1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Викротија, Пантенолот не е во ампули. Пакуван е во шишенце од 100милилитри, како сируп.

    Јас го зедов пред некој месец- од јака Радовиш-само сега незнам дали го има, нели фабриката ја затворија. :wasntme:
     
  2. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Сеси јас најдов таблети, спреј за кожата, маст, ама како течност никаде не успеав да најдам. :worried:
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Леле, не ме разочарувај- мене шишенцето ми е при крај. Што ќе правам после?
    И во Зегин нема? :^)
    :(
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.081
    Мене шампонот од бреза од Илирија ми ја здиве косата.Ми се згусна и почна многу брзо да ми расте.Убаво ми мирисаше,ме потсетуваше на детство и си ја измив од мерак еднаш,ми се уарни го истрошив цело шишенце,пред да го фрлам ми текна да ја прочитам декларацијата за каква коса е и баш пишуваше дека го поттикнува растот на косата.Ех случајности...
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Лилит сега ќе ме предомислиш- баш мислев да земам од коприва од Илирија :)
     
  6. nate.k

    nate.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Сестра ми денес си земала рицинусово масло, па ќе видиме каков резултат ќе даде...
     
  7. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    јас пред две недели зедов шампон од коприва, б витамини во ампули и рицинусово масло. Редам 1 саат пред капење од маслото а се мијам со шампонот со ампулите измешан и како да нема некој ефект баш... :( нешто можда малце плус да ми е порасната али очеквев нешто мн повеќе. Прочитав дека кај некои до 3-4 см растела па се измамив. Ќе чекам ајде докрај да видам резултати. Инаку мн апетитот ми се зголеми кога почнав да го користам шампонот а и деновите испив неколку б витамини, сигурно од нив ми беше. :)
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.081
    :))))))))))))))))))))))))
    Ти шампонот да не го пиеше?????????????? :D :D :D :D :D
    Како бре девојче,од шампонот апетит?!
    И што очекуваше ти за 2 недели,чудо од 5 сантими?????
    Месец,месец и пол треба,не 2 недели,ту те прелажавме!
     
  9. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Имам слушнато дека косата побрзо растела и се згуснувала од некој спреј од чемер ( растение). Чемеров се купувал од на пазар, се продавал како сува билка и мислам дека го вареле во вода и водата ја прскале ( во шише од спреј) во коренот на косата и за некое време ( месец, месец и пол) имало резултати. Се користело во мала количина и мислам дека само еднаш дневно, дека бил отровен во спротивно. Јас вака знам, но не ме фаќајте за збор зашто не сум баш сигурна, јас го немам користено, најдобро побарајте на пазар и прашајте за сигурно.
     
  10. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Не појдов во Зегин. :D
    А овој шампонов од Илирија каков е?
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.081
    Обичен,комунистички,во секој маркет го има,дури и во маалскиот. :D
    Татко ми се мие со овој во последно време,нема перут само од овој и од бебешките.Уште еден проблем ќе ви реши ако имате проблеми со перутот.
     
  12. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Од оние од литар што се или половина литар... :^)
     
  13. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    хаха, да lilit заборајв да напоменам дека го пијам!! прочитај го мојот коментар пак па после размисли што ме прашуваш! апетит добив од витамините што ги пиев, пошто пиев и апчиња покрај тоа што се миев со шампонот. И да, добив апетит од нив. Не знам што не ти е јасно. И нормално дека не очекувам 5 см за две недели но си знам колку нормално ми расти косата за две недели бидејки се фарбам плава на одреден период па пратам колку ми е порасната, па од шампонот нема некое подобрување за овој период, исто расте како и пред тоа. А чим расте исто за овие 2 недели како пред тоа, значи и за месец и пол ќе биде исто порасната како што ми растела порано, можда со маало подобрување.
    Не мора да се поставуваш толку арогантно ти на секој пост. Друг пат читај малце подобро пред да излеташ со реакции. Позз
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.081
    Нела прочитај ти што си напишала,па да видиш како звучи.Не сум арогантна,ми падна смешно. :D

    Инаку,еве ви нов рецепт за раст на коса,лажичка мед,лажица загреано маслиново масло и една лажичка цимет.Препорачано е најмалку 5 мин да отстои,а за оптимални резултати 15 мин.
    Мислам дека би имало ефект,логично ми е по состојкиве.Ќе пробам деновие,ќе ви кажам.

    Ако сакате цимет,има стапчиња во новото Веро,само не знам кој вид е,ако е вистинскиот,цејлонски цимет (има три вида),можете да си го користите и за слабеење,лажичка мед,лажичка цимет секое утро и секоја вечер пред спиење.
     
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    ^^ Лилит и јас така го сфатив постот од Нела :lol:

    А Викторија, бев денес во Зегин- нема Пантенол од Јака Радовиш, ама има Пантексол 200мл- 235денари ;)
     
  16. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Леле луѓе као ѕверче од мапед шоу сум во косата од ова ампулите =) бебешките влакна ќе ми се соединат со веѓите уште малку па ќе немам чело??!
    само мене ми здивеа косата вака или ???!?!?
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Би го пробала рецептов, ама многу сум скептична за ставање мед во косата :?:
    Инаку ако е лажичка цимет , веројтано треба од оној што е како прашак, што може и за кување да се користи. Зошто не ми е логично како тој во стапчиња ќе се стави. Имам некои стапчиња дома цимет, ама многу се тврди.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.081
    Ви реков тој во стапчиња,па со ренде да го изрендате или ако имате рачна мелница за кафе или било што такво,затоа што тој во прав всушност не е вистински цимет,туку има аромантично дрвце слично на тоа,со сличен мирис и вкус,само што не е цимет.Ги нема истите својства и нема сладникав вкус,туку е само мирис,па е ок за во слатки работи кога правите,ама ако ви требаат својствата на циметот,тогаш барајте во стапче,само така ќе бидете сигурни дека е вистински.
    А инаку,мед во коса имам ставано,многу ја прави мека косата,не го пресушува скалпот,а убаво го чисти.Природен навлажнувач е,така да немајте гајле.
     
  19. sunnygirl

    sunnygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    19


    i drugarka mi piese tableti od pivski kvasec za da se zdebeli....i supea....se nadu kako gule :D
     
  20. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    А вие што го користите пантенолот,како уствари го користите?
    Се додава во шампон,маска некако се прави или..? :?: