Инаку имам слушнато дека додека ја миеш косата, ако додадеш пиво ќе ти порасне побрзо.. Колку повеќе пиво - толку побрзо мислам, ама не ме земајте за збор.. Не сум ви сигурна јас
Кога ќе има пивофест/ленд (за било кој да се работи, скопје, охрид, прилеп..) дефинитивно одам и едвај ќе чекам да почнат да се маваат со пластичните чаши и ќе чекам дожд од пиво. Најефтино е така Ама не се надевам многу, лани во Охрид после утопот од пиво, мојата коса воопшто не го забрза својот раст
Епа дојди во Прилеп сигурно ќе ти порасни ама и не ја мијај 1 ден нека ти постој , да упија убо без заебанции и јас имам слушнато дека пивото го забрзува растот на косата ама немам пробано оти неубо мириса , иначе го има во шампонот orzene
За растење не знам, јас почнав да ги пијам пред две-три недели но за опаѓање многу ми помогнаа, ама јас сум таква, паничам за две-три влакна а не повеќе. Последнава недела забележувам повеќе си ја сакам косата, лелеава, бујна, не ми паѓаа дур си ја чешлам.. Кажуваат и дека килограми се накачувале, јас сум си на режим на исхрана па ни грам немам качено. Ама сепак се пијат месец дена, па пауза, а косата за месец дена не може чудесно да ти порасне.
лежете на начин главата да ви виси надолу барем два пати дневно. на овој начин можете да го подобрите дотокот на крв и да го забрзате растот. Доколку сакате брз раст на косата тогас најдобар третман овозможува бадемово масло. Со негово редовно користење косата би требало за 3 месеци да порасне 10цм. Маслото во себе содржи есенција од витамин е која е клучна состојка за брз раст
аа косата без никакви хемикалии ии сл за да вирасте не верувам.. косата секој ден ја врзувај во којнско перче и ке ги видете разултатите по 1 месец јас ви кажувам ..
Прочитав постови од кои едни викате рицинусово масло се става на скалпот, а други викате се става на врвовите на косата, кое е точно??
http://puls24.mk/index.php/magazin/zivo ... -na-kosata Hалетав на ова.Па си реков да го споделам со вас
Ете значи уште една неточна информација се препушти низ филтерот. Фала што ми кажа, добро барем не сум се погрешила скроз, барем се поврзани на некој начин. Извинете за офф-топик.
Зависи како ти расте косата , и во кој период. Во лето расте повеќе. Особено ако одиш на море ќе забележиш поголем раст на косата. Инаку просечно земено за седум месеци околу 7 -10 см максум.
Прво, косата нема состојка која се нарекува КРЕАТИН туку КЕРАТИН. Креатинот е важен за да се обезбеди енергија во телото преку АТП. Морковот не содржи бета-каротин туку бета-каротен.