Луѓе, магичната формула: шампон од бреза, ампули Б6 и Б12 издробени внатре. Така користев првиот пат и верувале или не, луѓе што ме немаа видено една недела ми рекоа дека ми е многу порасната косата. Скоро една година ми стоеше истата должина, до над рамена а сега ми е едно 5 цм под рамената. Вторава комбинација ми е исто шампон од бреза, Б и Д капки и чичково масло во шампонот. Не ми ја мрси косата, иако вака како шампон не ми мириса баш убаво. Ама затоа резултатите се одлични. Ја немам шишано косата година ипол, и од шампонот почна тек во последниве 2-3 месеци да ми расте, помека ми е, ми свети, не ми е расцветана. Препорачувам.
Во шампон од коприва издробив витамини Б-комплекс и Д капки и косата никогаш не ми растела толку брзо. Стварно многу помага.
Ми изгледа доста уверливо Само сакав да те прашам за размерот.Значи во цело шише од шампонот ги дробиш ампулите или со секое миење нови таблети ?? И колку пари се Б6 и б12 ? Тенк ју однапред
^Во цело шише таблетите, а за цена стварно не знам, мене друг ми го правеше и платив 200 ден за 500 мл.
1 belka od jajce ( ako vi e pod ramenata 2belki) 2 golemi lazici med 6 golemi lazici maslinovo maslo 4 golemi lazici kokosovo maslo -se mesaat sostojkite i poleka se nanesuva od korenot na kosata. Stoi 30 min. Maskava e mnogu efikasna ja koristam dve nedeli i kosata mi e mnogu meka so mnogu poveke sjaj od prethodno za rast ne sum zabelezala ama ako zabelezam ke vi pisam
Можеш да одиш во аптека да си купиш ампули, знаат таму сигурно прашај ако не знаеш ти кои. Иначе една е од 11 до 16 денари, така ги купив јас во Зегин. Ќе ставиш неколку и не на секое миење туку еднаш ги ставаш и ти трае додека не го потрошиш шампонот. Само измешај го убаво.
Шампонот од коприва многу помага стварно и во него издробени Б витамини. А инаку јас еднаш неделно пред капење го мачкам коренот од цела коса со Д капки и стојам така пола саат и има ефект. Само мора така пред да ја миеш косата зашто капките се многу мрсни.
нема потреба од купување на посебни капки и витамини за косата да расте побрзо. од искуство кажувам дека се што треба да направите е да го зголемите количеството на протеини во вашата исхрана. повеќе јајца, млеко и немате проблем.
јас мислам дека нема човек на моја воздраст што пие повеќе млеко од мене ама ете косата бавно ми расти, не е до протеините... дури ставам и директно на коса маска од јајца па пан ништо
е во тој случај, можеби е до самиот корен на косата. мојата другарка го има истиот проблем со косата како тебе. кога почнав да го применувам ова со протеините , забележав промена за само 2 недели, а таа ми кажа дека немало промена.. навистина не знам..
е во тој случај, можеби е до самиот корен на косата. мојата другарка го има истиот проблем со косата како тебе. кога почнав да го применувам ова со протеините , забележав промена за само 2 недели, а таа ми кажа дека немало промена.. навистина не знам..
Косата ми е долга 45 цм. Сакам да ми биде уште подолга, барем 60 цм. Ова сакам да го постигнам најкасно до месец декември. Е сега ме интересира дали косата расте преку лето, пошто некни на еден форум прочитав дека во јули влегувала во т.н. фаза на мирување која трае се до октомври и косата не растела за да се заштити од жештиниве, вистина е ова?
Навистина не знам како да си ја пораснам косата. Витамините, протеините не играат никаква улога, само накачив некое кило плус. Косата ми е густа како волна. Ке пукнам. Наместо да расте станува се повеќе и повеќе густа, а тоа не се издржува на овие жештини.
Абе не ги пиј витамините стави ги во шампонот,јас така обично правам, имам пробано да ги пијам ама и јас многу се подувам од нив.
Девојки ај ве молам ако сакате да ми дадете некои совети за косиштево мое лудо и никакво. Прво и основно косата ич не ми расте ама баш ич, а се отепав од грижа кон неа. 1. Не ја мијам со многуу топла вода 2. Користам шампон што ја потхранува косата. Тоа е шампонот од Хера. Всушност е од коприва. На него многу убаво си пишува дека го потхранува влакното, во споредба со другите шампони што сум ги сретнала во маркет ко на пример против првут, бојадисана коса, мрсна коса, коса за волумен итн. Овој Шампон мислам дека е сосем океј. 3. Витамини, протеини, јагленохидрати. Наутро обавезно пијам по 3 чаши јогурт. Не можам да си го замислам денот ако не се напијам домашен јогурт, оној што го прави мајка ми, а навечер пијам по една чаша млеко топло и зготвен пудинг со млеко. Јадам многу домашно сирење (кравјо а и козјо). Јадам и зденки, путер и маргарин. Сметам дека млечните производи доста ми се застапени/ Редовно во исхраната имам растителна исхрана која доминира над животинската. Доста јадам грав, грашок,спанаќ,пченка, тиквици, компир (варен, пржен, печен) а во текот на годината редовно јадев морков и цвекло направена салата. Од овошје деновиве се тепам од јадење праски, рани јаболки, вишни, лубеници. Неделно јадам и по 2 јајца варени. Пијам домашни овошни сокови кои ми ги приготвува мама. Пијам секој ден и биотен, цинк како витамини и не бидува и не бидува .Косиштево мое си кроти и не расте. Важно штркнале летово исто кои и лани маливе влакненца, кои зимно време се кријат а лето ми штрчат од сите страни, ми иде да ги испоубијам. Косава се на се ми е долга ПРЕКУ СИЛА 45 цм. А бе цела година веќе направи ( од септември месец па до сега) ми пораснала само 5 цм. А купив и пред три месеци ка б комплекст кои ги растварам во шампон па не бидува. Некој тоа ич не го почитува па има коса до газ. А бе да не може ич да ми порасни. Ќе се убијам. Дајте некоја помооош, од оние кои имате долга коса како ја чувате 300+ страници на форумов ме отепаа од читање али ништо онака што ќе ми користи не пронајдов.