Леле девојќи дајте да си ја заменам косава со некој хаххаха Мене ми расте ко луда А пошто имам кратка коса, ја шишам на секои 2-3 недели Расте како трева, со брзина на светлината Ради тоа се фарбам на 2 недели
Палмолајф шампон од калинка хахахха Одкако ми е кратка шишана, ништо друго не и ставам, мислам на маски и такви работи зошто ми ја разлетуваат цела и како глуварче сум после Иначе од секогаш ми растела многу брзо
Немам @Kimberly11 ,искрено порано 1/2 ставав ,ама од толку и не се приметува,у секој случај ок масло е ,а башка и мене фризерка ми кажа за маслово,ја сеа пошо имам кокос,макадамиа,чичково гледам нив да ги потрошам,па ќе го земам и тоа,инаку и ја се мачам со растење,ама мн.битно и да пиеш одвнатре,ја меѓу др.апчиња и биотин користам од нет ми е нарачан и мислам дека и од него ми е порасната косата.
Го земав маслото,се намачкав на косата стоев 2 саати па се измив Иначе колку време треба да го користам за да има резутати?
Мене многу ми помогна масажа на скалпот со масло од чичково дрво и кокосово масло. Исто така користам и малсиново. Одма ми порасна и се опорави а мислев ке си останам со машка фризура. Пред 5 месеци се исшишав ептен краток боб па и згора на се ја избланширав и ми стана како метла. Сега е 8 сантиметри (толку ми растеше годишно) подолга иако не правев редовно третмани, туку еднаш на две недели.. За поголеми ефекти еднаш неделно би било доволно и најдобро е да се остави преку ноќ па сабајле да се измие косата.
Ја еднаш неделно пред да ја мијам ја мачкам со рицинусово и има резултати а на врвовите ствам кокосово
Јас пред месец дена почнав со Merz таблетите за коса, нокти, кожа... и осеќам дека повеќе ми расте, плус шампон од коприва и внатре ампули со б6, б12, ампула со екстрат од коприва, пантенол, аб капки (во зегин ми ги кажаа и таму ги има сите потребни додатоци за шампонот).
Косата ми паѓаше ненормално многу. Почнав да го користам овој шампон, на 3 миења престана да ми паѓа, а сега после 1 месец почна да ми расте и нова коса.
За сите што имаат проблем со растењето на косата.. Ви ги препорачувам Merc Special дражеите.. Јас ги пиев и многу ми помогнаа.. Косата , кожата и ноктите ми беа фантастични.. Секако и се скарав со фенот и пеглата А и го користев Орзене шампонот и балсамот за оштетена коса. Поздрав