Рецептот го има и тука. Има многу искуства со истата комбинација низ темава, само ќе треба да разлисташ
Изминативе 2 месеци користев: рицинусово масло (1-2 пати во неделата 1-2 часа пред миење) шампон Фитовал против опаѓање во кој истолчив 4 Б-комплекс апчиња и пиев исто така апчиња Б-комплекс по 3 на ден Косата ми порасна многу повеќе од обично
Дали некој го користел шампонот Man 'n tail (коњски шампон) ккаво е искуството дали вреди за парите и каде може да се најде. Однапред Ви благодарам
да ви кажам кога беф мала си играф со мачки од улица,со изретчено крзно ии како што ги галеф си ја фаќав косата,скоро целата ми попадна мии рекоа со лук да ја тријам кожата на главата и помага пробајте и кажете ги и вашите искуства.се надевам ке ви помогне.среќно
^^^ И јас имам слушнато дека лукот помагал за побрзо растење на косата,ама досега немам пробано. Само се прашувам дали потоа мириса косата?
можеби малку мириса но не е нештоо којзнае што. можеш пред легнување да го направиш и сабајлето да си ја измијаш косата
Рицинусово масло ( ладно цедено ) . Исто така е убаво за кожата, трепките, веѓите... ( Секако прво треба да се проба дали ви одговара ) .
Скам да прашам дали има некаква врска воопшто со растот на косата витамински апчијна со витамин б.,б6,б12 и бе комплекс во едно апче,пијам такви не за коса туку ми ги препиша матичната затоа а што ми треба витамин б,и имам недостаток,само можеби има врска со побрз раст?
dali znaete kolku cm ke mi porasne kosata za 7meseci?...) [mod-kirilica8he4cho][/mod-kirilica8he4cho]
И мене косата ми растеше многу бавно, па и овде барав совети за да го забрзам растот. Од секогаш сум била против таблетите Никогаш не верував дека може да го забрзаат растот на косата, но во тоа ме убеди една моја другарка. Ми ги препорача дермабион. Резултатите не се нешто wow , но сепак колку толку косава ми потпорасна. Инаку овие таблети биле и за поцврсти нокти, а и за акни на лицето. Јас немам акни па за да ви кажам дека помагаат за тоа, но за косата ви потврдувам! Па сега, ако некој се одлучи нека си ги купи, да ги проба.. па доколку не гледа резултати нека престане да ги употребува. Не се скапи, 150ден. 60таблети. Ги има најверојатно во секоја аптека.
Пишува на кутичето, до 14год. по 1 таблетка, а над 14 може по 2-3 таблетки... Но не треба да се претерува искрено јас мислам многу се 3 таблетки
3 месеци расте 1 цм. , така да за 7 ќе ти порасне 2,5 сантима.. ОК може сум грешка, не ми замерувајте