Според мене, треба да го сменеш шампонот. Според тоа што кажуваш дека имаш густа, бујна, претпоставувам дека ти е сува косата. Знам по мене и мојата е сува, густа, бујна и имам користено шампон од коприва, но не одговара за сува коса, подобар е за мрсна. Пробај со некои на Афродита, камилица со липа или тој од кокос, можеш и на Syoss со кератин, шампонот моментално го користам и многу сум задоволна од него. Мораш да си правиш домашни маски, нанесувај на косата маслиново или бадемово масло, маслиново со јајце измешано или со мед, држи го околу 1 час и измиј ја убаво косата. Ти треба и маска за коса, добри се на Gliss жолтата и црната, силиконски капки. Можеш да го мачкаш коренот со рицинусово или чичково масло, го поттикнуваат растот и да ја плакнеш косата со чај од коприви,листови од орев или рузмарин. Точно е дека и исхраната има големо влијание, како што читам добро се храниш. И јас пијам многу козјо млеко, јогурт, јадам јајца, грав, грашок,леќа, многу зеленчук и овошје и има ефект навистина. Се надевам ти помогнав малце
мене многу ми помогна маска од мед, маслиново масло, цимет и лимон. косата ми стана погуста, а иначе ми е како пајажина.
здраво.нова сум на форумов,ке може ли некој само да ми каже која цена се пантенолот и ад капките.позз
околу 100 ден. капките и 100 денари пантенолот. јас редовно ги ставам во шампон и плус б-комплекс ампула
и на мене исто за во шампон ми се,,да пробам и со нив,,бидејки имам еднаш само со ампули правено,,благодарам многу
Како изгледа тоа маслиново и рицинусово масло и ? Каде се купува? Како изгледа? Извинете но прв пат слушам. Фала однапред
Мене косата брзо ми се мрси и би сакала некој шампон со овие ампулите да ги ставам, но да не ми ја мрси косата. Подобар е од копирва или бреза за мрсна коса?? И точно имате колку ампули се ставаат и од кој витамин?? Купив и Д капки кје ги ставам на скалпот пред миење .
Значи вака, во 250ml шампон се ставаат по една доза ампули : Б1, Б6 и Б12 , ама во случај да сакаш да користиш шампон од коприва или од бреза ќе треба да земеш дупла доза од витаминиве, што значи по 2 ампули од секој, бидејќи вообичаено таквите шампони ги има само по пола литар. Со среќа
Play, јас отприлика ставам (само да не излезе густа маската). Ја држам на коса околу 30-40 мин и ја мијам после.
Во Зегин ги има (па и во Веро ги имам гледано) шампон од коприва или бреза по 200-250 мл се. Значи треба да се купи од шампонот што е зелен со бело капаче (уште од времето е овој шампон)- околу 90 денари е. На овој шампон мислам: И во него ставете од ампулите Б1, Б6 и Б12 (1-2 дози), пантенол раствор и АД капки. Доколку не најдете ампули можете да купите апчиња Б-комплекс да ги издробите (околу 10-15 апчиња се доволно) и да ги додадете. За мрсна коса: пробај со маска од зелената глина на Виталиа- околу 190 денари е и супер е и како маска за лице и како маска за коса.
Јас ваков не користам..бидејќи сите што сум ги прашала кој е најубав ми рекоа херба или фрутела , а тие се по пола литар, така да 2 дози од ампуливе се потребни... а за ова, пантенолов и АД капкиве првпат слушам...ама пробај , може ќе се исплати...јас ова го кажувам како нешто што би ве коштало поевтино , а има ефект
Повели sToBiToBi , прочитај за Пантенол http://popara.mk/2011/zhivot/ubavina/na ... na-kosata/ http://zdravakosa.blogspot.com/2013/08/ ... -kosa.html На било која страна да отвориш за нега на коса ке ги најдеш истите состојки што ги пишав. Еве види и за другиве витамини што ги пишав. А ако е скапо да дадеш 250-300 ден за шампонов што ке ти трае сигурно 2 месеци-no comment http://boza.mk/2011/najvazhni-vitamini- ... bava-kosa/ http://karmin.tocka.com.mk/56/111829/vi ... -na-kosata
Фала ви многу, ќе напраам ова со шампонов и оваа маскава ќе ја купам обавезно па ќе пишам резултати Иначе мене косата ми е до половина сакам уште малце да ја пуштам па да си кратам врвови само
Ми го препорачаа шампонот на Козмерика Афродита демек од него растела побргу косата и ајде го купив оној од кокос и ставив ампули B1 B6 B12 и С.Го користам речиси 2месеци,но не сум забележала косата да ми е порасната некако се ми е иста
Кој шампон би ми го препорачале за побрз раст на косата, сјај и волумен? 3 во 1 Какви ефекти покажал на вашата коса, дали сте задоволни и цена?
Во никој случај не реков дека нема ефект твојот рецепт.. само кажав дека ова ме фаќа поевтино..затоа што немаат сите толку луксузи за да даваат толку пари на шампони и 300 чуда.. А што се однесува до шампонот мене 2, максимум три недели ми трае, епа сега ти види како се исплаќа повеќе