Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. flowersss

    flowersss Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    А срцка за колку време има резултат
     
  2. BojanaLegija

    BojanaLegija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    66
    Ах, врска немам :( Една моја другарка испробуваше со што не, па и со тоа проба, ама незнам од каде го купила. Мене најповеќе ми личи таков да има во аптека.
     
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Сешто ви е потребно за брз раст на косата голема е веројатноста веќе да го имате дома. Не си ги трошете парите на скапи и не ефикасни препарати кои во краен случај ќе ви ја оштетат косата. Еве ви еден мој рецепт. Земете сварете чај од рузмарин бреза и жалфија, а во него додадете неколку капки лимон. Така сварените состојки оставете да отстојат во големо пластично шише 2-3 дена на суво студено и темно место па потоа пред секое измивање на косата нанесете од врвовите надолу. Откако ќе го сторите тоа, така нека ви стои бар еден час. Да не заборавам да напоменам дека оваа ,,маска'' не е препорачлива да ја користат оние чија коса е претходно фарбана бидејќи е можно згрутчување и тешко расчешлување а балзамот дава контра ефект.
     
    Последна измена: 8 јануари 2015
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Шест месеци поминати во растење пред еден час паднаа во вода. Косата ми порасна до под градите, но ми беше премногу оштетена и сува. Како ја суште во зима, не може без фен, а толку ја гори... Премногу се разочарав, барем да не беше толку оштетна. Да не влегувам во детали до каде ми е ххахахаха сега ќе пробам да јадам повеќе храна што содржи протеини и секако користам масло и регенератори и маски. Косо мојаааа зошто си толку лошааааа :'(
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.015
    Допаѓања:
    81.354
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не ја досушувам целосно со фен, ги сушам само корените и тоа не темелно, па прекинувам и оставам сама да се досуши природно.Никогаш не ми се оштетила од фенот кога се сушам вака. :)
    И нормално, почесто употребувај масла, нанесувај поголема количина и на врвовите штом ти се суви.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    52.130
    Пол:
    Женски
    Исто. Ја досушувам скроз само ако треба да излезам негде.

    Јас ставам кокосово или маслиново масло еднаш неделно, го оставам по саат-два пред да ја измијам косата.
    И гледам да не ја мијам често.
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Масло користам и си ставам еднаш неделно пред миење на косата. Сега без фен сакам да се навикнам, а кога се сушам имам лоша навика изгледа блиску го држам или па влакното од скопската вода повеќе се суши :worried::worried::worried:
     
    Последна измена: 10 јануари 2015
  8. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    155
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.015
    Допаѓања:
    81.354
    Пол:
    Женски
    Пробај да го држиш фенот од подалеку и не ја суши косата толку темелно, ќе се навикнеш, ќе видиш. :D
    Мене почна повеќе да ми одговара Скопската вода, косата можеби ми е покрута, ама кога ја пеглам или виткам, си стои без проблем така средена.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    @pupi.girl или ако не можеш да се откажеш од сушењето со фен, тогаш пушти го на најслаба температура (ова ако ти е само за сушење, за убаво фенирање мора на појако).
    А инаку ова со ампулите мислам дека е џабе залажување, и јас порано го имам правено и знам дека пак растела по околу 1цм месечно. Знам дека е толку бидејќи секој месец се фарбам па се познава колку е подраснатиот дел.
    Обратете поголемо внимание на негата, бидејќи џабе е и да ви порасне во должината која ја посакувате ако е оштетена. Ставајте и масла, па со тек на време ќе ви порасне, бидете упорни и не одете секој месец да ја кратите иако фризерките велат дека мора така.
    Јас кога ја растев ја кратев два три пати годишно максимум, и тоа минимално, само да се “освежи“.

    Мојата беше до под гради, почна да ми здосадува таа должина и да ме нервира, па периодов ептен ја скратив сега ми е до рамења и не ми е воопшто жал.
     
    На A-j-a и pupi.girl им се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Мене од мала ми беше долга косата, до половина кога ми беше се шатирав и ептен ја изгорев и почнав да ја кратам, најкратка до под рамења, па ми порасна под градите. Паа да ја оставев уште малку слодобно можев да си метам со неа... ставав масла, маски ама ете ... сега од ново нека си порасне :D
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Love16

    Love16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    54
    Се сум пробала и маски , со б ампули, таблети и немаше некаков ефект и пред 3 месеци ја скратив косата до раменици и само шампон и маска користам ништо друго не ставам и ете косата ми е 4цм веке . Така да слободно да се остави сама ке се покаже :D
     
  13. blady

    blady Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    А каква маска?
     
