Девојки некоја да ми каже како се користи кокосовото масло за третман на коса. Дали само се става и колку се става на врвовите од косата или пак на цела глава се масира?
Само јас кога го ставив јајцето одма се олади маслото и се стврдна пак, стана ко топчиња во смесата па после со фен се поминав да се стопи на косата.
Здраво јас го користам редовно и како третман го нанесувам на навлажнета коса на цела коса (имам нормална накај сува коса) повеќе на врвовите а помалку на коренот. Убаво масирам на коренот околу 4-5 мин. ставам кеса врз неа пешкир и загревам со фен околу 2-3 мин. Најчесто го оставам цела вечер (има екстра ефект) па го мијам сабајле со благ шампон (ако не трпиш цела вечер кеса и пешкир на глава доволно е да го оставиш најмалку саат време). Како серум за врвови земи ептен мала количина (во зависност од должината и густината на твојата коса) загреј го меѓу прсти (трљај го помеѓу рацете) и нанеси го на мокри врвови пред сушење со фен или пак на суви врвови за обликување (не на двата начини одеднаш за да не ти се измрси многу). Јас го нанесувам на суви врвови. За мене лично ова масло е бр. 1 и има фантастичен ефект. Ептен сум задоволна. Поздрав
ја имам едно прашање за овие што купуваат Б ампули. Како ги кршите? Ја стално ги кршам со огромен страв да не има после внатре стакло или ја да се исечам дур ги кршам, ова ми е стварно проблем.
N ne sum gi koristela ama toa dolgnavestoto sto e ke go svitkas odednas I ke si se skrsi ubavo I brzo naglo vitkaj go
Дали ви мириса косата на ампулите? Како да го избегнам не пријатниот мирис? Во шампонот имам додадено една ампула и косата ми мириса на бекомплекс потоа
Се пресмеав дефинитивно,косата ти мириса на 1 ампула што си ставила во цело паковање шампон? Сериозна си ти? неможам поке... Во шампонот и 10 ампули да ставиш нема на нив косата да ти мириса... Што нема уште да прочитам на темата
мене ми мирисаше косата на лекови, и со никаква маска потоа не можев да покријам, и со парфем си ја прскав косата џабе. Ја користев афродита од коприва, сега го сменив шампонот користам од бреза и не ми мириса косата.
Додадов уште три ампули потоа во Орзене 200мл шампонот мирисот на ампули се осеќа многу, пробај ќе видиш. Но со балзамот од истата фирма се наутрализира малку но сепак го има оној мирис на ампули.
Да не не сте измешале убаво пред да ставите шампон? Треба да се измеша пред секое ставање, инаку пливаат ампулите врз шампонот. Јас не сум имала проблем со лоша миризба а па и да мириса ќе изветрее за 1 ден. Инаку пазете се може да ви се направи перут од нив.
Јас ставам масло што си го имам направено за растење, го ставам 3 пати во неделата. Треба да ставите во стаклено шишенце една голема лажица цимет и 50ml масло (маслиново, бадемово, кокосово и рицинусово според мене се најдобри, можете и да си помешате по малку од секое). Гледајте во маслото да нема ниту една друга состојка освен маслото од плодот, треба да е чисто, ладно цедено. Циметот ќе се таложи, секогаш протресете го шишенцето пред употреба, ставете на дланките и масирајте го скалпот 5 минути, циметот заедно со маслото и масажата ќе помоганат при забрзување на циркулацијата и побрзо растење на косата, мене лично многу ми делува. Најмалку три пати во неделата ставам и го држам на глава 2-3 саати, кога можам спијам со него.
Еве ја и маската што си ја правам од квасец (за растење, згуснување и обновување на косата): 1 до 2 коцки квасец (или пивски квасец во прав на vitalia) 5 мали лажички млеко 5 мали лажички вода 1 мала лажичка мед 1 чажичка од маслото што го спомнав горе Помешајте се заедно во стаклена чинија како на слика 1 и завиткајте ја чинијата во целофан и пешкир и оставете да нарасне како на слика 2. Само што ја направив па ви ја сликнав Одкако ќе ја нанесете маската завиткајте ја главата со целофан и пешкир за да се отворат порите од топлината и сите добри состојки да навлезат и да делуваат, оставете ја да делува барем саат време и измијте си ја косата со шампон. Јас ова го правам 2 до 3 пати во неделата за по интензивен ефект, квасецот е за секаква коса оштетена, склона кон паѓање, прочитајте на нет пишува за сите придобивки. Еве ви и добар шампон за растење и ретка коса http://www.dm.de/de_homepage/alverd...2/alverde-coffein-shampoo-gruener-kaffee.html .
Здраво фенки, пред точно еден месец бев тука исто на оваа тема читаќи совети за негување на косата сега сум повторно тука за да споделам искуство...од почетокот исто така бев полна со прашања исто како и други феминки но се снајдов...прво што направив зедов рициуносово и кокосово масло ,рициуносовото прво го нанесувам на коренот од косата а потоа кокосовото на врвовите пред да ја мијам косата,отстојувам така еден до два саати (секако косата ја врзувам со кеса) потоа ја мијам со шампон од коприва во кој ставив по 4ампули од Б1 Б6 Б12 отстојувам 5-10минути и потоа ја плакнам косата со не многу жешка вода...резултати навистина има,ова го применувам еден месец по три пати неделата имам заприметено дека косата е по здрава,побрзо расте и е по цврста,секако не можеме во живот да ги повратиме расцветаните врвови
Го користев шампонот афродита од лук повеќе време,но во февруари почна да ми се мрси многу косата,ќе ја измиев и за 2 дена,зејтин можев да цедам од неа а инаку мене косата ми е густа и виткана,што беше малку чудно..Па започнав со користење на чичково,рицинусово и кокосово масло,сето тоа измешано со + чај од камилица и аспирин 2 таблети И исто така потоа ја мијам со wash and go со екстракт од коприва После еден месец има резлутати 5 см ми има пораснато косата откако се шишав
Од лук е за опаѓање на коса, значи немало потреба да го користиш, нормално дека ќе ти се направи перут, не е убаво такви шампони да се користат без потреба. Колку да ти кажам да си знаеш за друг пат.