Jас го користам шампонот од лук што е и пишував во темата за опаѓање на коса дека многу ми помогна. Косата ми е поцврста и побрзо расте. Внатре ставив пантенол и б6 и б12 ампули и се', само имам едно прашање. По некое време шампонот ми се подели, водата горе а белата смеса долу и некако цел се разводени. Дали и вас ви се прави така или да го фрлам и да си купам друг без ништо да ставам внатре? Моментално не го користам многу ми е сумлив
Девојки .. косава ми расте многу бавно.. и многу е немирна.. годинава сум полуматуранка па сакам да направам некоја штосна фризура.. некоја интересна и долга плетенка а за таа цел е потребна долга коса... косава ми е со средна должина ама сакам да ми биде уште подолга.. Кажете некој препарат.. арно ама да не ми ја мрси косава брзо...
Откако почнав да пијам пивски квасец во таблети доста побрзо ми расте косата. п.с. не дебелеет, навистина.
Јас пред 9-10 месеци се шишав до раменици (може и малце пократко беше) , а сега косата ми е до половина, а не ми е воопшто расцветана, иако ја фенирам и пеглам барем еднаш неделно. Не користам ништо посебно за нејзе освен шампон, чешел и фен (пегла понекогаш). Лани овој период ми беше цела со првут, сега веќе не ми е. Нај прво проверете си ја крвта, направете крвна анализа и внесувајте доста витамини, а и немојте без потреба глупости да користите. Маски, регенератори, спрејови... Два пати неделно миење или трипати доволно е. Верувајте многу ќе ви порасне.
Овие ампулите можат да ми ги дадат во аптека без рецепт? И колку чинат? Јас планирав да ставам здробени апчиња амаа незнам колку да ставам..Некој нека ме просветли
Косата во просек расти 1,5 сантиметри месечно, ако правилно се храниме,со протеини витамини и минерали ќе помогнеме да израсти убава здрава коса, но не можиме да направиме да расти побрзо, можиме само да спречиме да опаѓа.Ако земаме некои лекови,хормони или ако сме под стрес косата паѓа повеќе од нормално.
Сум пробала и таблети и ампули и менување шампони но најприродно и најефикасно ми било со маслата за коса чичково о рицинусово
Девојки вчера бев на фризер и многу ја скратив косата, ми беше скоро до половина, а сега ми е малце под раменици. Пократка никогаш не ми била, али морав да ја скратам бидејќи ми беше многу оштетена. Сакам да кажете некој рецепт домашен или шампон или некој апчина, чај нешто што било за побрзо да ми порасне косата, само сакам да знам некој што стварно има испробано и има резултати, бидејќи страв ми е да клавам се на косава. Ве молам кашете нешто...
Ќе можи некој да ми кажи побрзо, бидејќи сакам одма да почнам, за матура барем малце да ми биди порасната ..
a.nnna зарем 343 страни во темава полни со совети и искуства за побрз раст на косата се малку? Одвои малку време да разлисташ барем неколку наназад и нема потреба да чекаш ниту еден ден.
Нормалниот раст на косата е 1.5 сантиметри во просек месечно. Без оглед дали ќе пијаш вит , се масираш со некои масла или практикуваш триста чуда и ритуали. Како што пишав гледај да спречиш опаѓање на косата, предизвикано од некои болести, стрес, бременост хормони, пиење на лекови, недоволно внесување протеини вит. мин. користење некои методи за обликување на косата по фризерските салони, бланш често горење со хидрогени итн. Или ако веруваш во тие ритуали за косата за брз раст, прво пребарај по нетов прочитај убаво. Ако почниш да користиш нешто, те молам пиши овде што е тоа, измери ја косата сега, измерија за месец дена, ако сакаш постирај и слики за да видам. И мене ме интересира за мојава, пред неколку години бев обседната со тоа, па земав де некој си ампули, де она мерц за коса, де нокој си шампони. Пребарав насакаде и видов дека тој е просекот за растење коса. Една фризерка дури велеше демек ако ја стрижиш почесто повеќе ќе ти расти, си викам што се нема да слушниш, што има везе стрижењето со стимулација на фоликулот
Здраво, јас имам одличен рецепт за побрзо растење на косата што сеуште го користам и е многу ефикасен. Во еден литар шампон од бреза се става: -15 апчиња витамин Ц -15 апчиња Б-комплекс и -15 апчиња Б6 ( Бедоксин ) кои претходно треба да се истолчат. Потоа убаво се размешува и можеш да го користиш повеке месеци. Поздрав
Лилитка ти благодарам Ќе почнам да го применувам рецептот иначе јас користам шампон Фитовал против опаѓање и во него ампули б, б6 и б12 и мислам дека има ефект( барем другите така ми викаат) но не можам точно да забележам бидејќи косата не ми е фарбана. Но сега сакам да пробам со маслава, користам кокосово, но го ставам само на брвовите, досега не сум ставила на коренот :/ Сега читам по форумов дека ореовото и рицинусово, дали знаеш кое помага повеќе ?
