Јади ја корката од лебот, побрзо растела косата хахахаха Така ме лажеше баба ми како помала за таа да го јади мекото од лебот а јас корката, носеше вилици жената, не за друго
прочитав еден рецепт за раст и сјај на косата го пробав и косата навистина е поубава, погуста и сјајна....пробајте ако сакате во шампонот со кој се бањате ставите две лажичи сода бикарбона и сок исцеден од 2 лимони...убаво измешајте и користетго има резултати...позз
Зелен чај Зелениот чај многу помага при растот на косата, бидејќи содржи голем број антиоксиданси. Можете да го пиете или да го измешате со шампонот, лосионот или со друг препарат за коса. Компир Искористете ја водата која ќе ви остане по варењето компири за да ја измиете косата. Потоа убаво исплакнете со шампон. Масло од семки од грозје Нанесете топло масло од семки од грозје на кожата на главата, непосредно пред спиење. Ова правете го два-три пати неделно. Маска од јајца Измешајте јајце и 50 грама маслиново масло. Смесата нанесете ја на глава и замотајте ја со фолија. Оставете да делува барем еден час. Потоа измијте ја косата со благ шампон и ставете балсам. Ова правете го еднаш неделно.
Овој шампон ми го порача една колешка од работа, поим немам од каде точно рече дека од Италија негде го правеле и некој тука во Македонија ги носел, дали од Гостивар, дали од Тетово искрено не знам. Имаше каталог донесено и јас си го порачав шампонот и маска за коса. Баш пред некој ден ја прашував дали се уште има, ни рече дека не носел повеќе човекот сега за сега.
Јас го имав користено шампонов, навистина е убав, за пари не ми текнува колку беше, јас го купував во маркет. Така да во поголемиве маркети го има сигурно.
Го има секаде, Tinex, Carrefour, Vero и регенераторот и маската за сува и оштетена коса околу 170 денари е некаде
Тој проблем се решава со повремено менување на шампонот. Orzene е одличен шампон (а не сум позната по фалење на производите ). Го користам во комбинација со балсам од истата линија. После употребувањето резултатот е свиленкаста коса и лесна за фенирање/средување. Единственото нешто кое му е недостаток е тоа што од него после одредено време се забележува паѓање на косата. Тоа го средив на начин што после 5-6 миења со Orzene, менувам шампон и нанесувам друг балсам. Тоа го практикувам во наредните 2-3 миења. Откако почнав така, немам проблем со опаѓање на косата. Не му ја мисли, проблемот е краткотраен.
Јас мојата коса ја израснав со витамин Б 6 во шампонот, Во еден шампон ставав 10 столчени таблетки и после го употребував.. Ти најубаво земи си ампули Б6 од аптека доволни ти се 2 ампули за шампон од 200 мл.. се надевам помогнав
Дали повеќе ти пукаше косата кога го користеше шампонот, зошто имам слушнато дека побрзо расте ама и повеќе пука ?
Пупи, јас мислам дека то со пукањето има врска со квалитетот на самото влакно - ако ти е потенко влакното и склоно кон пукање, нормално дека покрај употребата на шампонот ќе треба и почесто да се дружиш со ножичките, а напротив, не мора да кратиш којзнае колку, доволни се и неколку милиметри (ако веќе ептен до толку имате уплав од ножички) и по некое време пак кратење минимално. Ако имаш појако влакно, сигурно дека нема да имаш толку многу испукани врвови, но како и да е, покрај употребата на ваквите витамински шампони не ги заборавајте ножичките.
Бидејќи ми беше многу кратка косата како раснеше така одев на фризер да ми дадат форма па немам приметено дали косата пукала
Mishela мислам дека си во право, ќе треба почесто одење на фризер, јас си ја имав косата шатирано и почнав редовно да одам на фризер. Мојата коса си расти ама имам уште малце од тоа шатираното и ми е испукано. Сакам уште малце да ми порасне косата за да одам и целосно да го отстранам плавото, а да не изгубам многу од должината. Вреди да се проба со витаминскиот шампон во секој случај
Девојки,сум прочитала наназад низ страниве,споменати беа апчиња-Мерц,е сега јас ги забележав случајно во локалната аптека,и на паковката пишуваше,за сјајна и бујна коса,здрави нокти и кожа. Па,саакав да прашам,дали некој има искуство со овие таблети,дали се забележува раст и на густина и сјај на косата или исто како и другите препарати,за џабе фрлање пари или..?
Имам користено секакви видови масла, со години ги користам, да не речам од дете. (Нели природно е, поздраво од шампон). Но за растење на косата, најголеми резултати ми покажа само Рицинусовото масло. (го користам 2-3 пати неделно).