Во секој случај и не е толку скапа варијанта. Јас едно време и купував апчиња за коса,витамини за коса, спрејови итн. Давав многу повеке пари од 300 ден месечно и ништо немаше ефект. Ама шампонот и маската што ги пишав ем ми излегоа најефтини ем со најмногу ефект.
девојки дали мислите дека од овој шампон расте косата ... некој со искуство http://www.beauty4pros.com/media/catalo ... -250ml.jpg
На почетокот бев доста скептична и мислев дека нема да успее и дека е неквалитетн, посебно кога цената му ја видов, но го користам веќе една година и има голем ефект.Пробајте, не губите ништо.Згора на се и евтин е
запишана сум на смер козметички техничар класна ми е по козметологија и фризерство и и го поставивме истово прашање на неа и ни рече шампон од коприва во него да додадете витамински ампули B6 B11 B12 и vitamin-D и навистина имаше ефект ампулите да ги купиш сите се околу 60 денари и шампонот плус со 150-200 ке завршиш голема работа
Мајка ми го користи овој шампон, па покрај неа и јас си ја мијам косава. Се ишишав кон почетакот на месец октомври, тогаш косата ми беше само 30 до 33 цм долга. Сега во јули ми е 45 цм. Помага мислам за 8 месеци е супер. Над 10 цм. а годишно може да расте косава до 12 цм.
Неколку совети за побрз раст на косата. http://ladybook.mk/mk/post/5720/Kako-da-ja-naterate-kosata-pobrgu-da-vi-porasne
Еден месец ја миев косата со шампон од коприва од илирија и стварно делува, косата сега ми е подолга, ама почна да ми се појавува многу првут од тој шампон, па сега користам syoss против првут а на крај косата ја плакнам со чај од коприва
Девојки дали знаете дали кај нас ги имам производите на Милва,шампон од хинин и хининова вода.Велат дека помагаат за раст и при опаѓање на коса.
Јас лани ја ошишав малку и сега ми порасна дупло. Порано ставав масло и тоа помага сега не се замарам толку со тоа. Сега внимавам само на врвовите.
Јас што слушнав и почнав да применувам е дека косата најдобро, природно си расте со ставање на секакви масла на коренот. Обично ставам рицинусово масло и косата изгледа помека, посјајна. Со самото ставање оштетените влакна сами опаѓаат и се зајакнува косата, а со тоа и растат нови. Најкорисно од се' до сега што сум читала и користела. Јас ставам пред секое миење на косата и го чувам најмалку 5 часа, а ако можете и повеќе уште подобро.
Помогнете ми Имав многу долга коса значи предолга и неможев веќе да ја трпам зпшто ми беше многу густа и решив да се ишишам.. Отидов на фризер и му кажав колку но тој ми ја скрати повеќе од тоа... Сакам да ми порасне бидејќи сега ми е многу кратка како да ми порасне побрзо? :3
Помогнете ми Епа теши си се со тоа дека летото е многу жешко и ќе ти било уште пожешко со долга коса. Како и да е за 3/4 месеци пак ќе ти порасне. Иако јас на твое место не би ја шишала којзнае колку кратко само метил ако има. И мојата е прилично долга ама си ја врзувам во репче и по дома и кога спијам и секаде.
Помогнете ми Што е тука е, не можеш да направиш ништо освен да чекаш да ти порасне. Не си ни прва ни последна, не има еден куп кои не зезнале така фризери или фризерки, тоа е. Коса како коса, ќе порасне. Памет за друг пат. И си можела само да ја изретчиш ако била густината проблем.
Девојки дали мислите дека со оваа комбинација би ми пораснала косата? Ситно сецкан лук го ставам да одстои 24 саати во неколку белки од јајце. Потоа целата смеса ја нанесувам на глава во траење од еден час. Потоа ја мијам со малку студена вода, па врз главата ставам вода од штотуку сварени коприви. И на крај се мијам со шампон.
Според мене за побрз раст на косата најдобар е шампонот од коприва илирија и во него да се стават ампулите б2, б6 и б12, имам испробано и делува така да пробајте и вие ништо нема да загубите
Здраво женски.. гледав еден шампон http://i.ebayimg.com/00/s/NjA3WDYxNw==/ ... ~60_12.JPG па дали некоја го има пробано ?
Мене κосата пρебρзо ми ρасте. Ја шишав во маρт и тоа доста многу ја сκρатив, до ρаменици. Сега ми е оκолу една педа подолга, уште малκу до лаκтовите на ρацете, κаκо што ми беше поρано. Не ми се веρува κаκо можеше толκу бρзо да ми поρасне. Убава ми е ваκа, саκам да ја пуштам до половина, не ја шишам и не ја пρавам таа гρешκа повтоρно, језда многу бρзо ми поρасна .