Во глобала, баш и нема некој рецепт кој гарантира забрзан раст на косата. Претходно наведените совети кај некој имаат ефект, а кај некој баш и не, и самите го забележувате тоа. Всушност тајната за побрз раст на косата е да не се оптоварувате премногу со нејзиното растење. Едноставно престанете или во најмала рака до колку не можете, намеалете го изложувањето на вашата коса на висока температура (преси, фенови, фиграро, ... итн.). Ставајте маски на природна база. Еднаш до два пати неделно практикувајте да спиете со намачкана коса со бадемово/рицинусово/маслиново/кокосово масло, или комбинација од истите. Мијте ја косата со лесен шампон на секои 2-3 дена и користете регенератор. За неколку месеци ке забележите не само подолга туку и поздрава коса
Јас од утре купувам б-комплекс таблети, бадемово масло и почнувам со опоравување на косата. И најбитно ќе ја пострижам оти веќе почнаа врвовите да ми се делат.. Многу ми се оштети косата ова лето, и многу ми е жал што наместо да ја носам така природна јас ја горев со пегла, фигаро и триста други препарати.. Лани имав прекрасна коса, многу здрава со тоа што пиев б-комплекс и растворив исто во шампонот и ја мачкав со бадемово масло.
Јас пред некое време го купив овај шампон Го купив на намаление од Тинекс 89 денари, на него пиши дека го стимулира растењето на косата и го зајакнува влакното, и искрена да бидам кај мене има малце ефект, ќе видам за понатаму. Пробајте
И мојата коса никако да порасне, ја мијам 2 пати неделно,пред да ја измијам ставам рицинусово масло на коренот и го држам неколку саати,потоа прво ставам шампон од коприва( од алкалоид,една другарка ми го препорача) измешан со 2 ампули бекомплекс на 250 ml, па шампон од Лореал тотал ехтрим новиот за сува коса,па регенератор, па после ја прскам со регенератор од Глис за расчешлување што не се плакне и на крaј и ставам силиконски капки. И сето ова што го изнапишав е џабе, зашто косата ми е претерано сува,не ми расне и не е убава
Добар ефект за раст имаат шампоните на Илирија посебно од бреза,бидејќи содржат природни екстракти демек ама во секој случај стварно има подобрување осеќам и јас
Навистина ли има толку голем ефект,па за 20 дена да косата порасне 1цм?! Гледам дека многу го фалите шампонот,па и јас да пробам но косата ми е нешто до кај рамената ама многу ми е ретка Бидејќи ја ишишав косата пократка,а годинава сум 8мо одделенка и би сакала за полуматурата да ја пораснам
Јас сега најново си купив Рицинусово масло. (Малку претервам со купувањево средства за коса )... Ова масло е број 1 за растење на косата, Клеопатра на времето го користела за убавина. Па сега останува да чекам резултати.
Со маслава никако не можеш да пртераш, можеш само позитивно од нив да видиш. И јас ставав рицинусово пред секое миење една ноќ да ми стои или неколку часа пред миењето. Сега некако со обврскиве ја изгубив таа рутина, ама пак треба да почнам.
Смешно е знам,ама каде можам да најдам цимет,овој во прав што е опишан во линкот,патем и ако некој знае каде можам да најдам и масло од цимет?
Цимет во прав можеш да најдеш и во најобична продавница. Пакетче мало, околу 5 денари чини. Инаку во поголемите маркети можеш да го најдеш и во тегли, кутии и така.. А за маслото од цимет прв пат слушам.. Останува некој друг кој знае да ни каже нешто повеќе за него...
Многу сакам да имам ваква долга коса,до половина!И сега ми е прилично долга,ама додека да порасне до половина... Ќе го пробам ова со рицинусовото масло,се надевам помага.
Рицинусово масло помага и во растење и во сјај на косата! Мајка ми го пиеше за поголема активација на дигестијата и метаболизмот
Женски да ви кажам на вас кои ке се одлучите да правите маски со цимет, да знаете дека после косата мириса на цимет до кај третото или четвртото миење. така да ако не можете да го поднесете тој мирис на себе пробајте со нешто друго. Инаку сто се однесува до растот на косата јас како маска сум пробала скоро се што е напишано на форумот и не видов неки значајни резултати бидејќи генетски бавно ми расти косата и имам тенка коса. Како и да е за мене најефективен се покажа БРЕЗОВ ШАМПОН ОД ИЛИРИЈА + Б - ВИТАМИНИ. А како маска на косата ставав еднаш неделно или 2-3 пати во месецот некое масло : маслиново/кокосово / рицинусово. Косата не ми е којзнае колку долга (но тоа делумно се должи и на честото потстрижување) ама имам многу здрав изглед на косата. Тоа е моето искуство со овие препарати, останува на вас да пробате нешто
јас пролета и цела зима пијав б комплекс и заприметив дека ми порасна косата ама и телото расти не само косата
Почнав да ја мачкам косата со рицинусово масло на коренот ја чувам 1 саат и ја мијам со шампон(оризење) ставам регенератор(оризење) кога ке се подзасуши ставам силиконски капки(од авон) и можам да кажам дека за 2 недели гледам разлика не е којзнае колкава но сепак ми пораснала Можете да пробате
Se prenacitav na forumov ....se odluciv za samponot Orzene go zemam nekade 2 meseci ... Ima efekt vo dolzina ali kosata mn mi opaga neznam dali e do samponot ili ....?? Sega isto citav deka ricinusovoto maslo pomagalo so mackajne na korenot nekolku casa pred tusirane ce probam i so ova ....ali problemot e opaganjevo neznam so da pravam ??
^ И јас скоро две години ја миев косата со Orzene. Мене искрено ми порасна многу косата од тој шампон со пивски квасец. Задоволна сум од шампонот. Сега користам друг шампон и овој е преубав и од него задоволна сум многу гледам косата порасната ми е. Спојлер Овој е шампонот што го користам моментално и навистина има ефект кај мене барем.