3 години по ред се фарбав плава, и ја направив косата пепел! Често ја фарбав, никогаш не бев со подникнат корен и стварно ми фали сеа таа боја, ама косата толку безживотна ми беше, ми се чинеше нема спас за неа. Цела колекција на Elseve Total Repair ја купив, ама за џабе. Па и кога ќе седнев да ја пеглам... пола коса на нозе ми беше, ми се плачеше кога ја гледав Да биде уште полошо,ја шишав 2пати годишно, ја жалев многу пошто не ми растеше воопшто И конечно се решив да престанам со фарба, почнав да ставам кокосово масло го држев по 7-8часа, масажа на скало со масло од чили (од фармаси), најизменично ги менував шампоните, коприва,бреза,лук, сите обични по 60 до 70ден, маска од арган (авон), домашна маска со зелена глина и сл. Престанав со пегла (5пати месечно дали ја користев) и еве, почна да расте нагло, ја шишам почесто, и здрава е Ставив 2 пати и ботокс, и ќе продолжам со него, бидејќи ми е многу тенко влакното,па да ја вратам во нормала скроз.
a kade pravis botoks?, jas imam problemi so tireoidnata i kosata mi e izretcena i mi paga mnogu neznam dali botoks bi mi pomognal? help
@P.S.love И да си направиш, ич да не се мислиш Прв пат во мај правев,косата ја ишишав до раменици, за 5 месеци до над половина ми порасна. И покрај користењето на фен и пегла приметив дека не се оштетува толку како порано, испукани врвови имав но скоро и да не се приметуваа. Немав потреба ни од чешел, косата стана многу е мека, и не се заплеткуваше ни кога не е исчешлана. Исто така опаѓањето на косата се намали за некои си 80% Со оглед на тоа што имам тенко влакно, некако не ми се приметуваше должината на косата порано, ми се кинеше влакното и изгледав ко шишана стално. Сега гледам и тоа се средува. Самата коса изгледа негувана,и сјае. За максимално позитивен резултат препорачливо е два месецада се прави третманот,па третиот да се паузира. Јас така ќе продолжам ^^
Леле супер Баш ми е мило! Јас прашав во еден салон,600 ден. е третманот. Се исплаќа. Ќе си направам обавезно зато шо и јас имам слични проблеми. Фала многу
Премногу коментари има темава, не ги прочитав сите...се извинувам ако повторувам нешто што било веќе дискутирано, но сите вие кои се соочувате со ваков проблем, сте пробале да пиете цинк?
Освен што има многу други бенефити од типот на подобрување имунитет, зголемување на плодност и кај мажи и кај жени, итн. исто така, го поттикнува растот на косата. Се рзбира, треба конзистентно да се пие јас отсекогаш сум имала многу густа коса. Но одреден период морав да примам хормонска терапија. Тие апчиња прилично ми ја "спласнаа" на некој начин косата, но 1 година откако ги прекинав, се' се врати во нормала. За тоа време пиев и цинк. Сега густината ми е целосно повратена, можеби најмногу зашто поминало време и не пијам веќе апчиња, но сепак сметам и дека цинкот доста ми помогна. Цинкот не го пиев веднаш откако престанав со терапијата туку многу покасно, затоа мислам дека ја убрза работата
Јас сум презадоволна од шампонот на Афродита од коприва , имам приметено дека косата многу побрзо ми порасна , плус ако имате мрсна коса многу ќе ви помогне , имам користено шампони од 20 евра и не направиле ништо на косава , овој за 100 денари ем е одличен ем евтин
Морам да ти кажам дека не е магично и дека ќе мора да почекаш сигурно неколку месеци за да имаш видливи резултати
Дали некој го има користено шампонот алпецин Ц1. Ми го препорачаа демек бил за побрз раст на косата, а мене баш тоа ми треба зашто пребавно ми расе Ако некој го користел како сте задоволни, дали има резултат ?