Косата веќе со години ми стои во место,не ми расне,она што ке порасне го шишам бидејки е изгорено од пеглање.Морам да земам да користам нешто.Ке пробам прво со фитовал,гледам сте пишувале и сте го фалиле. Само цена да ми кажете ако знаете?
Зборував со фризерката и ми кажа дека шампонот од коприва си нема врска,само хемикалии е,а многу малце коприва има,така да најдобро е да се свари чај од коприва и да се стави во некое шишенце со пумпичка па после секое миење косата да се испрска со чајот(посебно на коренот) и да не се мие.Многу поефикасно е вака отколку со шампонот,чајот барем е природен
За чај немам чуено, но верувам дека ќе е многу поефективно. Бидејки јас од шампон од коприва добив само првут.
Јас сега направив чај и го ставив во шишенце,па вечер ќе почнам со "третманот" .Иначе и јас од шампонот само првут добив
Читнав низ темава дека таблети пивски квасец, и Б6 таблети биле добри за раст на косата. Вечер планирам да купам ама незнам како се користат, колку да земам, колку пати дневно да го пијам пивскиот квасец? Инаку, јас веќе долго време користам Elseve шампон, бел со зелено и не би купувала шампон од коприва или бреза зашто прочитав да купам таков и внатре да издробам Б6 таблети. Можам да издробам во мојот шампон, и ако да колку? Извинете на сметња, ама морам за се убаво да се распрашам.
Јас пак сум многу задоволна од шампонот на Афродита со коприва и пантенол,го користам од есента некаде октомври месец и еве ни првут ни мрвут немам фатено косата ми доби многу убав сјај и мекост а и стварно како да ми убрза растењето а Б - комплекс пијам од време на време за да не се презасити организмов така да топло го препорачувам шампонот
Женски дали знаете некој шампон против првут,но истовремено и за побрзо растење на косата? Инаку користам еден шампон имам мирис на ванила(не ми текнува името) ??
Јас имав многу густа коса, никогаш не се замарав дали ми е оштетена или не, мн често ја кратев зошто знаев дека и многу брзо ќе ми се вратеше должината. Можеби 6-7 год. во континуитет се миев само со Head&Shoulders шампонот. Од честото користење косата почна да ми опаѓа многу, да ми се тенчи и стана беживотна, без сјај. Пред една година го сменав шампонот и користев шампони од коприва или бреза. Но пред 4-5 месеци почнав да го користам шампонот од Афродита со лук и можам да кажам дека многу ми се подобри растот , а и опаѓањето на коса се сведе на минимум. Минатиот месец косата ми порасна за скоро 3 сантиметри!! На брат ми многу му паѓаше косата , се миеше со овој шампон и престана да му паѓа, но му се појави првут. Кај мене нема првут па ќе продолжам со шампонов Исто така секој ден пијам Б комплекс витамини, а косата ја мијам на секои 3-4 дена (и последното плакнење обавезо е со ладна вода), никако не ја сушам со фен, ја оставам така сама да се исуши и многу ретко ја пеглам, и после сите овие тертипи морам да се пофалам дека косата ми се згусна(бебешки влакна од сегде никнуваат xD) и доби голем сјај. Баш денес добив комплимент во врска со тоа како имам долга коса а воедно и е многу здрава.
Една другарка се пофали дека со кана побргу растело. И да, откога почна да става кана косата и е посјајна, погуста.
Shoshanna ке го пробам шампонот на Афродита,па ке видам дали ке има и кај мене подобрување. B.T.W.Thanks за советот
Ги имам користено двата односно моментално го користам тој со лук,ама можам да кажам дека е подобар тој со коприва и пантенол,+ помалку ми се мрсеше косата,од овој некако како побрзо да ми се мрси
Гледам си фалите од шампоните на Афордита.Незнам јас користев до пред еден месец само од коприва,и вистина косата почна да ми расте побрзо,се шишав Демекември и од Декември до сега,ми е ептен многу нарасната.Арно ама океј што побрзо расте косава вистина расте,но воопшто не ми е правеше убава.Ми беше како замрсена и некапана со денови.И решив да се откажам.Сега користам Wash&Go од коприва исто,имам волумен и косата брзо ми расте,што значи сум задоволна и ќе продолжам со овој. Исто така пијам таблетки со витамин Б,па и од ко почнав нив да ги пијам почна косата побрзо да ми расте.