Извини што ти упаѓам,ама не мислиш малку дека очигледна е лагата?Ил имаш грешка во бројката?? Мене за 2-3 месеци едвај 1цм ми расте,па не 10. И,не дојдов јас за ова тука,туку сакав да прашам,што се има од Фитовал и има ли некој користено? Знам дека има шампон и мислам дека и таблети имаше?Што друго има и за ккаов тип на коса се шампоните?Колку видови има?
не бе каква надградба сиските околу 10цм ми пораснаа ама јас тогас бев и на одмор така да 2 до 3 пати на ден ја миев... така да не гледам некоја невозморност вода и се е мозно
Имаше некој прашано погоре за ореовото масло, од Тинекс го земав јас. Го има секаде во поголемите маркети.
Jas rabotam vo parfimerija no tuka imame i preparati za kosa go imam kokosovoto maslo i mn e ubavo posto i jas go koristam ...
.. го земав овој шампон од орифлеим , во него ќе додадам б витамини. Исто така користам кокосово и рицинусово масло на целата коса .. мислам дека ќе делува .. ќе видиме .. што се не пробав на оваа моја коса и никако да порасне .. или пак јас многу очекувам ..
фитовал има 3 вида шампони како што знам,еден за сува и оштетена коса,црвена паковка,друг против првут,бела паковка и трет против опагање и стимулирање на раст,жолта паковка,а колку расте од него незнам бидејки имам употребувано и немав некој wow ефект заборавив да кажам дека има и капсули како жолтиот шампон
Девојки, вака јас ќе се потрудам да ви дадам совет од лично искуство. Значи од секогаш сум сакала косата да ми расте побрзо, а имав таква безживотна коса и ептен проблематична. Меѓутоа, пред 4 години ја скратив ептен, значи боб фризура (иако не ми беше нешто многу долга и претходно, малце под рамења) меѓутоа после пак не ми растеше, значи вообичаено како за мојата коса. После година дена да речеме (пошто јас мн слабо внесував витамини, не сакав многу овошје и зеленчук) почнав интензивно да си пијам пивце (а претходно ич не го сакав) меѓутоа почнав да јадам и многу краставици, цвекло, морков и исто да конзумирам свежо цедени сокови (портокал, лимон, цитрон со мед внатре, никако со шеќер). Така што до следната година веќе имав коса до под ребра (значи зборуваме за растење од 15 - 20 цм) што не е малце, а особено кога ќе ме видеше некој првото што ќе ми го кажеше беше: Леле што и праиш на косава, многу ти е порасната (речиси секој што ќе го сретнев). А исто можам да забележам дека и многу доби на квалитет, ми се згусти и стана многу сјајна (значи ништо од тоа што сум имала претходно, како помала). А и било кој стручњак да го прашате, ќе ви рече дека рецептот за здрава коса, нокти, лице итн. е во здравата и редовна исхрана. А било каде да прочитате за пивото (за неговите позитивни особини) е тоа дека содржи могу Б витамин, кој е многу важен за растот на косата. Сега, за оние кои не сакаат да го конзумираат, може да се нанесува и директно на косата, пред бањање. Ако решите вака да пробате некој период, после пишете за резултати :up: Наздравје пивце
За побрз раст на косата се препорачува масло од лаванда и плакнење на косата со чај од сушена коприва. Истотака шампонот Алпецин со кофеин е мноогу добар.Го има во аптеките , малку е поскап ,но навистина помага.
Да баш така, и јас го практикувам тоа во последно време (особено кога имам дома некое изостанато пиво, што веќе не е вкусно за пиење). Истураш на косата колку да се натопи, ја врзуваш во крпа да ти отстои (не битно колку) еве да речеме пола саат пред туширање или додека ги обавуваш останатите ритуали од бањањето И потоа стандардно си ја миеш со шампон и остали ствари што си користиш
косата ми е уште околу десетина сантиметри или помалку до половина и девојки од вас барам да ми кажете дали уште да ја растам или така да ја оставам.иако знам дека ова прашање е надвор од темата,но сепак.инаку не ми е оштетена и имам светло костенлива коса што малку наликува на плава,а на сонце е како златна
јас ништо не користам и брзо ми растат и косата и ноктите и сум пресреќна поради тоа.имам испробано само со б апчињата и капки д 2 дали се викаа(не знам) и шампон од коприа,но тоа беше рецепт за мрсна коса што не ми помогна многу и не знаев дека од тоа се расти косата.не се мачам со ништо и не ја пеглам и не ја оштетувам-ПРИРОДНОТО Е НАЈУБАВО.инаку другарка ми исто така ништо не употребува бидејќи мисли дека тоа било вештачко растење на косата.а пак друга другарка пијаше едни апчиња и имаше кај неа ефект.
zdravo devojki! vekje nekoe vreme se macam so kosata i nikako da mi porasne dali znaete nekoja domasna maska ili nekoj sampon kojj kje go zabrza rastot na kosata? barem use 5cm da mi porasne letovo! vi blagodaram odnapred
^ Јас го масирав на скалпот, оставав да стои еден час и после ја миев косата со бебешки шампон. Имаш и на шишенцето позади упатство како се нанесува.
еве еден домашен рецепт за побрзо растење на коса и за зајакнување: - шампон од коприва (1л) - шишенце рицинусово масло - ампули B1,B6 i B12 (по 3 ампули од сите витамини). Има ефект, ама по малку подолго користење (околу 2месеци). Се зајакнува коренот и косата побрзо расте.