Па токму така и се користи рицинусово масло, само ќе ја обвиткаш косата со најлон кеса, добро ќе прицврстиш да косата се успури, така рицинусовото уље има поголем ефект, може и малку да загрееш со фен врз така обвиткана коса, доволни се едно 5 минути, повеќе не. Еден саат се држи и плакне.
Купив сега капсули со пивски квасец 100 капсули ќе прикупам уште утре задутре,само не знам по колку треба да пијам на ден ако знае некој,го молам за помош.. И не сфатив како може косата да се мачка со шивски квасец,да се растворат таблети или има некој посебен квасец со пиво?
девојки, сакам да купам пивски квасец ама се пласам да не се здебелам зошто почнав да се здебелувам(не којзнае колку)ама сакам да ослабам а висока сум 1.72 и имам 54 кила па препорачајте ми некој таблети пивски квасец од која фирма, колку пари се и во која аптека ги има во скопје да земам но не за здебелување туку за слабеење ама незнам од кој да купам пошто има и за деца да им се отвори апетитот а јас имам 14 год. и сакам да ОСЛАБАМ!!! фала ви однапрет...
Ја имаш доста промашено темата, бидејќи е за сосема друга дискусија според насловот, па посоодветно е да прашаш во темите за диети или конкретно темата за пивски квасец. Сепак на таа висина и килажа сакаш да бидеш уште послаба? Ти си доволно слаба и имаш дури и фора да ставиш уште некое килце и гледај да си ја одржуваш тежината така на здрав начин, немој да се оптеретуваш со диети и додатоци за слабеење на 14 години, бидејќи реално немаш потреба од такво нешто и сеуште си во развој. А за посебен пивски квасец за дебелеење и за слабеење не сум слушнала до сега ама ако решиш да го пиеш, пиј го заради другите позитивни ефекти кои ги носи.
девојки сакам да прашам дали од ова ми се фарба косата. Јас го испробав и не ми се офарба но ми беше многу мека и права ама сакам да знам дали ке ми си уништи по неколку недели????
Сунфемина, има Биотин од Диетфарм во Зегин, 170 ден. за пола месец, се пијат по една таблетка наутро и навечер.
Jaјцее,женски јајце му е мајката ! Ххахаха Доволно ви е едно живо јајце за сите видови на коса,освен ако не ви е екстра долга па да ви требаат две! АМА НЕШТО ВАЖНО Е ТОА ШТО ЈАЈЦЕТО ТРЕБА ДА БИДЕ ДОМАШНО,јас зимав од мојот дедо,кој чува кокшки Сршете го и изматете го целото јајце,ама секако без сол,кајгана не правиме ХАХАХАХА , и после едно миење на косата со шампон ставете го јајцето на косата,со тек на време се помалку ќе ви паѓа од јајцето во кадата,ќе се истренирате и ставете пешкир на косата,па почекајте 10-15 минути и на крајот пак уште еднаш со шампон одмијте ја косата.Со ова косата има поголем волумен,повеќе сјае,повеќе време и треба за да се измрси,побрзо расте и поретко расцветува.Верувале вие или не мене ова ми ја среди косата, ми ја направи прва класа,како на телевизија.Еднаш неделно е доволно.На кадата не остава боја или нешто слично и косата нема да ви мириса многу непријанто,можеби само во првите неколку часа но и тоа е нешто страшно,ама затоа тоалетот многу непријанто мириса се шири некоја лоша миризба од јајцето и затоа и често мајка ми ми викаше кога ставав јаце на косата,ама и тоа поминува и тоа изветреува не е ништо страшно и морам да нагласам дека ова ми го кажа татко ми хахах.. да он и навистина фала му за ова И исто и плакнење на косата со чај од коприва многу помага за зацврстување и побрзо растење на косата Поздрав,пишете ако испробате и ако има ефекти
Пивски квасец има во таблетки мож тие да се пијат мене косата и без тие многу брзо ми расте ама многу често ја мијам не знам дали некаква врска има тоа.
Пробував со кромид Има ефекти, ви кажувам од лично искуство. Во еден шампон, ептен обичен, исецкајте кромид, оставете да отстои така 15 дена.. Откако ќе отстои толку време косата ја миете со тој шампон, но бидејќи мириса многу непријатно после тоа миење можете да си ја проплакните косата со друг шампон. Па така миризбата од кромидот ќе ја снема.. Можете да пробате на овој начин.
Ааау, не можам точно да ти кажам.. Еден месец користење на шампонот 100% има ефекти а колкави баш и не знам. :/
А дали некој има пробано шапмонот,регенераторот или тоникот од орифлеим за потикнувајне на растот на косата?
Еден рецепт за побрз раст. Измијте ја вашата коса стандардно, а на крајот откако ќе ја измиете скроз, измијте ја со 1-2 чаши зелен чај, претходно тазе сварен (гледајте да е топол кога ќе го ставате над коса). Зелениот чај докажано го забрзува метаболизмот, а со тоа и растот на косата. Дали ќе ја пигментира посветлата коса - не знам.
Луѓе без конкретни резултати ништо не правиме Дајте сантиметри , побрз раст на муабет веќе не е за верување или е толку минимален што не се ни приметува. На крај краева после толкава дискусија на темава стварно е во прашање индивидуалниот ритам на косата кај секој, како и нејзината состојба и состојбата на внатрешниот баланс во организмот.
Дали некој го има користено шампонов за да кажи дали има резултати Спојлер Специјален шампон за побрз раст на косата со коњска коскена срж-не содржи силикони За нормална,оштетена и коса со разретчена структура. Шампонот ја заздравува косата, ја регенерира нејзината структура. Содржи екстракт од коњска коскена срж, со негова помош се засилува и забрзува растот на косата, помага за намалување на косопад , ја прави косата како свила. Се нанесува мало количество во коренот на косата се држи 1-2 минути и се мие. 1 литар Произведен од BASLER –Германија
Јас добро ја одржував косата,со соодветен шампон и регенератор и ми порасна за доста брзо време.А оштетени врвови скоро немам.