ја викам секој месец по 1цм да си скратувате и мислам ке порасне малце,ако не ја шишате ке ви почне да цвета па ке морате после скроз да ја ишишате
Оф душо, таа одвај 5 мм расти, не па по 1 цм да ја кратиме... ( Да не сум офф, мене со маслата за коса сега побрзо ми расти, 1 цм. месечно обавезно )
Нее бе како секој месец шишање, еднаш ке си отидеш на фризер и ќе ти ја среди како на мене што ми ја среди сега не ми цвета а јас со години не бев отишла на фризер од страв пошто еднаш ми ја утна скроз а сега добро поминав. И приметив откако ја ошишав побрзо расте, мада не се замарам сега со тоа толку откако ја пуштив малку да личи на нешто.
Не забележа ни на раст,нити на квалитетот(цврстината,густината,сјајот) на косата? Друг некој,имал искуство,сериозно сакам да ги купам,што се веќе не направив,да чекам резултати за два три дена,ајде да се лажам дека не ми расти,ама веќе година и нешто повеќе е,баш ја мерев точно 7цм,за 13 месеци.Не сум ја скратила воопшто и со истава должина,од мај месец сум,едвај сантим ако пораснала. Навистина незнам што веќе да сторам,не ја ни дувам со фен,а не пак на фарби или пеглање/виткање да помислам,нема испукани врвови,доста здрава ми е,и пак исто. Отупев знам,ама навистина ме иритира фактот дека косата не ми се регенерира и помислата дека нешто не е во ред.
Кај мене ставањето Б витамини во шампонот имаше резултат 1цм и 5мм ми порасна, задоволна сум за прв месец. Инаку и многу бебешки ми пораснаа едни дури не се доволно долги легнати да речам да седат па исправени си стојат кај темето едвај ги местам За тоа многу се израдував бидејќи имам ретка и слаба коса (добро сега не е баш ретка подобрена е) со новиве влакна ќе ми се згусни веројатно. А инаку дали имате совет за како да ги спречам врвовиве од расцветување? Вака џабе ја растам кога на крај повторно морам да ја шишам поради врвовиве. Некое масло или маска нешто? Исто така кое масло го користите за побрз раст на косата и ако некој знае некое за нејзино згуснување?
Користам ампули од витамин Б6,Б11 и мислам Б1 прво ставив по две од секоја во 400мл шампон Орзене,а потоа ставив исто така по две од секоја во 300мл шампон Џонсон. Исто така и еднаш направив маска со маслиново масло, една жолчка и лажица мед, не знам маскава дали помогна со растот,но дефинитивно ја направи мека,сјајна и убава. Прво бев скептична бидејќи имам мрсна коса па да не ми свети или да не ми се замрси уште повеќе од маслиновото масло,но немаше ништо од тоа. И тоа повеќе ќе ми беше косава порастена,но ја скратив бидејќи ми беше оштетена. Но и внимавав само еднаш ја испеглав,а и гледав поретко да користам фен,но тоа баш и не е ми е можно бидејќи неисфенирана изгледа како да не ја имам ни исчешлано. Ќе продолжам со ова,а можеби и ќе започнам покрај ставањето ампули в шампон да пијам таблети сакам да ми биде убава пристојна должина до јуни. Значи имам 9 месеци, девет месеци по 1,5цм ќе ми порасне 13,5цм и кратење еве на два месеци по 1цм ќе ми биде околу 9цм подолга тие да ги додадам на моите 36 ќе ми биде 45цм долга.
а ќе делува ли ако во Becutan шампон ставам б-комплекс ампули и како беше тој рецептот со пантехол раствор
немој да ми се смеете да прашам ја можи ли во шампонот место ампули да ставам б-комплекс таблетки? да ги оставам да се стопат, ќе има ли исто дејство??
Мене за побрз раст ми помага шампон од бреза од Илирија, за кратко време осетив разлика пробајте и на шампонот си пиши за брзо закрепнување и раст на коса, со природни екстракти од бреза е
значи јас користев Б шест а не Б комплекс има разлика мислам а можеш да пиеш Б комплекс за побрст раст на нокти и коса, а Б шест да ставаш во шампон
јас си имам мака со косата веќе 2 години како не ми е порасната ни малце...Ама секој месец ја фарбам и оштетена ми е мнооогу и што е најтрагично последниов месец кој и да ме види ејјј си се шишала уфф се нервирам незнам што да и направам веќе маски,капки се и ставам ама џабе
Истрижи ја за да ти се обнови. И на секои 2-3 месеци стрижи ја по малце. Ми кажуваа дека ако е врзана повеќе расти, ама јас не верувам.
Имам многу долга коса. При секое миење нанесувам различен шампон. Обично имам по 2 и ги мењам, денес од едниот, утре од другиот. За 1 месец ми покажа голем напредок и продолжив со истото темпо