Еве со каков третман започнав : -фитовал капсули -косата ја мијам со фитовал шампон и сапун за растење на коса од LUSH(првото шампонирање со фитовалот,а второто со сапунот,но го потрошив шампонот така да едното шампонирање ќе ми биде со обичен шампон) -рицинусово масло -после бањање на косата и ставам чај од коприва кој не го плакнам
здраво феминки, сакам да прашам каде можам да најдам таблети пивски квасец и која цена се, не ги читав претходните мислења ги има многу сакам косата да ми е долга....
70тина и нешто денари за 100 таблети.Би требало да ги има во секоја аптека,прашај треба да имаат,инаку имам искуство и сеуште пијам таблети и навистина косата многу брзо расте.
а тие таблетите пивски квасец, како се пијат, и колку често? и може ли да ги пијам и ја,имам 13 години, па да не ми штетат нешто
Маска што помага за раст на коса: -чај од коприва -маслоново масло -рицинусово масло (по можност да се држи на коса што подолго, неколку часа)
Vo kilo shamopon od kopriva staviv 3 ampuli B6, 3 ampuli B12 i 2 ampuli B1. Dosta se ili treba ushte ????? Ve molam za pomosh
Како шо ми кажвале од нив можи да се здебелиш...Јас да ти кажам ја пораснав косата со к'на...За една година ми порасна од под ушите до под папокот...Ама к'на користи само доколку си спремна да ја смениш нијансата на косата пример од кафеава да ја напрајш скоро црна...Инаку спрема мене нема нешто поздраво од то...И косата ми беше прееееуба и премногу ми порасна
Во шампон од бреза ставам бевиплекс ампули. Ај што ми порасна косата значително, туку и посјајна и полелеава ми е. И јас не верував, но ете бидна.
К'ната ја прави косата поздрава и сјајна и косата расти од нејзе, бидејќи влакното е поздраво и има простор за растење. Нели кога косата ни е оштетена не расти брзо.
Значи вака, пантенол 100 мл воден раствор, рицинусово масло ампули за коса Б6 и Б12 и пијам чај од коприва и после секое миење ја плакнам косата со чај од корива за 2 месеца ми порасна 4 сантима и посјајна ми е и погуста
Добра вечер женски, како сме? Читам коментари во врска со темава и заклучив дека сакам да напраам смеса од пивски квасец истолчен, рендан/толчен лук и рицинусово масло! Да го нанесувам еднаш неделно и да го масирам коренот! Дали е добра идеа што мислите?!
Каде поточно ги има апчињата пивски квасец на мерење, јас ги барав денес во две аптеки ама не најдов, помош?
Женски моментално користам рицинусово масло за коса но дали можете да ми кажете и кое друго масло да користам заедно со рицинусовото за да го забрзам растот на косата?