Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.819
    Допаѓања:
    57.878
    Пол:
    Женски
    На 1l колку стави од АД капките може да ми кажеш?
     
  2. shining_star

    shining_star Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    @lost123 еве што се имав ставено во шампонот. Значи сум ставила 30 милилитри AD капки, бидејќи едно шишенце беше 10 милилитри.
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. La_Luna

    La_Luna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да стави слика (пред и потоа) каде што се гледа дека витаминскиот шампон помага? Искрено ви кажувам затоа што скоро три години ја растам косата и што ли не направив за да ја оправам (ми беше до раменици сега ми е речиси до задник) , никаков шампон нема да ви помогне за побрз раст, витамините што ги ставате надворешно на косата и ги миете во рок од 10 секунди џабе ви се, подобро ви е да ги конзумирате. Од пивски квасец имам приметено голема разлика во квалитетот на влакното, разлика се гледа после 2 месеци максимум ако секој ден ги пиете таблетите. Користете шампон без селикони за да дише скалпот и грижете се за врвовите, ставајте често маски и регенератори да не се оштетуваат и да не морате да ја шишате косата многу често. И не претерувајте со фарби, пеглање и фенирање.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MoonHighlight8

    MoonHighlight8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    5.521
    Пол:
    Женски
    За пивскиот квасец потполно се согласувам има голема разлика во косата.. Јас го пијам и гледам разлика и во коса и во нокти :)
     
    На La_Luna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.536
    Допаѓања:
    5.889
    И
    ИМа дејство?
    За колку време?
     
    На shining_star му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Девојки јас го користев шампонот од лук од Афродита и многу ми помогна за косата ,меѓутоа јас додека го користев шампонот еднаш неделно правев маска за коса ,обично правев различни маски најчесто ја правев оваа маска (маска број еден)
    Маска број.1-со едно или две јајца /зависи од должината на косата и бадемово масло и еден цеден лимон ја оставав да отстои по еден два часа и косата ми сјајеше и ми изгледаше беспрекорно.
    Маска број 2-Пасирана банана ,чаша млеко 5/6 капки бадемово масло 1 лажица мед ,млекото го затоплував малце за да може убаво колку медот да се раствори и ја оставав по час два и потоа нормално се мие косата со шампон .
    Маска број.3-Две лажици рицинусово масло една лажица мед едно јајце две лажици кокосово масло,се остава да делува час или два и се мие со шампонот ,јас сум презадоволна од оваа комбинациа освен шампонот афродита и овие маски кој ги правев еднаш неделно косата ми растеше многу брзо и ми беше навистина сјајна и мека.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Кој поточно пивски квасец? Од која фирма?
    И дали се здебеливте?
     
  8. shining_star

    shining_star Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    Косата ја шишав пред да почнам да го користам шампонот и ја скратив некаде до над вратот. Го користев два месеци и ми порасна до рамениците, односно некаде два-три сантиметри над градите. Имам многу нови влакна кај челото и назад зад вратот (не сум баш вешта во објаснување и давање опис, но се надевам дека ме сфаќаш :lol:).

    Проблемот е што мене многу брзо ми се оштетува влакното и морам почесто да ја шишам и затоа не можам да си ја израснам до посакуваната должина. Гледам да не ја оштетувам дополнително, пегла не користам, фен морам да користам зошто ако ја оставам да ми се исуши природно ми се витка и наредната ден не личи на ништо. Користам фен со јонизатор и за разлика од кога користев обичен можам да кажам дека многу помалку ми се оштетува влакното и ми се двојат врвовите, па барем го одложувам малку периодот помеѓу едно до друго шишање на косата.

    Да заштедам :cash: и ќе го направам пак.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MoonHighlight8

    MoonHighlight8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    5.521
    Пол:
    Женски
    Не се здебелив а за тоа и го користам ама сепак гледам промени во коса и нокти :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Salome и shining_star им се допаѓа ова.
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Каде го купи и колку ?
    Бидејки јас користев поинакви таблети од пивски квасец ....
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MoonHighlight8

    MoonHighlight8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    5.521
    Пол:
    Женски
    Во зегин околу 200 и нешто денари
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.444
    Пол:
    Женски
    cena solidna za vakov proizvod. i se ubediv i jas da probam da koristam.mene skoro prestana da mi pagja ama epten mi e proretcena tanka spleskana bez volumen razletani vlaknenca od novite koi porasnale..... a kako se pie?kolku pati na den?
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. La_Luna

    La_Luna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Од Германија е, во дм го има. На друга фирма немам купувано ама би требало секој пивски квасец да е ист, јас наместо од аптека би купила од биокосмос или друга продавница за здрава храна.
    Не се здебелив и не ми се покачи апетитот.

    Заборавив да пишам да не ставате никакви масла или глупи домашни маски, особено не на сува и тенка коса затоа што ќе си ја исушите уште повеќе.
    Арганово масло е океј за суви врвови ако ставате малку на влажна коса (после миење).
    Покрај пивски квасец помага и чај од коприва (ако можете да пиете околу 700мл чај од коприва без шеќер во денот).
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена од модератор: 4 декември 2017
  14. MoonHighlight8

    MoonHighlight8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    5.521
    Пол:
    Женски
    пишува и на пакувањето,3 пати на ден по 1 после јадење
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Girl.Mk

    Girl.Mk Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Имат 5 месеци како ја имам скратено косаата и ич неми растит има користено секакви маски, витамински апчиња ама ништо...имате некоја препорака?
     
  16. Didi 98

    Didi 98 Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Земав таблети пивски квасец
    Косата ми стана опсесија,сакам да ми порасне до половина.Во меѓу време се мијам со шампон од коприва.Само се плашам да не ми зголеми апетит
    Одприлика колку расте коса од пивски квасец?
     
  17. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    14.419
    Пол:
    Женски
    Од ништо не можеш да очекуваш неверојатни резултати преку ноќ ( освен нели ако направиш надградба на косата :) ). Пивскиот квасец може само да го стимулира растот на косата и наместо да ти порасне 1цм, ќе порасне евентуално 1.5 цм. Тоа се должи на б-витамините и фолната киселина што се наоѓаат во него. Значи, може ќе ти помогне косата да ти расте побрзо и да ти е поквалитетна, но не очекувај огромни и веднаш видливи резултати.
     
    На Didi 98 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissMissMiss

    MissMissMiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2017
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми каже зошто се ставаат во шампонот билни капки од коприва зошто на Алкалоид прочитав дека тие се употребуваат за подобрување на функцијата на уринарните патишта, за подобрување на функцијатс на зглобовите и за алергии?
     
    На navyforever му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Starlover

    Starlover Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2017
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Каде можам да го најдам шампонот од лук на Афродита?
     
  20. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Не знам точно во која тема читав за шампонот на Афродита со лук, го купив и навистина доста ми има пораснато откако почнав да го користам. Но многу брзо ми се мрсеше и ме чешаше главата. Сега го земав Афродита со коприва и пантенол па ќе видиме како ќе се покаже :)