Сосема офф топик, вицот на Мишелљубов Човек се нашол на суд обвинет за убиство со предумисла. Судијата го прашал: Овде се работи за крваво убиство.Како ќе се браните? Обвинетиот: Мојата жена беше глупава,морав да ја убијам. Судијата: Сигурно не мислите на тоа да останете,не го сметам за олеснителна околност. Обвинетиот: Па добро,ценет суде....да раскажам како беше. Живеевме во една зграда.Над нас живееја две деца со многу низок раст,еден ден во разговор со жената и велам дека навистина е тажно што тие се толку малечки. -Да,вели таа,тоа се Пиринеи. -Мислиш Пигмеи? -Не,Пигмеи е она што ни е под кожата и поради што поцрнуваме. -Тоа е пигмент. -Не...пигмент е она што го пишувале старите Египќани. -Господи жено....тоа е пергамент. -Не,пергамент е кога некој ќе прочита или прикаже еден дел од некое дело. -Почитуван суде,веројатно претпоставувате дека веќе немав волја да и објаснувам дека се работи за ФРАГМЕНТ. Седнав на каучот и читав весници. Набрзо дојде жена ми со книга во рацете, легна покрај мене, ја отвори книгата и почна да чита некој текст: -Душо,гледај, Сончевата тераса од рачна торба била учителка на макро 14. И ја зедов книгата, ја погледнав и и реков: -Драга, ова е книга на француски и тука пишува: La marquise de Pompadour est la Maitresse de Luis 14, а тоа значи дека маркизата де Помпадур му била љубовница на Луј14. -Не, рече таа. Ла Маркиза е сончева тераса, Помпадур е рачна торба, Ла Метреса е учителка а Луј14 е макро. Јас тоа сигурно го знам,не одев џабе на курс по француски со мојот легионар. -Мислиш....лектор? -Не, Лектор е еден старогрчки херој. -Тоа беше Хектор и беше Тројанец. -Не,хектор е мерка за површина. -Мерка за површина е хектар. -Не,хектар е пијалак на боговите. -Не не,тоа е река во Германија. -Реката во Јужна Германија се вика Некар. -Не го знаеш ти тоа,уште како малечка пеев со другарките во дуо за реката Нектар. -Мислиш....во дует? -Не,дует е кога играат Реал и Барселона.Пеевме и за римските радијатори. -Мислиш гладијатори? -Не.... Почитуван суде,тогаш го земав чеканот и ја мавнав по главата.....конечно заќуте. Судијата: Обвинетиот се ослободува,јас би ја акнал уште кај Хектор.
Брезовиот шампон. Едно шише потрошив и ми порасна, да не претерам ама 3-4 см, а пошто се мијам секој втори ден, нема ниту месец, или можеби месец и нешто минимално.. Го препорачувам. Среќа имаат оние на кои не им прави првут, јас не сум во тие и затоа престанав да го користам
Спојлер Спојлер Само уште офтопици и фалат на темава Јас мојот лапсус го приметив уште пред околу 3 месеци ама беше касно да редактирам, а со мојата смена на места на буквите има сосема друго значење зборот.Слободно може да ме осудите За β-Carotene, бета-каротинот или каротенот како сакате, не сум доволно стручна да коментирам за правилен превод. Во состав на лек е преведен како каротин, на портали исто сум го сретнувала така (1, 5) ама тоа е област за која како е правилно може да пресечат јазичари. Маска од тиква за побрз раст на косата Тиквата одлично ќе ја нахрани косата, бидејќи е богата со витамин А и калиум поради кои делува благотворно на темето и растот на косата. Во еден сад ставете две шолји пасирана, сварена тиква, додадете лажичка кокосово масло, лажичка мед и лажичка јогурт. Состојките измешајте ги и нанесете ги на влажна коса. Оставете маската да делува 15 минути и потоа исплакнете ја со шампон. Извор
па обично има маски за коса со бадемово масло или пак мачкај го на главата убаво да впие коренот, само немој директно со раце да го ставаш
Кате прочепкај низ темата ќе најдеш нешто. Секој има различно искуство. Кај секој влијае различно. Најдобро според мене направи го шампонот од коприва со пантенол, ад капки ... Ќе го надеш низ темава. Во почетните страни беше. Мислиш за волумен? Шаума, без зафрканција
Мене многу ми попадна косата од фарбање од што не. И многу кратка ми стана не ја шишав ништо, самата ми попадна. И прашував што и како за побрзо да ми расте косата и некои ми кажаа дека Orzenе шампонот бил добар со пивски квасец и побрзо растела косата. И јас реков на се' сум спремна за барем да добијам волумен ако не пак друго. И навистина после година и пол имав многу резултати од шампонот ми порасна многу косата и ми се згусна. Е сега користам друг шампон реков да сменам и тој е ок, скоро 2-3 месеци го користам и не се гледаат многу резултати рано е. А прочитав негде дека имало некои Lush шампони или сапун (што и да е) мислам дека ги има во Ramstore и од нив растело косата многу побрзо (не сум пробала не знам, само прочитав негде). Па и цената не им ја знам да ви кажам искрено. Поздрав девојки !
Мои блиски беа презадоволни од Хининова вода, за забрзување на растот на косата, па така и јас ја набавив. Меѓутоа мене природно косата брзо ми расте и не знам дали ова водава кај мене имаше некој си ефект, ама сите шо ја ги знам и ја користеле водава ја фалат и се релативно задоволни од истата.
Девојки, дали ја има кај нас не знам, јас ја набавив од Бугарија.. и тоа прилично ефтино, некоја си смешна цена. Ако имате преку некого да ја набавите не чекајте.. сите ја фалат!
Млеко (содржи витамин Д) Сок од портокал ( витамин Ц) Брашно (витамин Е) мајонез путер од кикиритки Измешајте ги овие состојки додека да добиете убава хомогена не многу густа смеса, нанесете ја на коренот и нека отстои некои 15 минути. Многу е важно смесата да ја масирате на скалпот а исто така и да не одбегнувате состојки, во смисла сите да ги искористите. Исплакнете и измијте со шампон се надевам помогнав
Извини шо каснам малце, може веќе си се снашла со одговор, но јас пак да ти пишам. Ја има по сите аптеки и е 1 лев, тоа се наши 30денари. Позз
Сеа пред некој ден ми кажаа за побрзо растење на косата да сум си купила Брезов шампон.Бил околу 70денари го имало по маркети и пишувало дека бил за побрзо растење на косата.Делувал за 1 месец сеа кај и да е ќе гу купам да видам.