7 витамини за побрз раст на косата За да имате долга заводлива плетенка на плажа потребен ви е најефикасниот начин за поттикнување на растењето на косата. Тоа можете да го постигнете со редовно консумирање на некои витамини, круцијални за растот на косата. Еве кои се тие: БИОТИН Биотинот или т.н. витамин Б7 е богат со масни киселини, кои преку комплицирани процеси предизвикуваат вашата коса да расте побргу, поздрава и посјајна. Преку секојдневната исхрана вие внесувате доволна количина во вашиот организам, но ако сте на некоја строга диета може да го уништите овој ред, па консултирајте се со вашиот доктор. ВИТАМИН Б12 Уште еден супер важен витамин од семејството Б витамини е витаминот Б12. Го има во продуктите од животинско потекло, како месо, риба и јајца, а и во житарките. Нашето тело не би функционирало правилно без овој витамин, а исто така и нашата коса. Се верува дека недостатокот од истиот предизвикува паѓање на косата и предвремена појава на бели влакна. ВИТАМИН А Ако ви е сув скалпот најверојатно ви недостига витамин А. Тој ги одржува фоликулите живи и прави скалпот да произведува себум, кој е природен навлажнувач. Овој витамин го имате во изобилство во овошјето и зеленчукот. ФОЛНА КИСЕЛИНА Фолната киселина или витаминот Б9 мора да биде на оптимално ниво во вашето тело за да имате силна, долга и здрава коса. Ќе ја внесете преку овошје, зеленчук, цели зрна и животински продукти. ПАНТЕОНСКА КИСЕЛИНА Пантеонската киселина или витаминот Б5 е тајната на здравата коса и е речиси невозможно да се предозирате од неа. Многу луѓе ја земаат како суплемент во исхраната. ВИТАМИН Е За метаболизмот и здрава коса полезен е витаминот Е, кој ја подобрува циркулацијата на крвта во скалпот. Го подобрува и имунитетот кој влијае на сјајот на косата. Го има во зелјестиот зеленчук и јаткастите плодови. ВИТАМИН Ц Недостатокот од витамин Ц може да резултира со распукани врвови во вашата коса. Тој има антиоксидансна моќ и ги прави влакната поцврсти. Превземено од notformen.mk
Има од Фитофарм шампон го имаше порано во Рубин кармин, многу помагаше за раст на косата, за друго не знам
Тривитаминол многу помага за раст на косата.. можеби малку е смешно, али многу е ефикасно )) наменето е за овци, али доктор го препорачува и за користење за косата. Го има само во Бугарија доколку можете да се снабдите со тоа..го користев и стварно има големи ефекти за 1 месец, 600 денари е
Зелен чај – Одличен препарат за побрз раст на косата кој содржи многу антиоксиданси. Можете да го пиете или да го користите како шампон, лосион или некој друг препарат за коса. Неговата намена е универзална, а ефектот видлив. Компир – Со водата која останува после варењето на компирот измијте ја косата, а потоа нанесете го вашиот омилен шампон. Масло од грозје – Топлото масло од смеки грозје втријте го во кожата на главата пред да отидете на спиење. Правете го тоа два до три пати неделно. Маска од јајца – Измешајте јајце со 50 грама маслиново масло. Смесата нанесете ја на косата, замотајте ја во фолија и оставете ја да делува еден час. Потоа измијте ја косата со благ шампон и ставете регенератор. Ова повторувајте го еднаш неделно.
^Стварно а како ја правиш??? Инаку јас мојата коса побрзо да ми расте ја мијам со шампон со б витамини и пред да ја мијам го масирам коренот со рицинусово масло.. И има многу добри резултати од тоа косата за еден месец ми порасна 10цм. Сето тоа беше летото 2012 е сега мислам пак да поцнувам со мојот третман.
Мене маслото од орев ми дејствуваше. Не дека се брзам да ја пораснам ама сакав да пробам и ненормално многу резултат се гледаше. За една недела ми беше порасната околу 2 сантиметри косата, дури се вџашив.
Освен ако не си ја третирала со надградба, нема никакви други опции кои би објасниле дека си имала 10cm подолга коса за само еден месец. Не е возможно.