Јас користам кокосово масло и многу сум задоволна. Го нанесувам на сува коса, го оставам 1 час и косата ми е како свила и побрзо ми расте. Исто така имам читано дека маслото од јојоба поттикнува раст на косата, ама немам видено кај нас.
За кокосово масло имам слушнато дека е многу ефикасно, меѓутоа е така малку поскапо. Како варијанта може да се користи и рицинусово масло (може, и не мора да се стопло) и со тоа се масира косата. Јас го користам и ств се покажуваат резултати во квалитетот на влакното. Освен тоа, имаш маска од јајце, маслиново масло и мед. Се нанесува на сува коса и се чува 15-тина минути. Малку мириса непријатно, меѓутоа помага. Пиј б6 редовно по 2 на ден, исто многу помагаат за квалитет и раст. Имам скоро се испробано за раст на коса, така да ако те интересира слободно пиши ми.
Јас го имам користено , но маслово сум го нанесувала само на мокра коса по бањање. Има други масла што помагаат за еаст на коса , со нив се прави масажа на скалпот , рицинусовото масло баш го фалат на форумов за таа намена , јас тоа го немам пробано
Јас ненамерно ја израснав повеќе од сантим за нецел месец, приметив по израснатиот корен. Сигурна сум дека е од шампонот од лук од афродита и оној евтиниот од камилица. Тие ги користев месецов принудно.
Гледав на јутуб за една маска со јајца и маслиново масло. Значи се матат 2 јајца потоа се додаваат 4 големи лажици маслиново да се измеша убаво и да се стави на цела коса така да стои 30 мин па да се измие еднаш со шампон,после тоа да се нанесе кокосово масло на целата коса и со него да се преспие. Пробав со јајцата и маслиновото,а моментално имам кокосово масло на косата ама не верувам дека ќе издржам цела вечер за една вечер по 1-2 цм растело коса ама и не ми се верува баш..
За долга коса, ако треба и со кајгана ќе спијат на себе, е тоа ти се вика жени. Шала на страна, не е природно за помалку од 12 часови косата да ти порасне 2 сантиметри со помош на...кајгана. Растот на косата и благосостојбата на целиот организам го поттикнуваме од внатре, со помош на исхрана и витамини. Внесувај поредовно и поупорно Б-витамини, нанесувај кокосово масло како балсам за коса и ќе видиш напредок за некој месец. Со помош на ваков третман, косата ми порасна десетина сантиметри, почнувајќи од октомври навака.
да баш и јас ја пробав маскаата (1јајце , маслиново масло и 1лаж.мед ) ја држев два саати и ја измив со шампон ..незннам дали расте многу ама знам откако ја измив ми беше побујна и погуста па сигурно и не е штетна да ја испробаш .подобро природна маска отколку овие сп секакви хемикалии.. Знам и една друга маска со млеко мед и квасец ама таа другиот месец ке ја пробам ..
Се нанесува на скалпот (по можност благо навлажнет) и се масира 3-4 минути па се остава да стои неколку часа или уште подобро преку ноќ Јес да е одпосле малку потешко за измивање наспроти другиве масла, но е и те како ефикасно ако се користи редовно.
jas koristev cickovo maslo i mnogu mi pomogne protiv opajanje i protiv prvut.prv pat ko staviv kosata mi se napolni so prvut dodeka vejke od slednoto koristenje nemase nisto od prvutot kosata sosem se iscisti a i za rast pomaga no dokolku e mesano so maslinovo dava pogolemi rezultati
За да имате подолга и поздрава коса треба да престанете да ја сушите,пеглате.. така нема да ви е оштетена косата имам слушнато за подолга коса да ставите на врвовите од косата castor oil иначе еве ќе ви дадам еден линк како да ви расте побрзо косата се надевам дека на некој од вас ќе ви помогне !
Здраво девојки, немам никакво искуство со масла за коса. Ако може да ми препорачате некое масло за коса од ДМ за сува коса и за побрз раст. Имам долга коса и во последно време ми е многу сува па сакам да пробам со нешто да ја освежам.
Дефинитивно само пиење на рибино масло ....ќе ви расте како луда ама нема откажување само редовно пиење после 2 месеци ке видите одлични резултати
Ги имам пробано сите рецепти од форумов и најмногу фајде видов од рицинусово масло 1 час пред миење.Потоа користам шампон од лук на Афродита, само со додаден пантенол. Одлични резултати даде за многу кратко време, токму кога изгубив надеж
Девојки мој совет.Уште од вчера почнав да испробувам маски за коса.Деновиве да се наканам да отидам да купам FITOVAL, тој мене ми помогна многу за сува коса и го препорачувам на било која.Друга работа.Денешната маска што ја ставив МАЈОНЕЗ на коса верувале или не после прва употреба и даде сјај на мојата коса што сите го приметија тоа, а предходно ми беше ненормално сува косата и сега почна подобро да се расчешлува.Иако скроз нема да се опорави ама можам да кажам дека каде каде е подобра од тоа што беше.На почетокот бев многу скептична за тоа додека ги читав советите за мајонез АМА НА СИТЕ ВИ ВИКАМ ПРОБАЈТЕ НЕМА ДА ЖАЖАЛИТЕ.И секако после прва употреба неможе одма да ми ја подобри ама пак имаше резултати.За тоа навратив на оваа тема да ви пишам да не се мислите воопшто за мајонезот и не бидете скептични ) И можам да ви кажам дека уопште не ми мириса на мајонез косата после тоа и ставив регенератор и не го измив зашто и јас бев скептична.Ама верувам дека би ја продожлила оваа процедура. И седев поише од 3 саати.