и покрај сите овие рецепти за растење на косата, сметам дека многу битен дел е исхраната бидејќи џабе и ставате на косата разни витамини кога телото внатрешно не ги прима. пред една година се ишишав многу кратко, некаде до брадата ми беше косата а сега ми е веќе до градите. пробав со ставање на ампули во шампонот, но мислам дека тоа ми ја презасити косата и побрзо ми се мрсеше. она што мислам дека функционира кај мене е промена на начинот на исхрана и внесување на многу витамини и вода (ова не го правев специјално за косата, туку дека крвната слика ми беше катастрофа) сега користам арганово масло после фенирање на косата (буквално една капка), еднаш неделно ставам бадемово масло да отстои на косата околу еден час и пијам многу вода и биотин. биотинот помага и за зацврстување на косата но и за ноктите.
Денеска го прочитав рецептов па да го споделам. Дали некој знае каде може да се најде рузмариново масло? Потребни состојки: Бел дестилиран оцет Рузмариново масло Кокосово масло Капа за туширање Постапка: 1. Проблемот е во тоа што не ја масираме доволно косата. Масажата на скалпот е неопходна во овој процес. На чиста измиена коса, потсушена само со пешкир, ставете бел дестилиран оцет и масирајте 15 минути со врвот на прстите. Употребете околу 120 мл. 2. Не мијте ја косата. Земете една лажица масло од рузмарин и масирајте ја главата насекаде. Доколку сакате да ја згуснете косата, ставете уште една лажица. Масирајте го скалпот темелно и без брзање. Дестилираниот бел оцет е природен продукт за раст на косата кој помага и за нејзино темелно чистење. Маслото од рузмарин пак, ја стимулира циркулацијата што води до здраво растење на косата. 3. Сè уште не мијте ја косата. Сега, откако го третиравте скалпот, употребете го кокосовото масло за да ја масирате косата по нејзината должина. Ставете малку на рацете, размачкајте го и нежно нанесувајте по целата должина на косата, почнувајќи од 3 прсти од коренот, па сè до долу. Не претерувајте со кокосовото масло бидејќи тешко се измива. Како алтернатива може да се користи и маслиново масло, но ефектот со кокосовото е подобар. 4. Ставете капа за туширање и преспијте ја така ноќта. Ќе чувствувате скокоткање и свежина. 5. Нежно измијте ја косата со шампон наредното утро и не ставајте никакви маски или кондиционери, бидејќи нема да има потреба. Повторувајте ја постапката еднаш или двапати неделно, зависно од состојбата во која се наоѓа вашата коса и за еден месец ќе забележите разлика.
во правио си јас користам шампон од бреза тие што се 60 денари и ампули б6 и б12 и има резултати навистина мн брзо ми порасна откако почнав да ги користам ампулите ама во последно време слушам дека витаминот б5 бил за коса не ја сушела косата како другиве б витамини
Косата мора да се крати ако не секој месец барем на 2 месеци по 1 сантим,дали сакаме ова да го прифатиме или не тоа е наше и е факт и јас велев не не не но фризерката последнот пат кога ја стрижев ме убеди конечно во тоа,џабе се и шампони и рецепти и све убаво кажа членката погоре што сакаш калавајму на косата таја расти само 1,5 сантими месечно и тоа е тоа ништо нема уште такво магично што ќе направи косата за месец дена да порасни 3 сантими 5 или 10 значи читам гледам овде и се чудам рецепти рецепти ок тие можи ќе ја нахранат малку косата но да порасни побрзо нема шанси така да не бидиме во заблуда природниот раст на косата се знај колку е...
Косата значително ми се намали поради фарбата , што се вика на пола ми дојде затоа што само еднаш се исфарбав со 12 % хидроген .Е сега за да ја вратам пак како што ми беше косата здрава а не како сега изгорена не се пеглам , си купив апчиња за коса мерц специјал дражети , масло си ставам 2 пати во неделата , во шампонот си купив витамини за побрз и здрав раст на косата и се надевам на резултати . Ги користам еден месец па тоа е премалку време за да кажам нешто но за овој еден месец можам само да се пофалам со погуста коса . Се надевам на поголем успех. Мислам дека ако сакаш косата да ти е здрава и убава треба да ја одржаваш со витамини поврзени за косата .