Извини што упаѓам, ама и јас го користам шампонов со мапулите па ќе ти одговорам Убаво затвори го и протреси го Ќе се измешаат состојките
@CameliaMiller , и јас ја користам оваа "смеса" веќе една недела. Кога мешав, во пластична чаша пртходно истурив од шампонот, а ампултите заедно со се друго во шишето. После дополнив малце од шампонот во чашата за да биде полно шишето. Остатокот го истурив во шампонот на татко ми, затоа што и тој користи шампон од коприва, па да не заврши во канта. Околу мешањето, само го протресуваш шишето. Исто како тепрак сок или јогурт.
@CameliaMiller само внимавај кога ќе го користиш шампонот за прв пат. Доста е течен поради пантенолот и капките. Јас скроз заборавив на тоа и пола шампон ми се отури во рака Сега дозирам во капачето Знам дека советов ми е ама да те предупредам да не ти отиде шампонот на прво миење (ко мене )
Ќе извадиш мал дел да ти ги собере сите работи, ќе затвориш и каако јогурт ќе потресеш убаво да се соедини се. Аптека, сите три ти се околу 50 денари заедно.
Јас овој шампон го користам,внатре клавам Б комплекс апчиња,друго ништо.И за месец ипол имав резултати.
денес бев во аптека да земам рицинусово масло и наидов на флаер со рекламација на овие шампони следен пат би ги пробала пишува дека се 250 ден.
Сакам да прашам за Алпецин,дали некој има користено и дали помага? Исто ме интересира за цената и што е подобро дали шампонот или таа течноста што се става на водена коса,или пак треба и двете да се користат за подобар ефект?
@TrippyMolly Најдобро е двете. Јас имам позитивно искуство со нив, но откако ги прекинав, по некое време, пак си паѓаше косата. Инаку, цената е околу 500 ден., и на шампонот и лосионот.
Здраво дами , Молам за совет....Цел живот имам долга и густа коса, но последниве 3 години кога ке се погледнам во огледало како проќелава си делувам.... Од горе кога се гледам како нафрлени влакна да имам по главата дајте совет ме фаќа паника
Некоја да не ги има користено производите што ги рекламира Лила? Искуства?! *Се забележува голема промена кај нејзината коса.
И мене ме интересираат овие, ми изгледаат привлечно. Но освен реклама, некоe искуство немам начекано. Можда би пробала, зависи од цена....знае некој како се цените?
Шампонот 445 ден., ампулите 1200(месечен третман). А, за ефект, гледајќи ја Лила, бога ми,има видлива разлика.