По празниците обавезно ке купам, и користам, бидејки навистина сум психопат за долга коса. Направив домашен шампон за раст на коса, користам домашна маска за раст на коса и навистина има резултати, за една недела ми расте по 1 цм, но што побрзо ке почнам и ова средство да го користам. Маската што ја правам ке ја ставам секоја среда, а во недела од тоа средство. Доколку ве интересира за шампонот или маската, слободно прашајте!
Да ви кажам искрено јас пробав со б6 капките и тие другите работи ставав во шампонот но немше резултати,и веќе некое време користам шампон во кој ставам да отстои претходно 15 дена кромид,и да има резултати,косата расте мн побрзо
Да ви кажам искрено јас пробав со б6 капките и тие другите работи ставав во шампонот но немше резултати,и веќе некое време користам шампон во кој ставам да отстои претходно 15 дена кромид,и да има резултати,косата расте мн побрзо
Нема шанси да е штетно чим помага на животните. Сигурно не се будали да купуваати ставаат на овци ако им ја уништува волната. Нормално дека го користат за да им го забрзаат растот. Како што знаете дека сите сме живи суштества и ако им штети на животните ке ни штети и на нас. Но штом им помага на животните, ке помогне и на нас. Со среќа, јас ке го купам и почнам да го користам овие денови.
Сум изоставила да и одговорам на дотичната што ме посочи мене да си прогуглам Епа тој де тој оцет, оној белиот. Не знам кој дел не го сфати. Или и јас тебе да те пратам да читаш подобро низ google? Или си читала па не си дочитала нешто... Тој „бел оцет“ (или дестилиран) се става во салати и тој е тој што понекогаш го користат за чистење бидејќи киселината ги разјадува маснотиите, а конкретно овој е подобар за чистење бидејќи не остава траги од него од причина што е..бел..нели.. Eте дури и сликичка ти имам пронајдено Инаку муабетот е за ова http://www.kafepauza.mk/zivot/domashen- ... hata-kosa/
Девојки немојте ни да пробате , тоа е мој совет! косата ќе ви порасне за тоа нема сомнеж. Она што е страшно е дека вистинското дејство на тоа средство, доколку го користи човек се гледа дури по 4-5 години бидејки тоа не е испитано на човек сеуште, ако е нека ме поправи некој. што ако по одредено време почне по цело тело да ми растат влакна и тоа по 5-6 cm месечно ? сепак тоа е нешто што го редиш на глава, на кожа, значи навлегува длабоко активира некоја жледза, го поттикнува хормонот за раст на косата. Јас не би пробала Никогаш. колку и да звучи примамливо, тоа е штетно. нормално ли е да порасне косата 5-6 cm за месец? Нормално расте 1 do 2 cm ама 5??
Се извинувам што не вратив, сепак не фатија празниците. Во шампон од коприва Афродита(одземаш пола, оставаш 500мл) ставам 4 Б12 ампули, едно шишенце АД капки, две лажички рицинусово масло и 50мл пантексол лосион. Кога се бањаш ставаш од шампонот многу малку и тој многу пени, го оставаш да ти стои на глава некои 6-7 минутки или 10 и после нормално миеш. Е сега, за маска, ставам 4 лажички рицинусово масло, 3 маслиново, лосион пантексол 7-8 лажички, АД капки пола раствор (инаку јас во кутивчето од лосионот пантексол што ке остане од шампонот си додавам се од ова само дуплирам за рицинусово и маслиново, цела флашичка АД капки и + ако имам бадемово и кокосово и тоа додавам и после ставам мала количина на коса и со чешелче расчешлувам, па ми трае за ставање некаде околу 1 месец) Многу ја потхранува косата и омекнува и и дава сјај и плус за раст. Со среќа!
А за средството за раст на волна на овци прашав, денес бев и прашав, прв пат слушаат за такво нешто, да се распрашам за тоа од која фирма е па ако можат да нарачаат, ова она... ...... Така да нема такво нешто, а ми рече и да има, сигурно е нешто што се пие, како мултивитамини и сл. Имаа само некакво за лечење на некои кожни заболувања кај овците доколку престане да им расте волна, па да да се мачка на кожата за да се излечи и да почне да им расте волна.
кокосово масло има скоро во сите маркети и аптеки побарај неможе да нема. Кокосово, кантарионо, рицинусово, бадемово сите се исто паковни во кутивче, а шишенцето може да биде и стаклено и пластично. за тоа како се употребува еве ти линк прочитај http://popara.mk/2012/zhivot/ubavina/grizha-za-kosata-so-kokosovo-maslo/