Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    а колку време го користеше кога ја забележа разликата и колку ти порасна косата? дека и јас го користам истиот шампон(многу убаво ми мириса :lol: ),па сакам да пробам ..
     
  2. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Еден месец, скоро 2 цм. ми е порастена, ама не ги ставив во цел шампон туку турив во друго шишенце посебно, ти ја прави малце и побујна косата ама нема гајле :D :hai:
     
    На pavlinapale му/ѝ се допаѓа ова.
  3. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека доста помага храна со Б витамини, а како третмани да ја измиеш косата со јаболков оцет, а после тоа со шампонот кој си го користите, колку да не мириса на оцет. И баш ќе почнам ова да го применувам па ќе пишам резултати.
     
  4. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    Планирам да си купам пивски квасец и рицинусово масло,па ќе ви пишам каков е ефектот за околку 1 месец..(ако не заборавам :lol: )
     
  5. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Пробав оваа недела,епа вака:
    ^ПРОЦЕС:
    Се крши јајцето,се става во еден сад,во тој сад се цеди половина лимон,се додава лажичка мед,сето тоа се мати убаво и маската е готова :D
    Еве зошто се користат:
    Јајцето-сјај и помека коса
    Лимон и мед-витаминот Ц :)
    Делува,косата бидејќи мене ми е густа и крута ми ја направи помека и многу ми се допадна :)
     
    На lovelivelaugh му/ѝ се допаѓа ова.
  6. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Неколку трикови за побрз раст на косата:
    1. На секое чешлање на косата со четката или со чешелот, малку повеќе притискајте на темето на главата. На ваков начин ќе ја зголемите циркулацијата на главата со што ќе овозможите побрз раст на косата. :D

    2. Секогаш кога се чешлате гледајте тоа да го правите со наведната глава. Со четката започнете од тилот на главата, па преку целата должина на косата стигнете до косата која се наоѓа во пределот на челото. Потоа исправете ја главата и со рацете благо поминете по косата за да го добиете посакуваниот облик и форма. :lol:

    Вообичаениот начин на чешлање кој повеќето жени го применуваат е обратен, но со овој начин на чешлање визуелно ќе го зголемите волуменот на вашата коса. :)

    3. Употребувајте масло за коса еднаш во текот на една седмица. Пред да одите на спиење, нанесете го маслото убаво по целата површина на косата. Наредното утро исплакнете ја косата со вода и благ шампон. Употребувајте хранливи природни масла. :inlove:

    4. Маслото од хибискус е познато како најдобро средство за побрз раст на косата. Во топла вода во која ќе додадете кокосов раствор или кокосово масло, ставете еден цвет од хибискус и оставете ја водата да стои во текот на ноќта. Наредното утро со неа, неколку пати исплакнете ја косата. За побрзи и подобри резултати, постапката повторувајте ја еднаш неделно. :rofl:

    5. Задолжително пред да легнете да спиете, косата сплетете ја во не толку цврста плетенка или едноставно заврзете ја по ваша желба. Вака се спречува непотребното кубење и опаѓање во текот на ноќта. :)

    6. Бадемите изобилуваат со витамин Е, кој е од особена важност за растот на косата. Грицкајте бадеми и друга храна која го содржи овој витамин. ;)

    7. Миењето на косата со многу топла вода ги уништува влакната, ги отвора порите на главата и придонесува побрзо опаѓање на косата. Секогаш мијте ја косата со млака вода и спречете го предвременото опаѓање. :rofl:

    8. Честото миење на косата му штети на влакната и прави многу почесто косата да биде мрсна. Препорачано е косата да се мие со многу благи шампони барем три пати во текот на една седмица.
    Одвикнете се од секојдневното миење и оставете ја косата да диши. :D
    Во темата Масла за коса ги имам набројано сите масла за коса кои имаат ефект еве ви го линкот kosa/masla-za-kosa-t13158/470.html#p1934382 :D
     
  7. Adorable123

    Adorable123 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Devojki jas sum nova na forumov :) gi procitav site soveti za rast na kosata... od utre ke go probam onoj so ampuli vo sampon :D :D Sakam samo da ve prasam znaete li dali ima vrska oblikot na kosata ( dali e na stepen sisana ili ramna) ?? :D :D
     
