сакам нешто за згуснување, планирам Алпецин да си земам.. многу брзо ми раси косата во должина,ама во густина катастрофа од некој др шампон за згуснување дали сте задоволни?
Знаеш дека убавината на косата, а и на се останато, не зависи само од надворешна нега? Убавината е од внатре, а ако има нешто што не чини од внатре, тогаш тоа се манифестира надворешно. Така да, џабе ти ставаш маски, купуваш препарати, кога проблемот може да лежи во твојот организам. Направи си анализа на крвта, и во најмала рака пробувај да внесуваш витамини секојдневно, како додаток во исхраната. Поготово, во периодите кога има прелаз од едно годишно време во друго, бидејќи нели тогаш, имунитетот се намалува. Посебно, внимавај на внесување витамин Б. Ова од искуство ти кажувам. Додека не си го подобриш имунитетот и да почнеш да внимаваш на витамините, нема да можеш да пораснеш убава и здрава коса.
Imam napraveno proverka na krvta pred nekolku meseci....se bese vo red...Ce proveram uste edna za da sum sigurna mozebi e i toa vnes na povece vitamini....
^ Епа пишува дека има ефект, значи расте. Секоја коса е различна, мораш да пробаш. Нешто што на другите ќе има ефект, на твојата коса може да нема и обратно.
Не, не и не... Не постои поголема глупача од мене! Косата ја скратив, многу! Ви се молам кажете ми како да ми порасне барем некој сантиметар. Сакам да пробам со ставање на б-комплекс ампули во шампонот, пробал некој? Било какво искуство, добредојдено. Спојлер ...одам да плачам
Јас пред 2 месеца ја скратив косата и гледам дека за ова време ми е порасната околу 4цм. Пред секое миење на коренот ставав топло рицинусово масло, помешано со малку маслиново за да се разреди или чичково. Го држам по 1 час и потоа убаво ја мијам косата. ( моментално со кокос шампон од Афродита). Со сигурност велам дека имаат влијание, барем кај мене. Исто така редовно пијам зелен чај или коприва. Некогаш ја плакнев со сварени листови од орев. Ова со маслата добро се покажа и планирам и натаму да го практикувам, ја сакам уште подолга. Ќе ставам во шампонот и ампули Б6, Б12. Гледам дека некои имаат пишано дека и тоа има влијание. Уште што нема да направам за оваа коса моја, ме измачи веќе
Подобро пократка и здрава од долга и изгорена. Вчера и јас ја скратив, пократка не ми била во животот, најдолгиот дел ми е до половина од градите... Ајде ќе си ги пораснеме пак, со користење шампон од коприва и секој друг метод што ќе го слушнам. Се мислам дали да си купам фитовал капсули... Ги користел некој ?
Кога веќе ги користиш шампоните на Афродита, зошто не пробаш со тој од коприва? Потврдувам дека има влијание во растењето на косата и плус го намалува паѓањето и тоа многу. Точно е дека по малку ја суши, но сепак како и останатите шампони на Афродита и овој е со поблага формула, доколку користиш маска не е ништо страшно. Поздрав
Баш денес купував и се мислев меѓу тој од коприва и камилица со липа, но го земав вториот. Мислев дека ќе ми ја суши косата оти кога го користев тој на Илирија многу ми беше сува на коренот и ме чешаше. Затоа не се одлучив, а мислев дека повеќе одговара на мрсна коса оти една другарка го користи, а нејзината многу се мрси. Маска секако користам, така да нареден пат ќе го пробам од коприва. Фала на советот
А да те прашам:која количина од рицинусово и маслиново ја ставаш? и заедно ги загреваш или...?[/quote Ставам лажица и пол (голема) рицинусово и една мала маслиново. Заедно ги загревам малку и нанесувам убаво на коренот.( јас правам патец на средина и нанесувам, ако остане малку со прстите масирам секаде)
Sega ce prodolzam pak so samponot orzene ....Dali ce mozit nekoj potocno da mi kazit sto da stavam vnatre koj ampuli...?? Sakam i so tie da probam ? Fala
Mene mi kazaa deka kokosovoto maslo pomaga za rastenje na kosata i ja generira suvata i ostetenata kosa.... Dali nekoj znae da mi kaze kako se upotrebuva ?
Си ставаш малце во раката и го распределуваш низ косата. Не ставај премногу зошто тешко е да се измие
Сакам да прашам дали може во алпецинот да ставам од Б витамините.. тие погоре што ги имате спомнато? ако знае некој да ми одговори
Кофеинот локално ја стимулира микроциркулацијата на наголемиот орган во нашето тело, кожата, па така делува и на коренот на влакното на главата. Значи благотворно дејство имаат сите производи кои во себе го содрзат кофеинот, лосиони или шампони...
Во последно време кој и да ме види првата реакција му е ,,Леле колку ти пораснала косата ,па како па што..,, Значи единствено пред да ја мијам косата 1 саат ставам рицинусово масло на коренот и толку. Од кога почнав да го ставам секој ден слушам како ми пораснала косата но и самата приметувам така да ви препорачувам да пробате
Имаше мислење горе дека Во шампон од коприва изгречкани 3 апчиња пивски квасец, 3 витамин Б6 го забрзува растот, дали ке помогне ова? И 3 апчиња од пивски квасец да одат дирекно во шишето во шампонот илии?