@softy1 Цело јајце ? читав некаде само жолчка да не се ставаше.. И колку пати неделно се користи маскава?
Јас ставав цело јајце,ама можи и само жолчката да ја ставаш. 1-2 пати неделно ја користев,редовно 2-3 месеци.
Дали некој ги има користено и како е задоволен од таблетиве? Ми кажуваа дека многу растела косата од овие па некој да сподели искуство.
Го немам јас жалам. Ми ја пратија само оваа слика па затоа сакав да прашам дали некој има користено да каже.
Го видов на интернет, Б комплекс содржи и не сретнав ни еден позитивен коментар за жал. На српски форуми читав за таблетиве,никој фајде не видел. А баш се заинтересирав.
Јас ги користев овие порано и имав резултати. Ама воедно користев и шампон за раст, па не знам дали овие имаа некој придонес во растот или шампонот си го направи своето.
Здраво. Вака, значи нема што неам пробано на косава, реално имам од секогаш тенка коса, и не ми е густа, ама поради гнев од тоа што не можам да си пуштам колку сакам и сл, 3 пати до сеа од 15 год до сеа 25, поточно до минатата година, иам правено плетенки со вуница, ги носев по три месеци и ги вадев. И нормално после тоа уште повеќе беше ослабено влакното, па му требаше време да се стабилизира, али секад сум се враќала на истото, никогаш нешто драстично променето. Е сеа, поради ова со плетенките, а и поради желба да ја пораснам косата до задник, а повеќе од до половината никоаш не сум успеала да ја пораснам, се ова што се изнаброиле. скоро се имам пробано. Значи шампон од коприва, или од лук на Афродита, полнет со витамини и ампули и пантенол, па шампон за вошки плус внатре ми кажаа помагал, па газија исто, мн било убаво за коса, се имам ставано. Не можам да речам дека немало никаков ефект, пошто до сеа еднаш само имав период така коа ми паѓање косата повеќе и од оваа мешавината со ампули што ја користев може 3 месеци и повеќе, престана да ми опаѓа косата, значи се зајакна и сјајна си беше онака колку што може После тоа, имам мачкано и секакви масла, и седено по саат па миено коса, имам користено и обичен шампон ама наполнет со сецкани парчиња лук, можда 7 чешниња стаив, и мирисаше ужасно додека се бањав ама после миење воопшто не се осеќаше ама секако издржав и го користев и тој шампон два месеци, ама никако не ми порасна повеќе косата. Имам бебешки нови влакна, не дека не, и не знам ни точно од што се, последно алпецин користам, ама некое згуснување немам. Би сакала да знам со што можам да придонесам за тоа, глеам на инстаграм популарни се по странство едни Bear Hair мечиња за џвакање што биле откритие за коса, сите блогерки што следам ги користат, ама скептик сум за пиење апчиња такви пошто нм знам што хемии има внатре, колку се здрави или нездрави а и не би сакала на дебелеење да ми влијаат. Ако имате некој совет, за згуснување на коса нешто што е ефикасно, освен се наброеново горе, пошто све се обидов .... Фалаа
Едно прашање: од каде ги купи АД капките и пантенолот? Бев во двете аптеки што ги има во маало и нема а другите состојки веќе ги ставив во шампонот од коприва.
Јас само 2 х ампули Б1, Б6 и Б12 ставам во шампонот од 500мл ако нема од лук на афродита, тогаш од коприва земам. Има резултите, но не веднаш уште по првото миење треба време.
Мерц се супер. Помагаат и во зацврстувањето на ноктите. Мене косата најмногу ми расте од Бетавитевит таблетите. Не се воопшто скапи, а многу ми се ефикасни. Косата и ноктите ми растат како луди, ама заедно со нив расте и апетитот. Ги пијам може година дена со повремени паузи. Од тогаш до сега два пати кратев коса до раменици (longbob), последно ја шишав пократко во октомври, а веќе ми е со должина до под градите.
Пантенол + АД витамин + шампон од Алверде (авокадо и бадем) Оваа комбинација ми беше спас, косата не ми порасна претерано но текстурата видно ми се подобри.
И пантенол и АД капки има во Зегин. Пантенол раствор има на галафарм со спреј околу 100 денари/ 250мл; а АД капки ти се Д витамин капки што се даваат на мали деца. Вигантол се на пример маслен Д витамин, а АД капки се воден раствор на Д витамин. Не знам во кои аптеки си била ама во Зегин 100% наоѓаш...
Јас само знам дека витамин Б7 помага во одржувањето на здравјето на косата и ноктите, а дали и колку помага во зајакнување и против опаѓање не сум сигурна. Кератинот е корисен за зајакнување на структурата на влакното. Резултатите се индивидуални, јас спомнав дека косата природно ми расте доста брзо, па не знам колку би можела да бидам некој репер за ориентација. Пробај на некои 2-3 месеци, ќе видиш како ќе оди процесот. Секако нема штета од Б-витамините.