^ Во сите аптеки го има, ама навистина не знам колку чини. Мислам дека е нешто поскап од стандарните шампони, ма да и за тоа не сум толку сигурна.
Е вака сега. Зошто за некоја недела ќе има точно цела година,откако ја ишишав ептен кратка косата,над рамена,до сега ми е над гради,што за скоро 12 месеци,косата ми порасна околу 5-6см,а би требало во нормала 12 цм,и веќе дојде време за шишање,јас пак ќе почнам и ќе се потрудам по вештачки пат да добијам,малку подолга коса,зошто ако ја ишишам па макар и 2цм,ќе ми биде многу кратка. До пред само 2-3 месеци,се обидував на некој начин да го забрзам малку од малку растот,зошто не ми растеше воопшто,задоволна бев и со само половина сантим, за месец,ама во буквална смисла,не дека постојано се гледав во огледало,ама не само јас,туку сите го забележуваат тоа,косата не ми расте,најозбилно. Се откажав,но сега,пак сакам да се обидам,зошто морам да ја ишишам,за месец два,па сакам бар 2-3 см да ја пораснам. Купив таблети пивски квасец и бекомплекс,и ставив 7 б-комплекс,а 20 мислам дека беа,пивски квасец. Знам дека у суштина се исто,мешавина од б-витамини,ама сепак се одлучив за ваква комбинација. Ги ставив вчера,и сега стојат ама не се убаво растопени во шампонот,инаку е орзене за масна коса,а утре сакам да го употребам за прв пат. Дали е доволно скоро 3 дена стоење,за да почнам да го употребам и дали доволно таблетки ставив во 400мл шампон? И да,во меѓувреме ќе се обидам да јадам што е можно повеќе јаткасти плодови,ф'стаци,ореви,бадеми...
Јас го користев од лук од афродита, но бидејќи ми се потроши продолжив да се мијам со Орзене, и забележав дека почна да ми паѓа косата а никогаш пред тоа не ми пагала волку, си помислев дека е период но кога го прочитав ова
И јас го користев пред неколку месеци .. и чудно но, да. И мене почна да ми паѓа косата со негово користење, но не многу. Исто така и добив првут од него. Откако го сменив немам веќе првут и не ми паѓа толку многу косата.
Za pobrzo rastenje i za zdebeluvanje na vlakonoto mi preporacava Caps Inneov za zenski i maski poiseni se apcinjata i mi predloziva derma roler so kokteli,napraviv dva tretmana i mi bese dovolno vo edna ordinacija kako svemirski brod vo Ajrodrom do trgovskiot Biser, ne mi teknuva imeto bese nesto so PLUSderma,dermaPLUS (super se) provereno i so cena
Во врска со темава, јас сметам дека покрај разноразните препарати наменети за забрзување на растот на косата, мислам дека најголемо влијание има храната која ја внесуваме, посебно јаткастите плодови како бадеми, ореви, семки од тиква итн. Моментално сме под рестрикција - мајка ми постојано измислува некои нови закуски со јаткастите грицкалки и секојдневно ги внесувам, највеќе бадемите - непечени. Ноктите ми растат како луди, не ми се толку осетливи и кршливи, па дури и ако напукне некој и го исечам, за два до три дена повторно си достигнува пристојна должина, а порано со недели сум чекала да ми пораснат убаво. Исто е и со косата - нема два месеци откако ја ишишав нешто под рамениците, а сега веќе ми е до градите и порасната е минимум 5 сантиметри. Ќе ја шишнам малку на врвовите кај и да е, но зборот ми беше дека откако почнав да конзумирам вакви работи процесот на растење е доста убрзан, па не ве кошта многу да пробате.
Што се замарате толку? Се сеќавам и јас еднаш бев опседната од ова. Ништо нема да ви помогне. Само да ја шишате и одржувате. А тие чуда што ги ставате можат и да штетат. Подобро исхранувајте се здраво.
devojki posle sekoe mienje plaknete ja ednas kosata so voda od svareni koprivi slusnav deka mnogu pomaga go zabrzuva rastot i go sprecuva opagjanjeto na kosata ))
Mishela-Несакав да те цитирам и да се уфрлам,ама сакам само да кажам дека со месеци умерено консумирам,бадеми,лешници,ореви,индиски ореви,ф'стаци,и не сум забележала ефект.Дури и маска за коса направив,микс од сите овие,и ја ставав еднаш неделно,4-5 пати ставив и зошто невидов никаков ефект и се откажав,скапи се за на коса си реков ќе ги консумирам како и обично.Ама немам ефект,кашкавал јадам секој ден,грашак,јајце,банана и скоро се што има во составот Б-витамин,пак нема ефект. SnowWhite8-Никој нема да ми верува дека косата не ми расти,не сум воопшто опседната со косата,и ми е најпоследното нешто(барем периодов) за кое се грижам.Ама,врвовите веќе почнаа да пукаат, и тоа цела година штом издржаа,супер се,а мене косата никако да ми порасне.Почнувам со употреба на пивски квасец во шампонот,па ќе видиме за некој месец. Не ви се уфрлив во муабет за да ве матам со моите проблеми,туку сакав само да потенцирам дека верувам дека има некој како мене што навистина не му расти косата,покрај тоа што имаа пробано најразлични средтсва,па пред да кажете ,,не се замарајте со косата,и оставете ја да расте природно,, размислете дека на некој не му расте воопшто,или тоа е минимално,а тука дошол со надеж дека ќе најде лек,зошто не ми е ич мене гајле дал имам до задник или до гради коса,туку пука,пукаат врвовите,од самиот воздух,влага,сонце,особено море,базен во летниот период,се оштетува и мора на шишање,а што кога цела година не ви пораснала ни 10цм? Ме плаши фактот дека ќе одам или со испукана коса,зошто се шират и нагоре испуканите врвови,или ќе треба да ја кратам до над уши.
Кики, можеби не ти фали витамин Б, па до тоа е проблемот. Јас мислам дека премногу си се оптеретила со помислата за подолга коса и затоа мислиш дека нема напредок, а сигурна сум дека има барем минимален, кој можеби и не е толку приметлив.
Значи вака: Купив рицинусово масло и сакам да прашам дали да го ставам само тоа или да направам некоја маска со него ?
можеш само маслото да го ставаш, а некој имаше пишано и дека меша неколку лажички масло со едно јајце па го става
Јас вака правам маска може било какво масло јас обично користам или маслиново или ореово 1-2 лажици масло жолчка од јајце 1 лажица сок од лимон исцеден 1 лажица јогур (само да е подебел) целата смеса ја мешам и ја нанесувам на скалпот а ако ти остане можеш и на цела коса да ја размачкаш, нека стои најмалку еден час. Косата е мека, нежна како свила а и коренот потхранет
Мачкај го коренот со маслото, а поефикасно било и да се помеша со маслиново и да се поминува на коренот .. што можеш подолго време да го чуваш
Поминаа негде 20тина дена откако го купив Оrzene шампонот врз база на пиво, тој за сува и оштетена коса. Јас лично сум презадоволна. Ми порасна косата негде 1цм, што кај мене не се случило никогаш, порано по 1цм ми растеше за 2-3 месеца.
Јас си ставам само од него на коренот, само не ставај во големи количини,ептен малку треба оти после мн тешко ке го измиеш.. јас го оставам да стои еден саат или најмалку пола,за да има време да дејствува