Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. Ekatarina95

    Ekatarina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    37
    Стар ми е постов ама колку што се сеќавам после месец два се забележува разлика.Сега веќе не го користам тој шампон ми се засити косата после долга употреба и почна да ми се мрси.Искрено сум забележала дека косата во зимскиот период побрзо ми расте за разлика во летниот период кога ми е многу сува,кршлива и ми паѓа.А зимно време искрено ми е поубава ете тоа е некој мој впечаток и буквално избегнувам да и ставам многу работи и да го гушам влакното,Еве сега само шампон користам и силиконски капки на врвовите бидејки ми е шатирана за да легне убаво влакното,друго ништо не употребувам,што помалку тоа подобро верувајте :)
     
  2. India

    India Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    15.688
    Пол:
    Женски
    Има некои како капки на али се викаат Андреа околу 3 долари, бев скептик ама ај да пробам, за растење немам сеуште забележано ефект ама ако имате сува коса се супер, се ставаат во шампон, косата е мазна и премногу сјајна и даваат баш здрав изглед.
     
  3. 123ppp

    123ppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    45
    Ќе може ли некој да ми каже како беше оној "рецепт" со шампон Афродита и витамини (б6, б12...). Кои витамини беа точно и колку од нив?
    Прочитав некаде, ама сега не можам да најдам.
     
    На Acka22 и sunrise_123 им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580
    Порано една аптекарка ми направи шампон за растење на косата, т.е во шампон од бреза или коприва, стави издробени Б2, Б6, Б12 ампули, АД капки, и малку чичково масло за да не ја масти косата. Комбинацијата на се ова стварно не мирисаше убаво :D ама косата ми беше мека и негувана и многу брзо ми порасна, за еден месец имаше забележителни промени.
     
    На SunnyGirl2, Acka22 и Zivyle им се допаѓа ова.
  5. Zivyle

    Zivyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Дојдов да го напишам буквално ова :D Пред еден месец во шампонот од коприва од илирија ги ставив витамините и почекав 1 ден за да го користам шампонот. Пред да се капам клавав рицинусово во комбинација со кокосово масло бидејќи само рицинусово е многу густо, на водена коса го масирав скалпот и чекав 1 час. Шампонот од коприва многу ми ја плеткаше и некако многу брзо ми се мрсеше косата, али користев регенератор, тој на палмолив зелениот па колку толку помагаше. За тој 1 месец косата ми порасна колку за 3 месеци со мојата обична рутина. Исто чат пат пиев и б-комплекс. Ампулите не беа повеќе од 45 денари 3те, шампонот околу 95. Туку многу го имаат поскапено шампонот, порано не беше ни 50 денари :x
     
    На Acka22, A-j-a, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Барај погоре, милион пати е пишуван овој рецепт, ама не познавам ни една лично која имала видливи резултати. А, меѓу нив сум и јас, мене косата многу ми се исуши од таа мешавина.
     
    На sunrise_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. katevvv1

    katevvv1 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2016
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Јас користам рицинусово масло и жолчка, еднаш неделно, 1-2 саати бред туширање. Па ќе видиме колку ќе помогне :D
    Некоја од вас има ли искуство со оваа комбинација? :)
     
  8. sunrise_123

    sunrise_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    2.761
    Пол:
    Женски
    Исто и на мене, по миење со тој шампон косата ми беше ептен сува и заплеткана. Воопшто не одговараше на мојот тип на коса.
     
    На soffce и sanjaж им се допаѓа ова.
  9. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    596
    Препорака за побрзо растње на косата, а и подобрување на квалитетот на косата - ПАНТЕНОЛ РАСТВОР. Го има во Зегин од Галафарм 99 ден околу 200мл. Пред мене една жена го зема за да ја освежела косата па ајде и јас :) Го користам две недели и косава ми е помека, побујна и врвовите ми се посочувани. За растот не знам бидејќи многу кратко време го користам, веројатно после еден/два месеци би се приметила разликата.

    Пантенолот е раствор како вода, не е мрсен, и е со распрскувач. Го нанесувам неколку пати во денот (кога ќе ми дојде). На почетокот ми беше чудно дека ја укрутува косата - значи после три дена веќе мора да се мие, но после секое миење со шампон се приметува разлика. Еве подетално искуство од пантенолот - http://zdravakosa.blogspot.mk/2013/08/pantenol-rastvor-i-kosa.html
     
    На Nausicaa, Chanell*, Acka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    А да не ја отемнува косата , оти фарбана ми е ( плава)?
     
  11. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    596
    Искрено не знам дали ја потемнува, ама и не би требало... Само ако почне побрзо да ти расте ќе треба почесто да ја фарбаш... За секој случај прашај ги аптекарките или фризерот. Или прочепкај на нет ...
     
    На Cinderfakinrella и pavlinapale им се допаѓа ова.
  12. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Женски, колку време го пиевте пивскиот квасец за да го постигнете посакуваниот ефект и колку треба да се пие на ден? :)
    п.с. Дали влијае на потемнување или жолт ефект кај русата коса?
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    Го пробав тој експериментот со шампонот од лук на Афродита измешан со ампули витамини лани ова време. Искрено не паметам да имаше некоја драстична разлика ама имаше некое подобрување, ми порасна косата побрзо од нормалното за некои 2 сантими. Бидејќи шампонот е баш големо паковање ми траеше некои 2 и пол месеци. Не продолжив да го користам пак бидејќи тогаш косата ми беше фарбана и од ампулите многу ми ја правеа сува.

    Сега откако се истрижав и падна бојата сакам да пробам пак ама немам трпение да чекам толку долго.
    Дали некој користел тамблети на Мерц што се за коса кожа и нокти, или некои други таблети наменети за побрст раст на косата?
    Пред некој ден побарав во аптека, аптекарката ми предложи едни други не го паметам името биле наменети само за коса и биле преубави имало многу задоволни.. Дали некој користел да сподели искуство?
     
  14. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Јас имам користено Merz таблети, немав никакво подобрување, а се здебелив неколку кила. :@
    Две мои другарки исто така ги пиеја, и они се здебелија,а немаа резултати ни на коса, ни на лице, ни на нокти.
     
    На nadelinka, Salome и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  15. Angells bejb

    Angells bejb Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Сум слушнала за шампонот од лук на Афродита и има ефект, баш една моја другарка го користеше и за многу брзо време и порасна косата 3-4 сантима. Инаку и Б комплекс апчињата се за раст на коса, на нокти.
     
  16. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.873
    Допаѓања:
    5.210
    Пол:
    Женски
    Дали рицинусовото масло навистина помага за растење на веѓи? Зборувам за квалитетно, не оние од 50 ден.
     
  17. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    8.182
    Пол:
    Женски
    Помага, јас го користев, бидејќи сакав погусти веѓи. Но, пробај и со кокосово масло, исто така помага многу. Можеш наизменично да ги мачкаш веѓите.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    На веѓи не сум пробала, меѓутоа доста долго го нанесувам на трепките секоја вечер пред спиење, па да ти кажам имам доста задоволителни резултати. Згуснати се онака баш приметливо, па верувам дека и кај веѓите би се постигнал убав ефект.
    Немаш штета во секој случај.
    П.С. Ти користеше активен кислород за лице, така? Ако сакаш да споделиш импресии во соодветната тема за лице. :$
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски
    И на мене Мерцот многу ми влијае на апетитот.:@
    А, за да има резултати на косата треба да се испијат барем две-три шишенца, од едно не може.
    А, јас тек од првото се здебелив три кила.:worried:
     
  20. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Кое рицинусово го користевте?