Девојки да прашам јас. Дали чајот од камилица влијае некако на растот и цврстината,густината на косата? И ја осветлува ли? Немам пробано со чај од камилица,но имам пробано со лимон и воопшто не ја осветлува,мислам добро може минимално ама ете,а скоро месец го ставам двапати неделни пред миење.
^^ За осветлување имам прочитано дека помага. А со лимонот не е таква процедурата, треба да стоиш на сонце некое време за да има некакви резултати, но мали се шансите многу да ти осветли.
Ако имаш темна боја на коса, не очекувај дека ќе ти ја осветли за некоја ептен приметлива нијанса. Јас сум русокоса и речиси на секое миење ја полевам косата со чај од камилица, па не сум приметила никаква разлика во нештата кои си ги навела - густината на косата си е иста, си расте нормално како и вообичаено и нијансата ми е иста - ниту помалку ниту повеќе осветлена. Единствено дава убав сјај, на здрава коса.
Повеќе се гледа разлика од шампонот ДОБРО кој е 100% камилица. За побрз раст ставам цимет иста процедура како со пудрата во прав која се става додека е косата мрсна и мислам дека колку толку, сега не наеднаш да ти пораснат 5cm, ама пак има разлика
Се што ви е потребно за прекрасна коса се наоѓа во вашата кујна. Ви пренесуваме два едноставни рецепти за маска која ќе ја опорави вашата коса, ќе го поттикне растот и ќе и обезбеди сјај. --Маска од портокал – Помешајте шоља сок од портокал со шоља јогурт. Смесата нанесете ја на косата, замотајте ја главата со ќеса и пешкир. Оставете да делува 30-40 минути и темелно измијте ја косата. --Маска од банана – Помешајте две згмечени банани, жолчка и лажица сок од лимон. Смесата нанесете ја на косата, завиткајте ја главата со ќеса и пешкир. Оставете да делува 30-40 минути и измијте ја косата. Ова ми го прати братучетками и баш ке ги пробам....
исто така пред некој ден прочитав дека чајот од рузмарин помешан со шампонот го забрзувало растот на косата па незнам колку помага
Да не те ве лажи умот банана на косата да ставите Никако не се измива Јас пред некој месец пробав и гадно се зафркнав.Никогаш повеќе!
Исто и јас се имам зафркнато со бананата, неможев никако да ја измијам...така да мој совет банана никако на глава!
сета среќа што го прочитав ова на време... прееска мислев да направам од мојата маска + да ставам банана но ми излезе нешто и одложив за утре... сета среќа
Извини што само тебе те цитирав,ама ова е до сите што викаат дека не ја измиле бананата од коса убаво. Девојки,не еднаш имам ставено банана на коса,туку најмалку 15 пати и секојпат сум си ја измила косата без проблем.Или неубаво ја блендирате бананата или недоволно ја миете косата. Јас ја блендирам околу 5мин,ја ставам на коса ја држам околу половина час,некогаш и цел час ја држам косата во капа,потоа три измивања со шампон правам и едно плакнење со поладна вода(ова го правам на крај на секое миење) и косата блеска а нема остатоци од маската воопшто.
Mене ми изгледа ова како најнормално нешто,но тоа да се прави секој ден е апсурдно.Не е добро секој ден да се користи шампон,ке почне да ти опаѓа коса па ке имаш уште една грижа,така да би кажала ДА но не секој ден !
Na majka mi i dale maslinovo maslo ama vo obichno shishence od solun, dali mozham da go koristam za na kosa? Za gotvenje e inaku masloto, ima nekoja razlika?
Девојки нешто за зголемување на косата, знам цело време се дсикутира на ова ама овие вие што ѓи спомнувате немоѓам ни да ѓи замислам живеам со мојте и кога би им побарала и 100 денари а не повеќе за косата да ми расте повеќе што се вика од дома на клоци така да би ве замолила да ми кажете нешто вие со разбирање на ситуацијава мојте би ми рекле имаш коса не ти треба повеќе си расне она сама ќе ми купуваш тука глупости па нешто што немора да се купува :/
Куписи шампон Афродита од лук , е сега јас за поголем ефект му ставив свеж лук , малце звучи чудно ама имало ефект .Ти можеш да му ставиш 1-2 чешниња лук , пошто јас малце претерав со луков .Ако не сакаш не ставај лук туку ставајго на косата како маска пред да се капеш и верувајми од кога ке се искапиш со шампон ич косата нема да ти корне на лук , истово ова можеш да го направиш и со рендан кромид .Шампонов ти е 100 денари , а може и да си земеш б-комплекс таблети (40-50 ден.) да ги издробиш и да ги ставиш во шампонот .