствува еден час. По тоа исперете ја косата со благ шампон и нанесете балзам. Применувајте ја оваа маска еднаш неделно.
Дали некој го користи направениот шампон од коприва и други состојки (АД-маслени капки, капки од коприва, пантенол раствор и ампули бевиплекс) и колку е задоволен? Дали има ефект? Јас почнав да го користам, но забележувам првут. Не знам дали е од него и дали да продолжам да го применувам... Дали и кај некој друг се јави првут од употребата на овој шампон?
Јас секој ден си пијам зелен чај и пред една недела се вратив од одмор. Вчера се истрижав. Косата во принцип брзо ми расти без да користам витамини или некои други помагала. Сакам да пробам сега онака од љубопитност да сварам коприва и со водата да си ја измијам косата. Така планирам да правам барем еден месец и да видам дали ќе има некакви резултати. За најдобро заприметување на истите косата треба да се носи фатена многу често и по неколку месеци да се види колку пораснала. А оваа маската со грозјето многу интересна ми се виде
srce abe ova e za trudnici za da go zadrzat plodot, koj ti kaza vakva rabota da, taka nema da ja gledash dali raste ili ne i koga ke ja pushtish OOOO
Почнав веќе 3-4 миења да го практикувам со шампонот од коприва и бевиплекс ампули во него и по моја процена пркна 1 цм за 2 недели, но за конечни резултати ќе почекам уште 1 месец бар за да не испадне дека е пласибо ефект работава Ја мијам на 3 дена значи без претерување, но морам да кажам дека мана е што многу ми се заплеткува косата и не можам да се исчешлам така да ќе морам да земам дополнително средство за да немам таков проблем.
srce abe ova e za trudnici za da go zadrzat plodot, koj ti kaza vakva rabota znam, znam ama demek pomagalo epten, e sega jas zato si prashav nejkam da si napram problem so zdravjeto) fala sepak*
Јас пошто читам дека за косата се потребни б витамините си земав мулти витамин шумливи таблети во кој што ги има речиси сите б витамини. Се пијат по едно на ден (веројатно знаете) ако има некои резултати ек ви пишам.