http://www.jaka80.com.mk/proizvodi/item/2-lekovi-bez-recept/49-panthenol eve informacija za pantenol tableti i da taka im e imeto PANTENOL
после еден месец користење на рицинусово масло можам да кажам дека косата ми порасна минимално ко и секогаш.вие сте користеле ли и имало ли резултати?
Еден како ниеден. Треба повеќе време да го користиш, ако не влијае на растот, на квалитетот на косата сигурно ќе има влијание.
На времето кога го користев шампонов бидејќи ми опаѓаше косата, ненормално брзо ми растеше. Буквално за џабе се шишав и затоа прекинав да го користам. Доста ефикасен е и исто така ефтин.
Колку го зема и од каде? Колку цм во месец ти има пораснато? И колку пати во неделата треба да се мие косата со шампонов?
Не се сеќавам точно колку беше но повеќе од 200 ден. сигурна сум дека не е. Го има по големиве маркети исто така мислам дека и во аптеките го има. Обичен шампон е, се миеш околку пати колку што си ја миеш косата во текот на неделата.
Дали некоја го користи шампонот со лук на Фармаси? Денес прочитав една објава на Фејсбук како на некоја што го користи шампонот многу и почнала да и опаѓа косата. Исто повеќе се жалеа на истата објава. Низ групиве по Фејсбук гледам многу го фалеа претставниците на Фармаси, очигледно за профит.
Неееее, јас го користам веќе трето шише, шампонот е одличен дури почна косата да ми расте од него, ми паѓаше премногу сега ни влакно ми нема паднато од него... Одличен е шампонот!
Против расцветани врвови и за раст на коса мене најповеќе ми помага маслото од Арган на Dikson. Имав пробано милион препарати, но ова веќе 2-3 години со ред го користам и сум многу задоволна. Не ја мрси косата и ја прави како свила. Плус многу убаво мириса и не е како вода за разлика од др.вида на Argan oils!
Сакав да ја пораснам косава до над задникот, ама бев на фризер, ја направив косава светла кафена, како Дефне слично само што не ми е цела, до пола и морав малку да ја скратам врвовите беа расцветани, ама таа фризерката повеќе ми пресече, и сега сакам да ја растам побргу, дали има некој начин, совет што би можеле да ми дадете за брзо растење? Јас користев таков шампон од Афродита со коприва и со камилица мислам,ама со кромид или со што и да е тој несакам бидејќи несакам миризба на кромид. Сега сакам и поголем волумен, нарачав од Авон таков шампон за волумен.