Кокосовото масло всушност е обично масло со мирис на кокос и затоа и не ти препорачувам да купуваш од шишенца. Подобро да купиш во тегличка. Поскапо е, но барем ќе бидеш посигурна дека ќе има резултати.
Ги имам користено и од двете фирми и искрено да ти кажам исти се, разлика е само во амбалажата. И од двете фирми маслото е густо и квалитетно. Јас го користам за маска за коса, за маска за раст на нокти и трепки, и кое има во аптека тоа го земам, моментално еве сега имам од Фитофарм.
има многу шампони кои го потикнуваат растот на косата али бабините лекови се најефикасни зошо сами ги правите и не содржат хемикалии.за растење на косата се препорачува лукче(истолчено)во шампон од коприва.подобар лек нема.
видов на форумов за афродита шампонот од лук, го земав веќе го користам подолго од еден месец и навистина забележав големо подобрување во растот на косата и тоа од самиот корен целата ми е потерана со нови влакненца и ми е многу погуста, но кај тие со сува кожа се јавува првут
јас душа би дала за многу густа косаа [/quote] а што мислиш дека тие што се со густа коса немаат проблеми? постојано треба да се испеглани или косата кје им биде на јуриш не можат да ја ретчат зашо тогаш бетер им се прави густа.ни pетка ни густа е најубаво -средина
^ Е муабетот ти е.... Туку шампонот го има речиси во секој маркет. Цената е од 90 - 130ден. (зависи од маркетот) за 1L. Eве и слика како изгледа:
цената не е гаранција за квалитетот мој личен пример го имав земено и алпецин ц1 за потикнување на растот на косата кој е околу 500 ден го користев долго време ги дава истите резлтати како шампонот од афродита
А кој спомена нешто за цената дека е поврзана со квалитетот? Шампонот е со екстракт од лук, а не конкретно да ставиле лук во шише. Не може да мириса на лук нешто кое е помешано со еден куп други состојки. Башка, кој будала би продавал нешто чиј мирис ретко кој може да издржи и да не искоментира негативно и да очекува да има добивка од продажба?
Една структура на кожа и волна имаат овците, а друга кожа и влакна имаме луѓето. Значи не е исто. На едните може да им делува добро, ама на другите со негативни последици. Јас разбирам како е кога се сака нешто, ама со сила убавина не бидува. Од многу ставање сенешто на косата, може и повеќе штета да се направи.
во шампон од коприва тие од Herba што се, треба да се растворат 6 бевиплекс ампули? ај ве молам просветлете ме какви ампули да купам и по колку да ставам, од толку имиња се збркав
ова сум го заборавила да го кажам со првата вода од грав(се мие) и е ефикасно исто го потикнува растот и месечно наместо 1.5см косата расте 3 см