Па,не е мрзеливост.Од причина што често тие мали совети не делуваат,па се насочуваме кон вештачките.Ама треба малку и обејктивност,да ги разгледаме и другите па да земеме во предвид,што и како. Да не биде оффтопик,има и природен пат за забрзување на растот на косата.Пијте чај,многу течности,неззависно какви,вода,сок,чај(било каков,кај мене најмногу ефект имаше зелен чај и чај од нана),редовно барем еднаш во ден,10 минути масирајте го скалпот нежно за да се подобри циркулацијата на крвта,скратувајте ги редовно оштетените врвови.Зошто,каква врска има ова?Ете има,значи врвовите на косата кои се оштетени го попречуваат растот на косата.Консумирајте храна која содржи витамин Б,читнете малку не ги набројувам сега,ги има повеќето во храната што често ја консумираме.Мислам би имало ефект.Кај мене имаше,и може да земате и повски квасец.
Како може да не се? На голема бројка на луѓе помогнале и токму од овде нема да помогне и тоа не на еден туку на сите. Right. Како можев јас фино да си разгледам цела тема од не-знам-колку-страни, а тие не? Туку веднаш пишуваат и самите дека ги мрзи да вртат па да им се напише инстант одговор... Ете им форум со еден куп мислења за се' и сешто па нека прочитаат. * Б витаминот не им бил добар бидејќи поттикнувал желба за јадење. - Да ве просветлам дека не само што не е само тој витамин важен само за косата туку има и други. И тој витамин е важен да се внесува но не мора да биде по вештачки пат (мислам на апчиња). И контролата на храната доаѓа од умот, а не од апчињата. Тоа колку ќе јадете зависи само од вас. Ако толку не сакате, одиме кон друг пример: * Немале 5 минути време за да си направат природна маска, а имаат 10 за да пишат пост овде. Има потреба од уште примери? Мислам дека не. И еден куп вакви примери... Косата не расте од врвовите. Од таму, тоа и не влијае. Освен ако цветањето на врвовите не се проширува нагоре.
Значи важно е да се кратат оштетените врвови.Точно е,косата не расте од врвовите ама кога тие расцветуваат,се кинат и губиме на должината на косата
девојки јас косата пред неполна година ја скратив многу кратко..до вилица...а сега ми е негде скоро до градите...користам ореово , кокосово и цицково масло што многу ми помогнаа.....земав Б6 Б9 и Б12 ампули од аптека ги ставив во шампон и така се бањав...и кога ја цешлам косата ја цешлам до темел што знаци и скалпот го масирам со самото цешлање,АМА фигаро, фен и пегла за коса не знам како се употребуваат ( заборавив како изгледаат ) од кога се ишишав пред една година, мојата коса нема потреба сега за сега од потскратување поради оштетени врвови
Сакав да кажам дека се прошируваат,нормално,ако се од доле ќе се прошират и нагоре,па го забавува растот.Мислев дека се знае веќе тој процес,логично е.
Во право е киккки, ако косата ти е сува, оштетена, нема живост, нема снага за растење и расти пребавно или речиси ич, иако косата расте од врвовите. Исто како едно растение, ако во цветот, плодот почнува да овенува, да се суши, значи нешто не чини, и ќе почне целото да венее и згасне. Сите кои имаат суви, оштетени коси се жалат дека косата им расти пребавно, тоа е факт.
Нема да ви се верува, колку косата брзо ми расте со оваа маска - две лажички бадемово масло - две лажички рицинусово масло - две лажици пантексол(лосион, го има по аптеки) - две Б12 капсули. (можеш да додадеш и маслиново масло) Најдобро е да ја ставиш маската пред спиење и наредната ден да ја измиеш. При ставање расчешлувај ја косата за да ги зафати сите влакна. Ја користам оваа маска еднаш неделно(некогаш и два пати). За една недела ми расте по 5мм. Со среќа!
Ставаш мали лажички за кафе што се или од оние поголемите за супа? хахаха описов Колку пари е лосионов пантексол? Иии уште нешто:маската ја ставаш на сува коса така?
Ајде да ти одговорам си реков,иако самата ако внимателно читнеш ќе знаеш . Значи каде што пишува се мисли на кафени лажички(тие малите за кафе),и лажици(тие поголемите за супа).Се надевам сфати.
Се надевам дека разбравте. Се извинувам што малку доцнам со пишување, но немав време веднаш да ви одговорам, воопшто не ни бев активна неколку дена. Верувајте ми дека многу помага, јас сум презадоволна од мојата коса. Лосионот Пантексол не ми текнува колку пари е, бидејки јас секогаш купувам на едно, се заедно, но мислам дека некаде околу 200 денари дека е, бидејќи се заедно ми излегува некаде околу 500 денари.
Домашен рецепт за ефикасен и брз раст на вашата коса Ова е еден домашен рецепт, кој го споделува професионалката за коса Ноел Спикс. Доколку го користите редовно, барем еднаш до двапати неделно, веќе за месец дена ќе ја забележите разликата. Со овој третман ќе го подобрите квалитетот на вашата коса од коренот сè до врвовите. Погоден е за сите видови коса. Потребни состојки: Бел дестилиран оцет Рузмариново масло Кокосово масло Капа за туширање Процедурата прочитајте ја на линкот погоре П.С. Има и слики пред-потоа Извор
istava kombiacija ja pravam i jas, shampon od kopriva so ampuli, i poslednoto mienje so gliss beliot prezadovolna sum od nego i od istiot bel regenerator.
Ova go citav preska na kafepauza i otvoriv da vidam kakov e toj ocet i nikogash ne bi go stavila na na mojata kosa ! Ja stavash maskava samo na korenot ili niz cela kosa ?
Е каков оцетот? Онаков што го користиш секојдневно за салати! Значи ти одговара да го внесуваш преку исхраната, но никогаш не би го ставила на коса? Хм...
Да,јас знам дека гори,ја гори косата а преку исрана веќе го внесуваш со салати и храна и во мала количина сепак е друго.
девојки ако сакате побрзо да ви расне косата користете флит секоја недела за 1 месец косите растат до 6 или 7 см