Го пробал/а ли некој/а ова http://www.rescue-ur-hair.com/mk2yH...xMDAxNTIyNTkjTUFDRURPTklBI1Nrb3BqZSMjIyMjIyM= Има ли ефект или само реклама е?
Имам многу долга коса, цел грб ми го покрива. Успеав да ја израснам и сеуште ја растам, не планирам да ја шишам Мене ми помогна тоа што прво, сменив чешел, во смисла, го заменив за дрвена четка. Дрвената четка ги изедначува природните масла низ цел скалп, не ја влече и тегне и оштетува и е многу пријатен за косата и за влакното, се чувствува тоа. Рицинус, бадемово масло, б6 витамини, но и менување исхрана. Повеќе овошје и зеленчук, месо е вклучено. Спорт и помалку стресови. Арганово масло ако зимате - земете го во состојката да има САМО една состојка, маслото од арганот, ако има други го губите ефектот. Скапо е, но вреди. Прашајте фризер или во аптека, јас сеуште не го имам купено. Фен немојте од близу, малку подалеку колку да ви ја стопли главата и на корен, не на врвови. Кога ја миете косата, после миење не ја тријте со пешкирот, ја оштетува и плетка. Помалку ставање шампон и регенератор, нека не плива во хемикалии. Препорачливо е да ја масирате главата, неколку пати во месецот. И за пред спиење, и за коса сте дома, добро е да ја врзете во репче или плетенка, јас спијам со фатена коса скоро цел живот, но не ја стегајте премногу(нека биде полабаво) и често менувајте позиции на фаќање. Кажете резултати )
не дека ми е порасната косата повеќе , но од последното шишање има голема разлика во тоа дека мие поквалитетна со оглед на тоа што секое миење ја пеглам со преса на 200Ц. почнав да го користам улјето од орифлеим од кокос, се загрева па се аннесува и стои околу 5 мин. поубаво нешто за регенерација, хидратација на косата нема. поминувам само еднас со преса и косата е права, мека и со сјај! претоа користев шампони и ставав секакви капки ампули во него, ама ова е вистинското. едно тубе го користам на 2 до 3 пати, чини само 39 ден.
ova e za rastenje kosa procitajte http://mojagarderoba.mk/items/kozmetika/216332/shampon-za-rastenye-na-kosa ova e za rastenje kosa otvori i procitaj
Jas definitivno imam izgleda nekoj problem samo mojava li kosa ne radte abe odvaj eden cm i se tuka pa tuka em redovno ja sisam sekakvi preparati koristam masla e ja susam kosata so fen i pa ne raste nz so e problemov. ..
Заради тоа и прашав каков е тој коктел... Се кладам дека става ампули б1, б6 и б12. Тие три заедно се околу 50 денари.
Косата ми е кратка до раменици, летото се шишав и од тогаш нема миење а да не ја испеглам ми расте но бавно. Користам Becutan шампон и маска од кокос имам расцветани врвови и како што ми е кратка а да не ја испеглам нема потреба да се појавувам во јавност. Сакам да ми е права ама и да не ја пеглам премногу. Помош?
Пред да ја измиеш косата, малку натопи ја и од ушите надоле нанеси маска во не многу дебел слој. Собери ја косата во пешкир или во пунџа, нека ти стои еден час или пола ако немаш многу време, па измиј ја убаво. Мене ова многу ми помага за да добијам права коса или делумно права, за да можам без пеглање да изгледам убаво. Ретко кога ја пеглам цела, понекогаш ги извлекувам само врвовите со пегла, ама и тоа ретко се случува во последно време. Ова сум го пробала и со регенератор, ефектот е речиси ист, па мој заклучок е дека препаративе доволно ја омекнуваат косата за да нема потреба од дополнително стилизирање. Барем кај мене. Пробај, можеби ќе ти се допадне така.
Немој да користиш веќе бекутан и покрај тоа што е бебешки има состојки што ја сушат косата, почни со природен шампон. Според мене најдобра опција е алверде, не се скапи и природни се. Овие производи се за сува и оштетена коса и многу ќе ти помогнат (шампонот е нежен и подхранува, маската многу ја омекнува косата, серумот ги штити врвовите): Можеш за почеток додека да ја опоравиш косата да избегнуваш пеглање, ако не ти се допаѓа како ти изгледа непеглана носи ја фатена. Прави си домашни маски, таа со квасец што ја имам ставено тука во истава тема е многу добра. Ставај природни масла рицинусово кокосово и чичково мене највеќе ми одговараат, бадемовото е исто така многу добро, само внимавај да се 100% чисти односно во нивниот состав да има 100% чисто ладно цедено масло од плодот. На пример измешај кокосово, бадемово и рицинусово и нанеси го на влажна коса, завиткај ја главата во ќеса и остави го да делува најмалку 2 саати или цела ноќ ако можеш. Ова прави го пред секое миење. Чичковото масло се става на коренот за побрзо растење, зајакнување и згуснување на косата. * Храни се здраво и внесувај повеќе витамини и многу вода, сепак убавината доаѓа и од внатре.
А да заборавив пред да ја измијам ставам на врвовите бадемово масло не чекам ни две минути одма почнам да ја мијам и пред да ја фенирам или пеглам ставам од тој спрејот од орифлејм за заштита при пеглање инаку маската од кокос ми ја прави мека косата само врвовите ми прават проблем.
Масло се става на влажна коса, не на сува. Спрејот и маската од орифлејм замени ги со некои на природна база затоа што се полни со хемикалии и уште повеќе ја уништуваат косата, можеби прават да изгледа поубава но влакното всушност не дише. Оди на фризер подшишај ја малку колку да се обнови и почни со природни шампони и маски верувај дека после месец дена ќе приметиш разлика. Зборам од искуство, јас косата ја имав уништено со фарби и едвај ја вратив во живот, сега ми е преубава. Пиши што ќе направиш.
девојки пред некое време на една страна читав како да се стигне до побрз раст на косата... рецептата е следна: еден филџан (од кафе) јогурт и еден филџан цеден сок од портокал....состојките се мешаат и се оставаат на косата најмалце 2 часа....а за пивските апчиња јас лично не ги препорачувам дека премногу гојат ....(отвараат апетит и се препорачуваат за луѓе кои неможат да се поправат)... ќе ви кажам резултати со јогуртот и портокалот... мала инвестиција за добри резултати