Леле Вики ме пресмеа . Значи си ја мереше а? Мене тоа не ми паднало на памет Тебе ептен ти била кратка косата душо, затоа сфаќам зошто се радуваш толку. И мене не ми се верува да има толкав резултат- јас исто имам ставено апмули во шампонот, пиев Б-комплекс ама по коренот за фарбање ми се гледа дека пак исто си расте- незнам Изгледа од Глисот ќе да е
jas devojki imam slusnato deka so k,na (toa e neso kako farba ama bez hidrogen i ne e stetna) ako ja napravis kosata poveke rasti, jas staviv kna i ima mali rezultati
косата расте побрзо на природен начин, кога е почесто изложена на водена средина(базен, двапати туширање во денот и т н)... иначе мене ми расте коса на погрешни места, и многу се нервирам за тоа...
Јас во шампон од 200мл (Shauma-Schwarzkopf - за регенерација и нега), бидејки во моментот немав ампули, ставив 5 таблетки б-комплекс по препорака од другарка (фармацевт), која ми рече дека таблетките ја содржат истата жолта смеса која ја има во ампулата. И тоа таблетките прво се мијат за да им се отстрани онаа чоколадна боја со која се филмувани, ке станат бели. Потоа се кршат (малку се потврди), јас во толчник со маку вода ги растворив, и се добива истата течност како смесата на ампулата со дестилираната вода. Одма ги воочив резултатите, екстра се. По два дена најдов дома во старите лекови ампула б12 и ја ставив, и денес купив ампула бевиплекс со дестилирана вода. За оние кои купиле бевиплекс во гранули (во кесичка како пудинг) никако тоа да го ставите во шампонот. Тоа се гранули за деца со вкус на чоколадо, и се за орална употреба, бидејќи покрај основните витамини содржат арома, емуглатори и засладувачи кои нејќете да ги ставите на глава
Ова со таблетките и мене ми го кажаа кога се вратив од одмор. Било добро не само за растот на косата туку и за нејзино потхранување. Меѓутоа јас скептик невиден, не правев вака како што направила Allice, туку почнав редовно да си ги пијам таблетките. баш приметив дека има добро дејство.
Обично фризерките велат дека колку почесто ги шишаш врвовите на косата, толку побрзо и повеќе ќе ти расте косата. Верувам дека и на вас така ви викале фризерките, но мислам дека тоа го викаат колку да имаат повеќе промет. Имам прочитано во едно списание - насловот беше 10 лаги за косата - и таму пишуваше дека косата не расне според тоа колку често ја шишаш, туку дека тоа зависи од самото влакно.
Girls ,drzete mi sreka! Po4nav da go koristam "Gliss" zoltiot vo kombinacija so B complex Se nadevam deka ke uspee Sega najdolgiot pramen mi e 28cm ,se nadevam na dobri rezultati Pa veke 4 godini se a4am da ja porasnam kosata !
a da ve prasam...koristite sampon so ampuli i poslebno gliss bez ampuli u nego ili kako????? jas pocnav da koristam sampon so ampuli ali sea me zamislivte so ova gliss-ov....ako moze pojasnuvanje
Абе вие арни сте?!Како тоа од глисот да ви расте?!На коренот ставате?! Мене ми се мрси од глисот многу ако ставам на коренот,а плус што така неука на почетокот од корен до врв прскав,почна да ми паѓа косата и тоа многу,после на фризер ми рекоа дека ми е од глисот,тој е за влакното,не за коренот.Не се будалете на корен да ставате,исто како регенератор да ставате на цела коса,а нели не смее да се става.
Лилит од глисот мислат за тоа дека косата им е мека и не им цвета толку- или јас така сфаќам? А инаку многу јасно дека не се става на цела коса- глисот му доаѓа како дополнителна нега за да не ја пораснете косата ама да ви е сува и оштетена- така од шампонот со ампули расте, а со глисот ја негувате. Јас барем така мислам и правам
Па викаат дека од него им растела косата,како може да расте,кога глисот не се става на корен,туку само на влакното,значи нема ама баш никаков ефект на растот,туку само на мекоста на косата.Па си викам да не прскаат од теме до врвови,па да се направат како невести на франкенштајн како мене.Јас имав три влакна на темето и три влакна над ушите заради тоа!
Глис е линија за нега на коса од Schwarzkopf. А MarchelineAmaru мислеше на шампонот Gliss со ампулата што ја додала во него *тука настана недоразбирањето -Инаку eminaa самиот шампон не го поттикнува растот на косата, туку коктелот b-comlex витамини што го додала во него. Ако ги разлисташ предходните страни од темава ќе видиш за што станува збор =)))
ok fala mnogu za informacijata za glisot,si zemav B1 B6 I B12 gi staviv vo samponot i + zemav ricunusovo maslo,i eve si staviv sega pa cekam da mine 1 saat,pa se nadevam ke ima dobri rezultati tuku devojki kako gi otvarate tie ampulite,se iznamaciv
со поостро ноже прво ќе го застругаш кај цртката (обележани се) и ќе ги скршиш, јас во бокс ја држам ампулата и со палец го туркам горниот дел од вратчето , а оние што имаат точки не треба да се стругаат, само се кршат од кај што е точката