^А има сигурни резултати, зашто едно време се миев со чај од камилица, маски од јајца со медови, мајонези и ништо не ми помогна, да не купувам за џабе
Јас сега почнав да го користам,еднаш се имам измиено и по мека ми е косата ама имам ставено и б6 б12 ампули,така да ќе видам после неколку миења би требало да има подобровување чим од прво миење има разлика пробај и ти од кај знаеш може ќе ти помогне и не е скап 64 денари го земав од аптека
Сама си направив еден шампон од кој прилично брзо ми растеше косата во тој период додека го користев 500ml - Шампон од коприва 50 апчиња - Б комплекс 5 апчиња - аспирин Апчињата се ситнат и се раствараат во малку вода и откако ќе се растворат се додаваат во шампонот, потоа се мешаат.
На сајтот овде најдов 3 рецепти, кој од овие е најефективен? 1.- шампон од коприва (1л) - шишенце рицинусово масло - ампули B1,B6 i B12 (по 3 ампули од сите витамини). 2. - Шампон од коприва 500мл - Пантенол 50 мл - Капки од коприва 30мл - АД капки- (воден раствор ,едно шишенце) - Б витамин во ампули (2-3 ампули) 3.1. пола литар шампон од коприва 2. едно шишенце капки пантенол 3. витамин D капки уљени 4. едно шишенце рицинусово масло 5. едно шишенце кантарион 6. витамин C ампула 7. витамин B ампула
Сакам само да прашам дали маслиновото масло има некаква улога во растот ? Пошо еве јас ставам веќе вторпат и немам забележано нити промена на растот(знам дека е прерано)ама нити во сјај и мекост. Дали да продолжам да го употребувам за да забележам раст,или за џабе да не го држам на коса,оти кај мене нема ефект ни на сјај ни ништо. Инаку го држам најмалку 1 саат
^ Нема шанси ниту да се забележи од 2 пати ставање. Апсурдо е да се очекува резултат со 2 пати користење. Инаку, само маслиново масло можеби не, ама можеш да додадеш едно јајце и малку мед и млеко и ова во вид на маска да го нанесуваш еднаш или два пати месечно бидејќи нема да имаш потреба од повеќе пати
Јас пишав дека ќе го кажам резултатот од рицинусовото масло и помина 1 месец ама јас престанав да го користам бидејќи после 4-5 пати почна да ми се мрси косата и секој ден ја миев (а обично на 2 дена ја миев пред тоа).Дали на некој се има случено ова? Јас претпоставувам дека е од маслото,нема од што друго да е..
Јас користам веќе 5-6 месеци редовно рицинусово масло помешано со малку маслиново, го нанесувам на коренот, стои најмалку 1 час и после најнормално ми се мие косата. Користам поблаг шампон, моментално камилица од Афродита и немам забележано проблем со мрсење. Дури ми е многу поубаво кога го ставам оти порано ме чешаше кожата и се правеа лушпи. Сепак, кај секој различно. Јас сум задоволна, немам проблем и потврдено дека го забрзува растот. За 1 месец ми порасна косата 2,5цм
Здраво девојки... Јас имам многу кратка коса и виткава,не ми се допага и денеска купив Б комплекс ампули и шампон ORZENE ,ги ставив таму ампулите...Сакам да знам дали може некои негативни последици од ваквото користење на Б комплекс ? Поздрав
Јас да ви кажам,во последните 2-3 месеци користам шампон Коприва значи оној обичниот што е ,и во него ставам сецкан кромид и така го оставам да отстои 15 дена, и потоа си ја мијам косата со него.Па уште еднаш ставам друг шампон или регенератор,за да не мириса на кромид и може да се каже дека има резултати.Косата расте побрзо.
Jас мешам чичково,кокосово и ореово масло и има многу добар ефект!косата ми станува помека и отприлика расте побргу колку што гледам последниве недели.Инаку јас ставам и исцеден сок од лимон и мед,со маслата исто.Пред да ја пробам маскава гледав на youtube,медот има добар ефект и скоро на сите видеа го имаше.Всушност ги користам за побрз раст на косата,а потоа користам и брезов шампон за раст на коса од Ilirija,а некогаш и еден од Palmolive од маслиново масло или пак оној од кромид на Afrodita.Дефинитивно сите помагаат и имаат голем ефект и ви ги препорачувам
Сакам да го пробам ова, ај кажи мии колку време треба да стои маската на коса ? [/quote] Oбично јас ја држам половина час,некогаш повеќе,пред миење
Кога почнав да ставам редовно масла на косата почна да ми расте како луда значи ставајте од маслата од кокос бадем,орев,маслиново
Па јас ставам еднаш неделно и гледам бар 2-3 саати да ми стое на косата се упива скроз али го користам веке година време резултати ке приметиш некаде после 4-5 месеци редовно користење
Знаеш дека маслата повеќе ја мрснат косата? Се става еднаш месечно. Јас би ти препорачала да си го купиш шампонот од лук на афродита, тој е против опаѓање на косата НО мене кај пак ми порасна за само 1 месец користење само шампон.
луѓе за побрз раст на коса и за згуснување помага чај од коприва но треба редовно да се пие барем 3 пати во текот на денот.... јас пиев минатата зима и навистина имаше резултати плус помаѓа и во паѓањето на косата