Како да го ,,убијам'' мирисот од ампулите? Имам долга коса и не можам да го поднесам. Можеби на некои не им е толку лош, али мене ми смета.
ЗА растење на коса,се загрева кокосово масло и се нанесува на цела коса и се витка со најлон или најлонска капа и така се спие..ако можете и по 2 дена вака да ја чувате косата би било уште подобро
Затоа реков ако можеш.Или ако е лето па да ја врзеш во реп залижана .Иначе ако не можеш доволно е само за спиење.
Нешто што имам забележано кај мојата коса: колку повеќе ја трупав со разни ампули, специјални шампони и спрејови многу споро ми растеше, сега користам само маска и фала богу до под газот порасна
За мене најдобро нешто за побрзо растење на косата е кокосовото масло. Еднаш неделно пред миење го користам. Исто така, големо влијание имаат и шампоните. Од кога користам шампони без силикони, парабени, косата ми е многу поубава и поздрава.
И рицинусово масло, и кокосово, и шампон од коприва, и што уште не пробав, џ а б е . Што да и правам више??
Моја препорака само пантенол. Во зегин има раствор од пантенол околу 100 денари со распрскувач. Само тоа ми ја оправи косата комплетно и раст и згусување. Имам и претходно пишувано за ова...
Јас го користам овој шампон го забрзува растот на косата, единствен недостаток му е тоа што премногу ми ја суши. Добро е тоа што не ми се мрси брзо косата и исто така не ми фаќа првут.
Значи вака Шампон од коприва, ама ќе си прашате од тие во аптека што се продаваат околу 250мл - 90-100 ден. Пантенол раствор, 1/4 од шишето ќе истурете во шампонот, останатото ќе го чувате за следниот. 165 ден го купив јас од аптека, ама се исплати, бидејќи во 4 шампони ќе го поделиш, можеш и два три месеци да прекараш (зависи колку често ја миете косата) Б комплекс таблети ќе сроните 10 и исто така ќе ги ставете во шампонот, и ќе расклумате секако. - 15 ден лентичка мислам дека беа, во неа има 15 таблетки. Значи навистина нема да зажалите за овој шампон, мијте ја косата само со него по можност. Кај мене за многу кратко време не само што ми порасна косата туку и дупло се згусти (ми беше изретчена од пеглање, ептен изгорена оштетена) и поздрава и не беше толку сува како претходно, ама ептен сум задоволна, бидејќи не верував дека нешто посебно ќе биде, ама презадоволна сум од резултатите. И, кога веќе сме тука, за да ви порасне косата подолга, освен шампони ампули и што и да е што ќе користите, еве неколку совети: - Мијте ја ретко, најмногу два пати неделно, најмалку 1 во десетина дена, бидејќи самите масла што ги произведува косата и помагаат и во растот, а со миењето ги тргаме тие масла и косата се суши и оштетува, ама сепак и предолго држење немиена може да и наштети зашто ќе се насоберат многу масла и кожата нема да може да дише. - Горење на косата, ако сте во можност никако! Нема нешто што повеќе и штети од пеглање, виткање, пресирање, фенирање, па и ова со врелите витлери исто. - Не ја шишајте често, доволно е во 3 месеци еднаш, за метилот немајте гајле бидејќи кога не ја горите, тој и не се создава. Може само да се прошири малку ако е од претходно оштетена, ама со тек на време ќе го снема. Значи, не верувајте на лагите од типот "Колку почесто ја кратиш, повеќе расте" Тоа е замка на фризерите за повеќе пари, стара години и години. Косата расте од корен, а ги шишаат врвовите, така да тоа не е точно. И за метилот, како што кажав, тој се создава и шири само ако ја горите косата (и фарбањето, шатирањето ја гори) - Оставајте ја косата да дише што е можно почесто, не ја собирајте, плетете и така натаму, така се стругаат прамените еден од друг и се кине. Сега ова не и штети којзнае колку, ама ако ептен сакате да ја зачувате, оставете ја пуштена, слободна. - Значи на кратко кажано, оставете ја косата да биде тоа што е - наместо да се трудите да ја разубавувате со нешта што и штетат(пр пеглање). Тоа може ќе ви помогне во моментот да изгледа подобро, но откако косата ќе се исуши и оштети, после ни пеглање ни ништо нема да ти помогне таа да изгледа сјајно и убаво. Затоа, мој совет, оставете ја косата каква е таква е, средувајте ја само за посебни прилики, кога мора да биде средена, затоа што нема поубава фризура од кога ќе видиш природна здрава, густа и цврста коса. П.с. за ова со пивскиот квасец, првпат слушам, ама како што кажуваат ефикасен е, па ако го најдам, ќе испробам и ќе пишам резултати после месец, два.
Имам виткана и доста бујна коса но на фризер ми ја зафркнаа тотално. Па ве молам некој совет за побрз раст на косата без да ми растар нови влакна
Прочитај за шампонов што пишав погоре. А за тоа дали ќе ти растат нови влакна никој неможе да ти гарантира.
Од храна пивски квасец или Б-комплекс витамини. Пијте многу течности. Има лосиони што се нанесуваат на главата и ги стимулираат капиларите за повеќе крв да носат.
Со Балеа масло за коса, многу убаво мириса, го задржува мирисот и ја прави косата супер. Пробај.http://makeupandmore.net/blog/balea-i-alverde-kozmetika-nega-tela-i-kose-a-i-malo-sminke/
Mene od kokosovo maslo mnogu brzo pocna da mi rasne. Ja mackav cela kosa ubavo i taka ja ostavav preku nokj i nareden den ja miev. Taka eden mesec i odma se oseti kako pobrzo mi rasne kosata. Kokos vo tegla, priroden organski