бананаааааааааааааааа јок се заебав ко факот у мракот, после бев факот со банана која ја вадев половина час од коса.
Како побрзо да ми порасне косата? ~Ние се мачиме да дознаеме аа всушност некој сакаат да сЕ ослободат од долгата коса ~ја прашав братучетками имаше долга коса ја скрати,по некое време косата и беше порасната... ее еве вака кажа дека не и обрнувала внимание на должината , ја обликувала ја плетела ,ја степенувала и рамнела,не ја фарбала-едноставно си играла со косата. ~ВИКА ДЕКА КОСАТА НЕ РАСТЕ ПРЕКУ НОЌ*САМО ЕДНОСТАВНО НЕ И СЕ ЗАМАРАЛА,СИ СЕ ПЛЕТЕЛА,ПЕГЛАЛА,ЈА РАМНЕЛА ПА СТЕПЕНУВАЛА ИИИ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ......VUP УБАВА ПРОМЕНА
Девојки едноставо оставете ја нека си расте самата ке видите дека по неколку месеци ке ви биде бааги порасната еве јас така пред неколку месеци леле сакам да ми порасне косата цело време на тоа мислев, ја разлистав темава и видов дека повеќето ставате ампули во шампонот и јас земав ставив ампули и не се замарав и кога гледам пред некој ден братучетка ми ме гледа и се чуди колку ми е порасната косава а не сме се видела неколку месеци.
Ми треба ваша помош феминки! Значи си имав убава малку прекршена коса со должина до рамениците. Не беше којзнае што, но во денешнината скоро сите девојки носат долга коса. И сеа незнам кој ѓавол ме тераше да одам да се шишам. Отидов таму со намера 2цм да скратам но фризерот ми наметна „малку„ повеќе да скратиме и да имам „фризура„. Но, завршивме со мојата жална косичка која достигнува едвај под брадата. Значи се каам највеќе на свет, зашто косата ми е како ѕвоно на глават и буквално изгледам како третоодделенче.Ве замолувам да ми кажете финти и начини како да се врати должината што побрзо. (без користење пегли, не преферирам тоа). Поздрави
Почесто миење на косата и негување со капки и триста чуда би и помогнало во растот на косата,е сега зависи и како ти расне дали брзо или полека,мене ми расне ептен бргу а и со оглед на тоа што се немам шишано скоро година хихи долга ми е и веке е за шишање ама нема да се шишам до август тогаш ке ја потшишам малку колку да се скратат оштетените врвови и тоа е.
Маска со квасец За правење на маската потребно ви е половина пакетче квасец кое треба да размеша со половина чаша вода или јогурт. Кон нив додајте лажица шеќер или мед и оставете ја смесата да ферментира околу 20 минути. Потоа нанесете ја на косата и оставете ја да отстои на неа околу половина час. Маска со сенф Измешајте 200 мл јогурт со 1 лажица сенф и две лажици маслиново масло. Промешајте ги добро. Нанесете ја добиената смеса со памук на косата. Оставете ја маската да отстои половина час, а потоа исплакнете ја со топла вода. Од една страна оваа маска го стимулира растот на косата, поради присуството на сенф, а од друга страна млекото и маслото ја заздравуваат косата.
Ништо, миј се со шампонот со лук од афродита многу добро влијае на растот мене ми помогна многу, чешлај ја наопаку масирај го скалпот или примени било кој од овие купишта други совети назад на темава
Косата многу брзо ми порасна од Б-витамини(ампули) во Илирија шампонот од бреза и Gliss регенератор. Многу ми ја скратија(ама сепак ми беше многу оштетена) и бев во шок, не ми стигаше ни до раменици(кај 10 Апр., се истрижав), а сега ми е малце под рамена. Не ја фенирам, ниту пеглам.
Ќе си купиш чичково масло кое е наменето за побрз раст на косата и пред секое капење ќе си ставаш на косата да стои 1 час и ќе го измиеш. Исто така пробај да се храниш поздраво, да конзумираш повеќе витамини и протеини.
unamiedelabc,јас имав еднаш земено оревово масло,и го ставав директно на коса без вода,неколку капки пред капење,30мин отприлика стоеше,мислам дека сите масла директно се ставаат без вода и се оставаат малку да постојат.
Девојкава навистина ми помогна! Од сега нема скратување на врвовите! Во видеото кажува како да се ослободите од расцветаните врвови исто така. http://www.youtube.com/watch?v=CxwTaFnWV3o
Што точно кажа?Како ти помогна? Не ја сфатив баш,само колку што видов овие производиве што ги покажуваше ги нема кај нас
Јас ставав на прсти а потоа масирав,па си капнува на глава па масирав па малце ке поминив со раце цела коса и сат време и после ја миев косата(значи на сува коса пред миење,нема некој ред за колку капки масло,само да не биде претерано
Па можеш на Али Експрес да ги нарачаш. Многу се евтини. Инаку ќе ти кажам што е најважно што кажува. (зошто многу кажува) Кажува дека потстрижувањето на расцветаните врвови е фрлање пари. Кога ги скратуваме врвовите, косата иста ќе си остане засекогаш (што е логично) и за да ги избегнеме расцветаните врвови, после секое бањање да се чешла косата со чешел не со четка. Исто така и со горе спомнатото масло (рицинусовото) мачкај ја на врвовите и на корените (така се викаат?) косата пред бањање (мислам). Ако сум кажала грешно, поправете ме.
за да ги нарачаш на Алис Експресс е овдека е на линкот http://www.aliexpress.com/ ама што да нарачаш требит таа да ти дајт линк , Поздрав
Потполно се согласувам со тебе....На секој два месеци даваме пари за кратење на врвовите....но се знае како кратат некој од фризерките па токму затоа неделите додека си се мачел да ја пораснеш косата паѓаат само за кратење на врвовите... Овие денови одам на фризер малку да ја променам формата на косата а потоа продолжува по овој третман