Колку поминаа 2-3месеци ни бар не ми порасна косата, ајде бе кажете совет некој шампон што било да е..ве молам Поздравв <3
Јас откако ја пеглам косата не ми расти брзо. (Иначе ми растеше по 1-2см во месец) Пеглањето ја оштетува, ја суши, не и дава елан на косата и едноставно расти пребавно. Сите другарки кои ги пеглаат косите се жалат дека им расти пребавно.
^ Тоа е така заоа што се кине косата. И башка и скалпот се оштетува ако се пегла од преблизу. Во таков случај одмор нема да и дојде лошо на косата
Пробај го шампонот од коприва. И крати ја почесто, барем по 1-2cm секој месец. Еве како изгледа шампонот. Го спречува опаѓањето и го забрзува растот. Можеш да го најдеш во поголемите супермаркети за 98 или 89ден (не сум сигурна).
Ти благодарам многууу Ај ќе пробам ко ќе сум слободна сега денојве не можам ...ама ќе ви кажам за резултатот сепак ти благодарам многу, те сакамм <3
Да се надоврзам за шампонот. И јас го користам и резултати навистина има, во него ставам по една ампула б1, б6,б12 кога како но само една од овие. Резултати има и кога ќе го истрошиш целиот шампон навистина ќе се увериш.
Да се надоврзам за шампонот. И јас го користам и резултати навистина има, во него ставам по една ампула б1, б6,б12 кога како но само една од овие. Резултати има и кога ќе го истрошиш целиот шампон навистина ќе се увериш. [/quote][/b][/b][/b][/b] Сакам и јас да си купам од тие ампулите б1 б6 и б12 арно ама прашав во Зегин аптеката во Струмица и тие аптекарките ме гледаа како од Марс да сум паднала...може ли да ми кажете од каде ги купувате и како изгледаат и во колкава милилитража на шампон колку ампули треба да се стават....а даваат ли некој лош мирис на шампонот ..или?
Jaс од Зегин во Скопје ги земав, 6 бевиплекс ампули мислам ставив во 1л шампон од коприва. Нема од каде да се купат освен од аптека, па прашај во некоја друга ако нема таму. Малку чуден мирис имаше шампонот ама поднослив. Еве како изгледаат ампулите. Ампулите со течност се ставаат во жолтите за да се разреди прашокот. Спојлер Спојлер кај мене шампонов со ампули немаше ефект
и јас користев ваков шампон ама уште на второто миење ми се појави првут,значи буквално се чешав како да имам вошки и го прекинав,сега користам шаума со Q10 и бевиплекс амула внатре,малку неубаво мириса па ке видам што ефект ке има
Види, ако не проба нема да знае. Нормално е да не му одговара на секој. Мене па воопшто не ми одговара шаума, посебно оној плавиот со памук за мрсна коса.
Јас имам користено шаума оној кафеава и едноставно првут ми се праеше ниту мека не ми беше а за вас незнам зависи типот на косата ..ама мене ми е поважно да ми порасни косата да е долга, заш дека ваква како што ми е малце долга ама не многу да речиме како кратка ама ич не ми е уба барем да беше мека и долга..за мое мислење не ми одговара па едвај чекам да ми порасни дур да се обидам ..
Ја почнав со ампулите и со копривата па ќе ве известам после некое време дали има некој сантиметар плус поззз
Девојки ке ви биде смешно и чудно што се лугето прават за убавинна но ова изгледа навистина делува бидејки читав на повеке форуми и девојките кои го користат имаат резултати од 4-8 см раст месечно што е многу со оглед дека просечниот раст на косата е 1 см. Се работи за Монистад вагинален крем кој содржи Миконазол нитрат 2%. И јас се зачудив кога видов дека ставаат вагинален крем на косата и баш ме интересираше кое дејство го има. Едноставно е ....активната состојка на кремот е миконазол нитрат кој ке ја зголемува циркулацијата на крв на скалпот.Ако циркулацијата на крв на скалпот е поголема тоа значи дека фоликулите на влакното ке ги добиваат потребните состојки побрзо и затоа косата ке расте.Миконазол нитрат не ја надразува кожата туку само ја стимулира циркулацијата на крв 3 дена, потоа се миете и го ставате пак.Место масажа. Пишува дека несакани дејства може да има како звонење во ушите или главоболка т.е не одговара на секој ама никаде не прочитав и дека е штетен за косата. ЈАс немам лично искуство со ова иако кога видов колку задоволни има сакам да пробам.Ова е многу познат третман за раст иако јас дури сега го дознав има многу видеа на youtube кои посочуваат како да го користите. Ваше мислење... да се проба или не ? http://blackgirllonghair.com/2012/04/st ... ir-growth/ http://www.youtube.com/watch?v=NMEcYa6kgrk
http://www.youtube.com/watch?v=NMEcYa6kgrk http://blackgirllonghair.com/2012/04/st ... ir-growth/ Еве за што станува збор
искрено ни јас не би го пробала, се знае намената на кремов за што е,може да се има последици после тоа сепак неможе кај секого исто да делува
За да ја зголемиш циркулацијата на крвта на скалпот, нема потреба од вештачки креми. Имам пишано неколку совети претходно кои ниту ќе ги барам, ниту ќе ги пишувам од ново. И се што е пртерано - не е нормално. Само сетете се што се случува ако претераме со седење на сонце само за да добиеме темен тен и ќе сфатиш која ми е поентата. Толку сте мрзеливи што зависите само од вештачки направени препарати, а малите совети секогаш ги избегнувате. Па тогаш кој ви е крив што проблемите ви остануваат толку долго време?