Има и во аптекиве уште еден добар шампон бар на мене ми помогна доста nerilex се вика,може ќе ви биде од корист Исто така има едни достаа добри ампули што стварно многу помагаат меѓутоа сеуште ги нема во ДМ кај нас доколку некој пат ги донесат верувам дека ќе бидат најпродавани
Ај и јас да ви ја кажам мојава мала тајна за растење на коса. Значи прво да не помислите нешто страшно но на мене ова делува и многу ми помогна. Педацет шампон против вошки (немам вошки и ова ми го препорача една жена), го користам еден месец косата ми беше до рамења, сеа ми е скоро 6 цм под рамења, значи шампонов е чудо. И вака го користам, 3 пати во неделата се мијам со овој шампон, прво како и секој обичен шампон ја наквасувам косата, ставам во рака многу малку од Педацетот тријам 5 минути, ама благо триење, ја плакнам косата и ставам регенератор Schauma- Repair & Care (светла кафена со темно кафено капаче). Пробајте, сигурна сум дека ќе бидете задоволни.
Во шампон Херба од коприва ставете ампули Б2, Б6 и Б12 и еднаш во неделата ставајте рицинусово масло на косата. Мене многу ми порасна косата од оваа комбинација
Се прочитав што сте пишувале од почеток и има многу добри совети. Сакам само да ве прашам имам од спрејот Gliss црниот и сакам и во него да ставам ампули што мислите вие ве молам пишете ми побрзо итно ми е поздрав девојки..
Уште какви ли совети не пробав, мислам дека сите рецепти од темава ги направив, сите средства за нега и растење на косата ги купив, (сега кога велам ''сите'', не мислам на сите буквално секако, ама дефинитивно имам пробано добри 80% од нив), и косава моја така си стои. Не бива, не реагира на ништо, знае само да расцвета, ајде ќе ја средам на фризер на одприлика 2-3месеци, и тоа е се. Од секогаш ја имам оваа должина на коса, а најверојатно така и ќе си остане... кога веќе ништо не помага.
Истиот проблем го имам. Косиштево мое не сака да расте, не сака де и не сака, ајде што да му праам. Цел живот имам коса до раменици. Пушти го таму косиштево и уживај во животот
Ставај си силиконски капки, колку толку спречуваат расветување.. и користи си рицинусово масло и јас секогаш сум имала кратка коса али откако почнав да користам ми порасна и обнови за брзо време
Ставај масло од кокос,бадем,орев било кое еднаш неделно ја накиснуваш цела коса и носи си ја 2-3-5 часа колку повеке толку подобро како луда расте
Маслата можеш да ги најдеш секаде. Во Дм, во веро, тинкс, во зегин, космо. Имаат различна цена во зависно од производителот и видот на маслото.
Јас користам шампон од илирија од коприва ,во кој имам додадено ампули од групата на витамини Б,пантенолска киселина и АД капки.Воедно пред секое бањање нанесувам кокосово масло коа гледам да го оставам да ми делува на косата што е можно подолго . Крајниот резултат е неверојатен