Шампонот од Афродита е со лук и воопшто не мириса на лук. Парфемизиран е. Тој е добар против опаѓање на косата, но после одредено време ми направи првут, а истото ми се случи и со тој од коприва. Јас би ти препорачала да го земеш овој шампон, го има во сите маркети, 95 денари е. Во него истури цела кесичка Б-комплекс, неколку Д3 капки (ги има во аптека) и се многу мрсни, затоа само неколку и промешај го убаво. Мирисот не е баш пријатен, ќе ти треба маска и за тоа, а и за да можеш да ја расчешлаш. Ова направи чуда на мојата коса, никогаш побрзо не ми растела .
Зависи каква коса имаш. Јас ја користам оваа, имам тенка, кршлива коса и убава е. Косата ја прави многу убава, мека, свиленкаста и лесна за обликување. Бонус, мириса прекрасно. Во Веро ја има, редовната цена и е 250-270 денари, а јас со попуст ја земав 160 .
Рецепти за шампони кои го стимулираат растот на косата: 1. Во еден шампон од коприва Iliria се ставаат 20 истолчени таблети B komplex и ампули од В витамини (В1, В6). Ампулите можат да се стават посебно како единечен витамин или како соединение од повеќе витамини. 2. Исто во шампон од коприва Iliria се става 5% пантенол раствор (капки), В komplex витамини и воден раствор AD3 капки. 3. Во било кој шампон кој го користите, ставете неколку капки масло од рузмарин и кога се бањате масирајте го добро скалпот. 4. Миете ја косата со свински сапун - сигурно некоја од вашите баби има. Рецепти за маски кои стимулираат раст на коса: 1. Масирајте го скалпот со мешавина на масло од рузмарин и маслиново или кокосово масло. 2. Две јајца измешајте ги со 2 големи лажици маслиново масло и малку вода. Нанесете ја оваа смеса на сува коса и оставете да делува барем 30 минути. Потоа измиете си ја косата. 3. Измешајте сок од лимон со кокосово или маслиново масло. Нанесете на цела коса и оставете да делува до 45 минути. 4. Како најефикасна варијанта ја издвојувам оваа што ми ја кажале моите баби: Исцедете неколку слоеви од кромид и сокот ставете го на скалпот да делува 10-15 минути. Ако не можете да поднесете мирис на кромид истово може да го направите со компир. 5. Најчеста моја користена е маска од кокосово масло. Можете да ставите сок од лимон и неколку капки есенцијално масло од лаванда. Оваа маска треба да се остави на косата околу 4-5 часа, јас ја држам на косата цела вечер ама да ве предупредам - миризбата е многу јака. 6. Плакнење на косата со киселина и вода после капење. Ова не го препорачувам за оние кои имаат послабо влакно, бидејќи ја прави косата многу мазна и косата изгледа многу ретка. 7. Со кесичките од зелен чај додека се уште топли масирајте го скалпот и оставете 1 час да впие. 8. Сварете во вода лисја од орев и со течноста плакнете ја косата после капење.
Јас денес баш и кажував на фризерката дека косата пребрзо ми расте, за три месеци веќе ми е под гради, а секогаш ја шишам за над гради нешто поблиску до раменици. А користам само шампон и капки за врвови друго ништо, јас имам густа коса. Мислам дека е до шампонот, бидејќи порано ми требаше од 6 до 12 месеци да ми порасне долга. Буквално ни маска не и ставам бидејќи ми ја сплеткува и ме кубе. Само еднаш месечно и ставам кокосово масло избегнувајќи го коренот. Порано го користев шампонот на Афродита од лук против опаѓање и со него косата ми растеше како луда, се намали опаѓањето но мене ми направи првут да имам и поради тоа го сменив.
За растење на косата многу е важно колку пати неделно ја миеш косата и како ја сушиш. Јас од кога си купив нов фен за коса заприметив дека имам помалку испукани врвови, за разлика кога имав постар фен и за два месеци косата ми беше како слама. Порано многу сакав да правам омбре, сомбре и сите тие модерни стилови. Косата ми претрпе толку многу и многу почна да ми паѓа. Сега сум среќна што ми расте и не планирам да ја третирам со било каква хемикалија. Сакам да пробам нов шампон, но да не ставам апчиња во него. Го имам користено тој од Афродита со лук, не ми се погоди. Читам дека ги фалите шампоните од Калос, па се мислам таков да купам, ама не сакам да се разочарам
Јас уште течно злато да ставам на косава. Немам што немам пробано, од ефтино до најскапо. Од маркет до на интернет реклами за чуда правење. Единствено што навистина ми помага е ладно цедените масла пред капење за да ја регенерирам косата (кои се и најефтини во споредба со скапите препарати). И увидов дека се е до самата коса, до самиот ген. Кај сите е различно и тоа е тоа.
Преспоро ми расте косата, слушам кератинот помагал, дали имал некој искуство до сега? Значи косава ко у зимски сон да влегла хаха
Јас ја имама користено комбинацијава на Калос - шампон и маска, ама друга линија. Мене многу ми одговараа... Единствен проблем е што пакувањата им се големи па траат со месеци и мене ми здосадија... Ама за тие пари пак би ги купила, особено маските за коса
Маските ги имам видено со секој маркет - Жито, Тинекс, Веро, ДМ. Шампонот еднаш го начекав во Тинекс само едно пакување и оттогаш го немам видено.
Здраво,сакам да прашам дали има некој искуство со шампонот за побрз раст на коса од Фармаси? Слушам вака многу го фалат дека бил добар и се двоумам дали да го купам?
Да. Последен пат кога бев во Жито во аеродром видов дека имаат од големите пакувања од 1000мл и мали пакувања..
Jas go poracav .. mnogu mi go falea deka brzo rastela kosa ,ama poefikasen efekt imalo ako se koristi vo kombinacija so maskata za kosa sto e isto od bel luk. Ke vidime kakvi rezultati ke ima. Uste pred nekolku meseci mi go kazaa ama nemav od kade da poracam...Ke vidime kako ke se ponasa
Девојки земав ампули, АД капки и шампон од коприва. Шампонот ми е 1l, ај помош ќе ги ставам сите три ампули, но колку од АД капките се става на литро?