  14. Love16

    Love16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    54
    Го користам шампонот Panten и маската има и пантенол во нив . Веќе 3 месеци ги користам и планирам да продолжам . Pantene-Total-Damage-Care-Intensive-Hair-Mask.png
     
    На blady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.339
    Допаѓања:
    2.601
    Најбитно е редовно потскратување(не мислам секој месец ама барем на 3-4 месеци).Јас се зезнав и ја немав шишано косата година дена,партал ми се направи,врвовите лом ми беа.Пред некој ден бев да ја скратам,фризерот убаво ме искара и ми скрати добри 4-5 цм ама мораше така пошто премногу ми беше оштетена дека јас секој втор ден ја пеглам.Значи не се залажувајте со тоа дека колку повеќе ја чувате толку ви е подолга.Мене од што ми беше оштетена врвовите почнаа да ми се кинат и изгуби на должина.Иначе фризерот ми кажа да почнам да користам шампон и регенератор со кератин и арганово масло било многу добро за косата.Во врска со ампулите...јас мислам дека многу подобро е да се земаат апчиња со б6,б12 и другите витамини ама да ги пиете,не да ги растварате во шампон пошто така го губат дејството(еве јас си земав мерц таблети со сите потребни витамини па ќе видиме како ќе делуваат)
    И во врска со шампонот од коприва,подобро е плакнење на косата со чај од коприва,каде каде е поприроден од шампонот во кој има само мирис на коприва,а не вистинска коприва(а мене од шампонот и многу првут ми се направи ама добро ова индивидуално е кај секој,јас барем одма го прекинав и се префрлив на чај од коприва)
     
  16. thefuturedoctor

    thefuturedoctor Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2015
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Мене косата ми расти доста брзо, летово ја скратив мноогу ми бесе некаде скоро до половина и ја скратив до рамена, малце подолга и до сега веќе ми се врати старата должина и не ми е оштетена. Мислам дека тоа се должи на тоа што не ја пеглам или слично, природно ми е права па не ја горам освен во специјални пригоди за виткање и слично,исто многу ми помогна еден спреј од Avon со марганово масло и не беше многу скап мислам или можеби беше на попуст кога го порачав, го прскав на краевите после капење за да не ми се оштетува бидејќи сакав да ја пораснам , но и да ми биде здрава за да неморам повторно да ја скратам така многу. Сега планирам да ја скратам малку на врвотите за да ја освежам и ќе ја оставам да ми расте до лето :emo:
    Сакам да напоменам на сите што ја растите косата да не гледате само на должината туку и да биде косата здрава,тоа е најбитно, користете производи со разни масла и слично тоа не може да штети.
    Исто имам слушнато за четкање на косата секој ден скстремно по 5-10 минути дека од тоа расти побрзо. Побарајте на Youtube има туторијали за тоа.
    Со среќа на сите што ја растат косата (fingers)
     
  17. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    trljaj ja glavata so prljavi gaki
     
  18. ton4ica

    ton4ica Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Да кажам и јас нешто за мојата коса. Значи после летото косата ми беше метла па читав по форумов што можам да направам. Видов за б комплекс некој пишал па јас како и се што си правам по мое ставив една лента таблети во првиот шампон што ми дојде при рака. Ја миев косата секое туширање со него и понекогаш ја миев со чај од коприви. Резултатот и мене ме изненади зимава косата ми беше свила прекрасна и подолга за повеќе од 5 cm. Да не заборавам си ги потстрижував врвовите така сама кога ќе видев дека се оштетени :)
     
    На flowersss му/ѝ се допаѓа ова.
  19. flowersss

    flowersss Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Мојава ако не мрдне 1 цм до крајов на февруари ке ја ишишам до под уши па да ја видам тогаш :devil:
     
    На blady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.123
    Допаѓања:
    4.091
    Пол:
    Женски
    Kolku pari e ampula B kompleks? I dali vo site apteki moze da se najde?