1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. MenaSk

    MenaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Го имаш пивскиот квасец во поголеми маркети како на пример tinex, исто така пивскиот квасец може да се користи и за ослабнување
    2 лимони исцедени во чаша се додаваат 6 таблети пивски квасец се остава да престојат ноќта, а наутро на гладно срце се пие...
    Се надевав дека помогнав :rofl: :hai: поздрав
     
  2. MenaSk

    MenaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0



    Сите го фалат пантенолот и овој раствор многу луѓе кажуваат дека помага во растот на косата расте за 3месеци 10см :)
     
  3. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Јас вчера од зегин купив 3 ампули б-комплекс и кога стигам дома гледам ми дале само три аква водички за раствотр :?: и сеа треба да си го разредам шампонот, да не ми е многу густ :lol:
    Инаку вчера бев на фризер да ми ги скрати врвовите, реков сантим а ми скрати десет :@ :@ и сеа џабе се сапуњав секој ден и ја шлакав косава со све и свашта :sweat:
    Инаку само што нарачав пантенол, ампули за сува и оштетена коса и ампули б комплекс, планирам ампулите за коса и пантенолот да ги ставам во маската Garnier Fructis, а б-комплекс ампулите во шампонот, па ќе пишам како иде. :) Од денес почнувам да мерам во милиметри :D
     
  4. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    А колку чини маслото од рицинус? :)
     
  5. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    околу 60-70 денари :)
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    ^^^70 денари, денес си купив јас од ГАлафарм :)
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.128
    Допаѓања:
    156.094
    Дечки,читав малку и дојдов до еден интересен момент...ова што го правиме со ампулите...не помага.Зошто...затоа што витамините како такви испаруваат брзо од шампонот и плус измешани со шампонот губат голем дел од своето дејство по само неколку часа.Ова важи дури и за витамините кои ги пиеме.После една недела губат дел од своето дејство,може да се зачува само ако се херметички затворени.
    Со други зборови,џабе веземе.Мислев за алтернативи,како тоа содржината да се смести во шприц и секое миење да си поткапнуваш во шампончето пред да го нанесеш на глава или да дробиш по една таблетка б комплекс и да ја додаваш непосредно пред миење.Инаку,поефикасни се б комплексот,отколку поединечни б витамини.Б 12 нема врска со растот на косата,важен е како храна за мозокот,нервниот систем и за крвта,штити од анемија...така да за косата отпаѓа,што не важи истото за Б6.
    Веќе кога се решавате да ставате ампули во шампоните,подобро е само б6 или б комплекс.
    Попосле ќе одам до аптека и ќе земам голем шприц со се игла и ампули,па така ќе пробам да ги користам.И да изгуби дел од својствата,убедена сум дека сепак ќе биде поефикасно отколку цел месец отстоени витамини во шампонот.
    Имаме тука хемичари и биохемичари можеби ќе се нафатат да ни помогнат дали е точно ова или не. :!:
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Држи вода тоа Лилитке, ама па ако не за растот, мене си викам бар за цврстината на косата ми помогна досега, е сега дали само тоа, или се што шлакав на неа, од глисс, од масла вакви онакви, и плус бебешки влакна имам за извоз :D а инаку немав, и ја фарбав на три-некогаш четири недели, сега на две недели имам корен од сантим и пол пораснато :?: Којзнае, можда само пуста психа, ама ете јас денес пак си купив од се, коктел б витамини и рицинусово масло, пак си продолжувам :)
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.128
    Допаѓања:
    156.094
    Од рицинусовото е дефинитивно,затоа што и јас се мачкав на почетокот на летото,наизменично со бадемово и оревово масло и коренот на косата ми беше многу јак,многу малку ми паѓаше и здивев од бебешки влакна,а и многу посјајно и поеластично ми беше влакното.Престанав летово,ми беше сафра при топлово време да трпам маснотии на глава и еве сега ми паѓа како луда,ми се проретчи многу малку ми расте,па почнав со рицинусот пак и пијам по три б комплекс на ден,па ќе видиме.
    Ај ќе пробам со во шприц,па ќе ви кажам за разликата и ефектите.
     
  10. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Ќе ме натерате и мене рицинусово да купам аее.... :rofl: :rofl: :rofl:


    Бтв го користам Брезов Шампон сега, така 2 недели, косата ми е сјајна, и од сега само тој шампон ќе го користам! Тхумбс уп :rock: :rock: :rock:
     
  11. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    А кај има ваков Брезов шампон неам до сега видено? во овие поголемите маркети можи да се најде?
     
  12. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328

    Јас мислам дека можеш да го најдеш во помалите продавничиња попрво, него во поголемите! Провери во СП Маркет!
     
  13. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Брезовиот го видов сега во Тинекс баш, евтин беше...
    Туку јас земав Пантенол раствор од Јака Радовиш немале на Докторс.
    И сега во 250мл шампон колку да ставам од пантенолот? (100мл е шишето)??
     
  14. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Го има секаде и во поголеми маркети а и во обични продавници, во тинекс, сп, веро, има и е 70-80 денари
     
  15. unknown

    unknown Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    8
    Јас не верувам дека за еден и пол месец може косата да израсне 10 см. Фемина може слика?
     
  16. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    :( едноставно едвај чекам да ми порасне косата, пред еден месец бев на фризер и наместо снатим ми ја скатиа 5 цм :( :( :( :( ќе го испробам тоа со ампулите б6, а исто така имам слушнато и за шампонот шалма од јагода дека го забрзува растот на косата па ќе пишам како ефект има ;)
     
  17. TanYa

    TanYa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    2
    Јас верувам дека за 1 пол месец ти е порасната косата 10 цм. Имаја напишано дека водата го поттикнува растот на косата, шампонот што го користиш го поттикнува растот, ампулите исто така и рицинусовото масло велат дека го потикнува растот на косата и можда кај тебе имало дејство :)
    Сето тоа за 1 и пол месец косата ќе порасне : од водата околу 2 цм, рицинусовото масло нека биде 2 цм, од ампулите 2цм, од шампонот 2 цм. и плус косата што расте 1 цм месечно кога ќе собериме:
    2+1+2+2+1=8 Еве ако не е 10 а можно е ќе биде 8 ! :D :*

    И вчера бев во аптека да прашам за ампули... ама со таја продавачката неможев да се разберам ми велеше оди кај фризеркана горе (во близина тука има фризерка) да сум ја прашала нејзе што купила... и таја во аптеката продавачката ми спомна дека фризерката купила витамин Ц, б и б6... :))
     
  18. milagirl

    milagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    2
    а може ли некој шампон за потикнување на растот да ми кажете ? :)
     
  19. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Погоре е спомнат, Брезовиот шампон. ;)
     
  20. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    од утре и јас ке го започнам „третманов“