Една главица лук; Една чаша (200 мл) оцет; Пола чаша вода. Лукот се чисти, сецка се става во нешто пластилчно и се толчи , се додаваат водата и оцетот. Така треба да стои на темно место околу 5-7 дена. Потоа течноста се додава во шампон од коприва. Шампонот е доста корисен, го користам, помалку паѓа косата и побрзо расне. П.с не мириса многу, можете да ставите маска за коса доколку се сомневате дека ќе мириса.
Еве после месец дена да ви пишам резултати. Во 750 мл шампон од wash and go ставив 4 таблети Б комплекс ја капев косата 3 пати неделно обавезно, пред тоа се ишишав 5-6 цм и се така, косата ми расти малку побрзо но забележав промена во нејзината сјајност и виталност, по лелеава ми е полна со живот, по цврста, и имав проблем со паѓање на влакна мн но откако го корисам ова овој проблем се намали на капење ако ми паднат само 2-3 влакна сега.
Девојкии дај кажете шо да правам.. Ја скратив косата пред недела дена и фризерката ми рече за еден месец да идам пак зато шо ми била оштетена не мн ама да се исчисти скроз.. Но сакам долга коса и сеа не знам шо да правам.. До следниот пат т.е. за месец дена да идам ама пред да идам да почнам да користам ампули б6,б12 и б1 и шампон од коприва или да пробам на ОРЗЕН овие регенератор и маска и шампон не знам шо тамо ќе ми помогнат ли ?? Не сакам џабе да лупам пари кажете шо да правам ги исчитав сите совети и прилично ме убедија ии сакам да пробам ?? Инаку сакам да прашам и за ампулите колку се во аптеките Б6 колку е ?? објаснете ми Б12 Б1
@blady како тоа сакаш долга коса ама не знаеш што да правиш? Едноставно е, не оди на фризер. Штом многу си ја скратила косата тогаш остави ја одредено време. Како што ти кажала, најверојатно не ти е толку оштетена за да мора повторно да ја кратиш веднаш но можеш да отидеш после неколку месеци за да ти ги отстрани тие оштетени делови (нормално, во зависност од обликот на косата кој го имаш). За б6 нема што да се објаснува. Секој б витамин е добар за организмот и помага за појака коса и нокти но внимавајте со консумирањето зошто прочитав дека некој ги консумирале и орално па посоветувајте се со лекар за тоа колкава е препорачаната дневна доза и убаво прочитајте го упатството.
@blady Купи си шампон на Doctor's со зелено капаче, од алое вера е и има B12, за растење на косата. Не е скап, 80 и некој денар е го има во сите аптеки и продавници. Јас го користам месец, месец и пол и има видливи разлики доста ефикасен е. Се препорачува да се миеш неколку пати месецот со него, не на секое миење но јас на секое миење го користам и не ставам ниакви маски/регенератори па нема никаков контра ефект.
Девојкии денес земав палмолив од коприва и ампули б1 б6 и б12 да ставам ли од сите по една или мн е зато шо прв пат ќе пробам и ако ставам ќе има ли ефект за раст :3
земав палмолив од коприва и ампули б1 б6 и б12 да ставам ли од сите по една или мн е зато шо прв пат ќе пробам и ако ставам ќе има ли ефект за раст ??
Мора да го има.. Не ставај од сите по една, може да го оштетиш коренот на влакното. Прво ставај Б12 од кога ќе ги истрошиш истите, направи пауза од една недела па продолжи со останатите
Дали некој користел ботокс на коса? Викаат дека е корисен за побрзо растење на истата. Сакам да направам ама незнам колку е безбеден, па затоа ако направил некој нека пише како делува
Јас го имам користено катастрофа освен шо ми израснаа антени на секаде друго ништо не се промени 1цм не ми порасна... Иначе и јас денеска земав ампули б1 б6 б12 ги ставив во шампон од коприва до пола ми беше па да помине божик ке почнам до 3 дена во неделата да се мијам глава па ке пишам резултати
Ова со ампулите помага многу, нема да се покаеш. Само треба долг период да го практикуваш тоа. Мене многу ми порасна косата од тоа, ама јас морав пак да ја кратам затоа што многу ми е оштетена.