Што мислите,кое од маслава рицинусово,маслиново,ореово и чичково,помага најмногу? И треба да се нанесе и да отстои околу 30 минути пред миење на косата,така?
Супер што ти пораснала, но јас не препорачувам миење на косата секој ден, зошто така побрзо би се мрсела, јас косата ја мијам два пати неделно и ќе пробам така со рицинусово масло, ама страв ми е да не не можам убаво да го измијам па да шетам мрсна после
мојата коса ептен брзо расте.дури и претходниот месец ја сечев 2 прста и ете скоро три прста ми е порасната и тоа обично миење со шампон 2 пати неделно, не ставам масло ниту пак нешто друго (само лук одвреме навреме поради паѓањето на косата)
Малце не разбирливо сум напишала сакав да кажам дека СЕКОЈ ДЕН СЛУШАМ КОМЕНТАРИ ЗА РАСТОТ НА КОСАТА не мислев на тоа дека ја мијам секој ден (ја мијам 2 пати неделно) Немој воопшто да се секираш нема да шеташ мрсна ,се мие убаво малото ич не му ја мисли слободно стави и ке се изненадиш
Девојки ако сакате долга и квалитетна коса за кратко време земето шампон mane n tale (коњски шампон) 1л е 1200-1300 ден.проверено
Рицинусовото масло е потврдо од бадемовото. Значи мој совет кога ставате земете мало количество протријте го на прстите и исто како да ставате гел нанесете го. Потоа со фен за коса стопете го малце. Исчешлајте ја косата за убаво да се распореди маслото. На него пишува оставете го 1 час. И така си чекам сега еден час. Малце грдо мириса, ама за убавина се трпи хахаха
Еве некои совети на тема - Витамини кои поттикнуваат раст на косата, се надевам ќе ви бидат од корист http://karmin.tocka.com.mk/56/111829/vi ... -na-kosata
редовно еднаш неделно да ја чувате косата намрсена во чичково масло ептен брзо расте мене за2 месеци ми е некои си 2-3см порасната
А како го нанесуваш лукот на косата против опаѓање бидејки јас имам проблем со опаѓање.. Не мириса ли потоа? Би ти била благодарна доколку ми одговориш
Здраво, косата ја мијам еве два месеци со брезов шампон со ампули, па сакам да прашам дали може да биде штетно ако продолжам со ампулите, или да направам пауза, бидеќи косата почна да ми станува како сува..
Ако ти е сува ставај си маска или балсам, нормално е ампулите го сушат влакното и скалпот Мислам дека ако си ја миеш секој ден може првут да ти се направи, со брезов шампон и ампули миј ја косата барем два пати неделно и ставај си маска, ама нека ти стои подолго време
probajte so maslinovo maslo mene mi ima pomognato, i posle бањање ја плакнев косата со зелен чај или чај од камилица...маслиновото масло 30 мин на коса да се чува и да се измие после
Пробај некое време користи поблаг шампон, па повторно ставај од тој со ампулата изгледа многу му дојде на косата