  8. lipstick-jungle

    lipstick-jungle Нов член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    За побрз раст на косата користам производи на Милва, шампон со хинин и хининова вода. Не само што го забрзуваат растот туку и го спречуваат опаѓањето на косата. Навистина прекрасни произвоти за ич пари, околу 50-60 ден. :) :emo:
    Еве го шампонот:
    http://www.milva.eu/images-products/big/4.jpg
    Еве ја хининовата вода, неможам без неа 8) :
    http://www.pharmalife.bg/userfiles/productlargeimages/product_613.jpg
     
  9. ladybug1

    ladybug1 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2

    Каде можам да ги најдам шампонот и водата? :)
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. love-cat19

    love-cat19 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    31
    Пиев пивски квасец ич не ми помогна само се здебелив :D Се е до коренот на косата,мене споро од секогаш ми растела,не помага што и да пијам,некому брзо,зависи, имам читано бадемово масло помагало но сеуште немам пробано.
     
  11. sercee

    sercee Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    25


    Mene mnn bavno mi raste kosata i nemam mn volumen....imam probano so se i sesto....da go zemam li ova sigurno ce mi pomogne...ne e do parite no vece imam strav od tolku mn raboti so imam prekoristeno na kosata da ne stane poloso :( :(
     
  12. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.343
    Допаѓања:
    2.607
    И јас имам слушнато дека хининова вода многу помага,од кај ја купуваш? :)
     
  13. Dakota

    Dakota Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    Исто и јас имам слушнато дека помага во растот водичкава и дека ја има само во Бугарија, е баш се израдував што ја има и овде, ај те молам кажи ми каде се продава. Фала однапред :* :* :*
     
  14. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    27
    и јас го користам истиот шампон ама внатре ставам и ампули б6 и б12 и ке видиме каков ке биде резултатот
     
  15. Monku

    Monku Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Може да ни пишете од кајја купувате хининовата вода ве молам :D
     
  16. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Моментално користам Ревитин и Пантенол раствор дали некој ги има користено и дали има позитивни резултати?
     

    Прикачени фајлови:

    • revitin.jpg
      revitin.jpg
      Големина на фајлот:
      33,8 KB
      Прегледи:
      352
    • pantenol.jpg
      pantenol.jpg
      Големина на фајлот:
      144,6 KB
      Прегледи:
      352
  17. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски

    Може да ми кажеш која е намената на Ревитин-от? Интересно изгледа, ме интересира дали обезбедува хидратација на скалпот, јас со тоа имам проблем па би било убаво ако помага. И која цена е и од каде го купуваш? Фала однапред :)
     
  18. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    ревитинот ја подобрува циркулацијата, не ја мрси косата дополнително и се става на скалпот со дружни движења, малку понекогаш пецка, јас го користев и ми беше убав неколку пати потоа почна да ми паѓа косата, односно да ми паѓаат мртвитте клетки а со тоа и оштетената коса, всушност тоа е и намената за ревитализацијата на влакното, скалпот и подобрена циркулација а со тоа и побрз раст. јас уште еднаш не би го користела. единстевено нешто што ми ја ојача косата беше рецептот некаде на оваа тема напишан со сите витамини ампули во шампон од рецепт за побрз раст на косата. за два месеци косата ми беше појака и погуста
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    4.329
    Пол:
    Женски
    Пробав оваа недела,епа вака:
    ^ПРОЦЕС:
    Се крши јајцето,се става во еден сад,во тој сад се цеди половина лимон,се додава лажичка мед,сето тоа се мати убаво и маската е готова :D
    Еве зошто се користат:
    Јајцето-сјај и помека коса
    Лимон и мед-витаминот Ц :)
    Делува,косата бидејќи мене ми е густа и крута ми ја направи помека и многу ми се допадна :)[/quote]

    Сакам да го пробам ова, ај кажи мии колку време треба да стои маската на коса ? :)
     
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.697
    Допаѓања:
    6.623
    Кај може да се купи тој брезовиот шампон? :)