А инаку јас порано бев опседната со тоа колку ми е куса косата и страшно многу сакав да ја пораснам, па со оглед на тоа сум порбала маски од секаков вид, ампули и трста чуда.. али едно нешто што ми било најефикасно и во исто време ми одземало најмалку време и труд - ФИТОВАЛ капсули... многу се добри и ефикасни, ги имаат сите оние потребни состојки за растење и зацврстување на косата како и на ноктите.. Само сакам да потенцирам дека треба добро да се информирате затоа што на секој организам не делуваат исто, може да ви ствараат апетит и такви работи (што не беше случај кај мене).. А и ампулите се исто добри, јас ги користев Б1, Б6 и Б12 во еден шампон, но ми ја мрсеа косата многу често, а капсуливе ги имаат истите соединенија и многу повеќе, така да it is worth it
@sToBiToBi Истото е, на температура пониска од 23-24степени кокосовото масло се стврднува т.е "личи на сапун", а на повисока температура е течно. Јас па никогаш не видов позитивен ефект од него кога го користев за коса. Што знам,ниту ми пораснала ниту па ми спречувало "пукање" на влакното. Не ја пеглам и сушам со фенвеќе неколку месеци, и си расте повеќе него ли претходно.
Исто е знам, јас го топлев во микро за да се направи течно, но муабетот ми беше овие што се во трвда состојба се поконцентрирани и поквалитетни.. За раст ни мене не ми било ефикасно, како ѓто нагласив погоре капсулите ми беа најефикасни, а за зајакнување, сјај и заштита кокосовото е добро..А иначе јас неколку години не ја сушам со фен а ја пеглам еднаш на неколку месеци... Во растот ништо не сум забележала, но косата ми е дефинитивно поздрава.. А покрај третманите од типот на маски, практикувајте стрижење барем еднаш на 2 месеци.. тоа има сташно добар ефект
@sToBiToBi Па косата ни расте од корен, а шишаме врвови... Глупости фризерски, никогаш не ја разбрав финтата со муабетов Нема да е со метил, ама дека ќе расте со шишање-нема.
Муабетот е дека ако врвовите се оштетени се кинат и се губи на должина.Го имам ова приметено кај мене
Ставив издробени до прав Б комплекс таблети во мојот шампон, но ја промени бојата. Од светло виолетова постана жолт. Нормално ли е толку боја да испуштаат таблетите?
Искрено, и јас не ја разбирам, ама кога почнав да се стрижам почесто навистина побрзо почна да ми расте косата..Можеби така ми се чини, не знам што да кажам... И штом сите најчесто го кажуваат тоа ваљда има нешто што е вистинито..
Можеби, јас 2 пати годишно ја шишам и само така можам да ја пораснам уствари Сега со рузмарин и чичково уље ќе ја третирам, мора да биде долга и квалитетна!
Дали некоj има пробано со мерц апчиња? Читав дека биле за раст на косата и дека биле ефикасни. Ако има пробано некој нека сподели искуство со нас.
Јас имав проблеми со ноктите ми ги препишаа. Да, ми се управија ноктите а и апетит колку се отвори. Страшно 8 кг накачив. За косата ништо не осетив јас.
Фала многу што го сподели ова со нас а за ноктите јас користам лак Евелин има разни јас користам за зацврстување на ноктите а и растат од ДМ околу 150 денари е и задоволна сум.
А зошто ставате Б комплекс апчиња во шампон? Не е подобро ампули? Истите состојки би требало да ги содржат и ампулите. Баш ме интересира дали има разлика, нека објасни некој што се разбира. Јас користам шампон од коприва (обичен, литарски) и внатре имам ставено B1, B6 и B12 ампули, рицинусово масло, AD капки, пантенол раствор и капки од коприва. Го користам два месеци и многу сум задоволна.
Девојки ви ја препорачувам маската од квасец и мед да ја пробате за побрз раст на косата и сјај. Јас ја користев неколку пати и стварно има ефект плус косата не мириса и не се мрси како со шампонот со ампули. Пишете на гугл маска од квасец и ќе ви излезе рецептот и потоа кажете дали ќе забележите подобрување. ☺
Бидејќи прочитав само за третмани со масла и маски, а од апчиња видов само за мерз и фитовал, би сакала да прашам дали има некој искуство со некои други апчиња?
Јас имам искуство со Пантенол таблети. Задоволна сум од нив. Ми помогнаа за зацврстување на ноктите, а кај косата не смао што ми делуваа на растото, туку и ми се намали паѓањето на косата и целата ми делуваше побујна и поздрава. Ги пиев околу шест месеци а притоа не ми делуваа на апетит нити на здебелување. Додека ги пиев апчињата ставав и раствор од пантенол на косата па може и тоа помогна....