Девојки, после повеќе од 2 месеци користење на шампонот со б ампулите можам да ви кажам дека сум изненадена до неверување. За 2 недели косата престана целосно да ми опаѓа (главна причина беше и да го направам овој проблем), после месец дена користење да се види голема разлика во растот. Кога почнав да го користам ја ишишав убаво да исфрлам се оштетено што имав, единствен негативен дел е кај мене што максимум на 3 ден мора да ја миам зошто почнува доста да ми се мрси. Ова е од мое лично искуство, ќе го користам уште еден месец па после цел месец пауза ќе правам по препорака на фризерката.
Можеш да ми пишеш во каков шампон ги ставаше ампулите и точен рецепт за соодносот. Последниве години 3 пати пробувам да го стимулирам растот на косата со помош на шампонов, ама без успех. Можеби грешам некаде... Фала
1литар шампон од коприва Б2 Б6 Б12- од сите 3 ампули ставив по 3, значи севкупно 9 а+д3 капки- воден раствор (цело) пантенол-пола од него
@lost123 многу ми е мило што и ти имаш позитивно искуство од шампонот. @Avery и јас го користев истиот шампон и повеќе пати имам пишувано на оваа тема за истиот. Познат е и под името Бојанин шампон и беше многу фален низ спрските форуми и блогови. Правилниот рецепт е овој: 750 милилитри шампон од коприва; 100 милилитри пантенол раствор; 50 милилитри рицинусово масло; 30 милилитри билни капки од коприва; 30 милилитри АД капки на водена база. Се се меша и пред секоја употреба се протресува зошто се двои маслото од шампонот. По желба можеш да ставиш и Б витамини, јас ставив Б1, Б6 и Б12, од сите витамини по две ампули. Друго откритие да споделам со вас, шампонот со лук од Фармаси. Многу се двоумев дали да го порачам бидејќи прочитав доста негативни искуства, но љубопитноста беше поголема. Презадоволна сум, опаѓањето ми е намалено за 90%, веќе растат нови влакна и со оглед на тоа што имам виткана коса која многу се плетка, ова е првиот шампон што го имам користено, а да можам косата да е исчешлам без претходно да ставам регенератор или маска. Си нарачав и второ шишенце, а планирам да ги купам и сапунот и маслото од истата колекција. Спојлер: Шампон за побрз раст на косата
За капките од коприва ме предомисли аптекарката дека шампонот бил од коприва и не било потребно. За рицинусово не знаев, останатито е исто. Сепак ефектот од сето ова е голем. Јас од ова не очекував ни 50% кога го правев. Би го препорачала на секој
@lost123 @shining_star фала ви многу. Мене косата ми е многу густа, немам проблем со опаѓање. Но, забележав дека престана да ми расте, а порано ми растеше “ко луда” Ќе пишам каков ефект ќе имам со шампонот
Освежи ги врвовите т.е шишај се пред да почнеш со шампонот. Оштетеното фрли се, ќе ти порасне многу побрзо.
@Snow-Star еве цела тема околу шампонот Имаш различни рецепти, но еве јас како го направив: отурив малку од шампонот од сликата(250мл) и во него ставив 2/3 шишенце пантенол, 1 шишенце ад- воден раствор, пола шишенце рицинусово масло и по 2 ампули од б1, б6 и б12. Добро се меша шампонот и станува доста течен. Кога се мијам коса оставам да делува 5-10 мин пред да исплакнам, а потоа ставам регенератот. Нареден пат, наместо шампон од коприва, се мислам да земам некој природен шампон од Алверде и да додадам капки од коприва и останатите работи.
@shining_star изгледа јас сум од тие што имале лошо искуство со шампонот на Фармаси. Откога почнав да ја мијам косата со него, почна да ми опаѓа уште повеќе. Си викам може до мене е ќе ја прашам колешката, зашто и двете си порачавме во исто време и истиот резултат и кај неа
zarem n eti ja mrsi kosata? so ogled na toa deka ima maslo vo samponot. ova da go napravis kako maska pa so sampon da se izmies mi e nekako poprifatlivo
@poker_face, а само шампонот го користиш или и маската? Мене од маската ептен ми паѓа косата, а од шампонот не, напротив низ цела коса имам и нови влакна веќе излезено. Планирам да искористам три шишиња, па да се префлрам на Алпецин. Да напоменам дека кога почнав да го користам шампонот и мене ми опаѓаше повеќе од вообичаено, сега нормално неколку влакна кога ја расчешлувам.
Само шампонот. Може 10тина пати се измив и после тоа престанав да го користам од страв и се префрлив на коприва од Илирија.
Жал ми е што имаш такво искуство. А да пробаш да ставиш Б1, Б6 и Б12 витамини во ампули во шампонот од коприва? Вака секако нема да имаш негативен ефект, може да е само позитивен. И плус да земаш Б-комплекс апчиња. Мене и оваа варијанта ми се има покажано како доста успешна.
Ставив веќе, а купив и уште еден шампон во меѓувреме па сега тој го користам и добро е опаѓањето ми се намали значително.
Земав на Афродита од лук, тој ми го препорачаа. И купив работи според рецептот на @lost123 : 1литар шампон од коприва Б2 Б6 Б12- од сите 3 ампули ставив по 3, значи севкупно 9 а+д3 капки- воден раствор (цело) пантенол-пола од него Кај мене е 1л шампон од лук, Б1 (не Б2) Б6, Б12 од сите по 3, а+д3 раствор, пантенол. Сега само да ми објасните како да ја направам смесата пошто очигледно во шишево нема да ја собере и како да ја користам? Само овој шампон, да не мијам втор пат со тој стандард што го користам - Нивеа? Регенератор?
Извади мал дел од шампонот, со игла извади ја течноста од ампулите и стави ја во шампонот. Потоа додади ги и останатите работи, и се тоа убаво промешај го. Јас веќе следниот ден одма почнав да го користам и резултатите ми одлични. Исто, само овој шампон по можност користи го, но ќе мораш и некоја маска да ставаш да ти ја омекне косата и да не ти биде груба.