Пa мислaм и зaтoa ти рaсте кoсaтa пoбрзo хмм и јaс кoристaм истo се прoбувaм зa пoбрзo дa ми пoрaсне пa пaк ете спoрo незнaм
не е бидејќи до пред неколку години користев друг природно ми е така. наследно да речам бидејќи и на мајка ми брзо и расте косата
Некaде нa темaвa прoчитaв декa имaлo шaмпoн зa пoбрз рaст нa кoсaтa, гo имaле вo фризерските сaлoни и бил мнoгу скaп. Ајде ве мoлaм плисс кoј знaе кaкo се викa шaмпoнoт некa ми кaже не ми е вaжнa ценaтa.
Јас немам никаков проблем со самата коса, со оглед на тоа што ја фарбам здрава е. Него, имам некаде скоро до половина должина, ама сакам подолга уште едно 5цм... Е сега, не знам што да и направам за да порасне уште толку. Користам на Нивеа Хидро шампон исто и таков регенератор. Што би да ставам во шампонот?
@vitamina 30 таблети од пивскиот квасец и ампулите се заедно да се стави во шампонот? Ампулите од прилика колку те чинеа?
Шампон од кератин посебно эа слаба и оштетена коса. Ја обновува косата од коренот до врвовите и ја прави мека,смирена и со поголем сјај. Цена 370 ден.
Syoss шампон зелено шише лично на мене ми порасна до половината за брзо дали дека сум навикната на таков шамп и не го менувам исто така и чаj од камилица се потура косата барем на мене делува на други незнам и витамини б комплех внатре ги ставам во шампон сега за сега е супер
Масажа на скалпот. Проверено и делува. Се што треба да се направи е 7 дена по ред да го мсирате скалпот по 4мин. Да напоменам, ова се прави еднаш месечно, значи можете да го правите секој месец но по еднаш
Ако се фарбате може со фарбата tutto- италјанска е , од оваа фарба многу брзо расте косата. Еднаш се изфарбав и од тогаш многуу брзо ми расте косата
Доколку сакате да имате долга коса , мека и сјајна ставете на неа рицинусово масло нека стои 10-15 минути па потоа измијте ја. Исто така косата расте побрзо и доколку пред спиење ја чешлате и можете да пробате со ставање Б-комплекс во шампон помага и тоа.
Девојки дали некој го има користено овој шампон ? Ми излезе на фб . Гледам 250 мл а 1000 и нешто денари е , вреди ли за парите ?
Луѓе бе што ви е?! Пробајте од ова пробајте од она?! На мене од ова ми порасна на мене од она чиниш ова чоколади се. Не си играјте така се и сешто да пробувате и да ставате од кој што сте слушнале и виделе бидејки ќе се разочарате на крај од сите тие тешки хемикалии и изгори врз вашата коса. Се работи за коса овде и за здравје а не за чоколади и смоки, колку повеќе експиментирате и пробувате толку повеќе ќе се разочарувате. Се знае што е добро а што не за косата, прекинете со ваквите коментари. Си има препарати, постојат и стручни лица кои можат да ви помогнат и препишат терапија, не се залажувајте да ставате се и сешто.
Што се налути толку, јас освен Б комплекс апчиња кои се најпрепорачувани тука покрај шампонот од лук ништо страшно не видов. Крај краева зошто да не пише некој ако нешто му помогнало. Тогаш да ги затвориме сите теми за шминки и да не пишуваме зошто биле хемикалии и експерименти. Плус секој си е за себе одговорен и на своја рака пробува, ако видам јас тука некој дека пишал солна киселина му помогнала сигурно нема да се затрчам да ставам на глава.
Тоа е твое мислење, моето е поразлично, јас не се лутам никому нити пак имам право на такво нешто, може така тебе ти делувало тоа но не е така, си изјаснив мој став дека свашта не се става на косата исто како и што мене ме советуваше најдобронамерно сесилија и јас ја сватив нејзината поента. Па баш и затоа сакав да пишам и да се изјаснам дека последиците се фатални од лично искуство. Не сум пишала ништо за апчињата бидејки јас бев таа која што ги советуваше сите да ги земаат, пишав за останатите препарати кои ги зборуваат и за шампонот од лук дека е тешка хемикалија за да знаат што и како со шампонот, а сето ова го пишував од искуство. И крај краева секој со свое мислење, исто како што ти кажа дека никој не мора да ги практикува советите истото и јас ќе го кажам дека никој не е приморан да го чита мојот пост.
Се шегував со тоа дека се лутиш, не ми беше ни за апчиња ни ништо туку не знаев за кои хемикалии и средства збориш и затоа се зачудив. Зошто мора толку дефанзивен став веднаш да се зазема, па ние сме тука да си размениме мислења, да си помогнеме. Ете може некој не знаел дека во тој шампон има „хемикалии“. А и ретко кој шамон нема хемикалии реално гледано, некои поштетни некои не, а ако знаеш нешто повеќе можеш да кажеш зошто е лош тој шампон, што е штетно во него. Јас се замислив зошто пиша така, бидејќи не знаев за што точно збориш туку збореше општо.
Далеку од тоа дека поентата ми била да навредам некого, почнав да читам повеќе страни испишани и се запрепастив од се и сешто што имаа напишано, па решив да го напишам коментаров во смисол да знаат членките дека се и сешто не се става врз косата. Читав од фарби до секакви штетни работи што единственото дејство им е само да ја догорат и доупропастат косата, а секако за витамините и природните состојки не зборував бидејки штета од нив не може да има. Конкретно за шампонот од лук и јас слушнав па како и многумина решив да го земам, единствено нешто што ми направи тој шампон од само неколку миења беше тоа што ми ја иритираше кожата толку многу што и самите влакна почнаа драстично да ми паѓаат а за кожата и нејзината сотојба ми беше до толку критична што едвај се опоравив, истото искуство не го имав само јас туку и многумина околу мене, беа запрепастени од шампонов. Но нели, не сакам јас да заплашам и да наметнам нешто на некој одовде бидејки секој ораганизам општо не е ист, но, сметам дека оние кои имаат среќа околу косата и кожата да им се издржливи и доста јаки можат слободно да го користат и нема да имаат штета. Сепак шампонов не е наменет за лица што имаат проблеми со косата и кожата, и самиот шампон е многу јак и има доста хемикалии што оној кој има слабо влакно и чуствителна кожа не би можеле да го поднесат. Сакам да ви кажам дека секој кој што има проблеми со кожата и влакното да појде кај стручно лице и да си пронајде соодветна терапија за својот вид на кожа и влакно а не да експериментира со најразноврсни хемикалии и ефтини препарати, бидејки крај краева се си има цена а и за се има лек само треба да се пронаје, витамините во секој случај не се штетни напротив се корисни за здравјето, е сега прашањето би било дали на секој ќе му помогне се нешто не се знае, бидејки секој организам различно ги поднесува состојките.
Мене ми помага маска за коса од 1жолчка,1 лажица масло(маслиново,или билокое друго масло за коса ),1лажица лимон,1/3 сисенце ад капки и 1ампула од б 1,б 6 и б 12 ампули.Сето изматено на коса го чувам околу 1час ио има добри ефекти. Исто и мерц таблетите,по користење од околу 3-4 месеци,започна да ми расте по сантимипол до 2цм во месец,косата,и јас сум многу задоволна и од квалитетот исто така.